СВОТ-АНАЛИЗА ЗА СРЕДНОРОЧНО ПЛАНИРАЊЕ НА ОДРЖЛИВ АГРОСЕКТОР

СВОТ-АНАЛИЗА ЗА СРЕДНОРОЧНО ПЛАНИРАЊЕ НА ОДРЖЛИВ АГРОСЕКТОР

Развојот на одржливо земјоделство бара спроведување на оправдана, од гледна точка на целите, и доследна, во однос на мерките, долгорочна секторска политика, бидејќи треба да биде своевремено актуелна во согласност со применетите услови и можности за нивно поместување, но да има релативно стабилен карактер, кој дозволува последователни дејства за подолг период. За искористување на откриените можности поврзани со пораст на побарувачката за храна, како и интеграција во европското земјоделство, македонското земјоделство треба да ги искористи своите јаки страни, а истовремено да ги надминува своите слабости, како и да ги неутрализира претпоставените опасности.

Постигнувањето на предвидената цел, бара да се пресретнат идентификуваните потреби на развој, што на најопшт план покажува реализација на потенцијалот на македонското земјоделство и прехранбената индустрија преку градење животоспособни одржливи земјоделски стопанства, интензивен и ефективен трансфер на знаења и иновации, како и целосно, но одржливо користење на производните фактори: земја, труд и капитал и производството на квалитетни производи со високо додадена вредност.

Стратегиските приоритети за развој можат да се обединат во 5 групи: развој на земјоделските стопанства; трансфер на знаења и иновации; одржливо управување на природните ресурси; интегрирање на земјоделските производители во прехранбен синџир; промовирање на производот со високо додадена вредност во прехранбената индустрија.

Со таканаречената свот-анализа може да се идентификуваат најважните внатрешни (јаки и слаби страни) и надворешни (можности и опасности) фактори , кои ги дефинираат сегашната и идната состојба на објектот како претпоставка за создавање стратегија за постигнување одредена цел.

Најважни слаби страни се:

Ø низок степен на користење на производните фактори во земјоделството – земја, труд и капитал, поради технолошки менаџерски и пазарни слабости;

Ø енормна уситнетост на користените површини на земјоделското производство;

Ø недоволна искористеност и лошо менаџирање на системи за наводнување; отежнат пристап до пазарот поради неразвиена производна и пазарна инфраструктура – откупни пунктови, складишта, магацини и др.;

Ø недостиг од дефицитарни производи на пазарот, особено преработени со специфични национални квалитетни карактеристики;

Ø доминација на непреработени производи со мала додадена вредност во извозот;

Ø недостига диверзификација на економската активност во земјоделските стопанства;

Ø недоволна врска на производителите со пазарот поради слабо развиени локални пазари и директна продажба;

Ø неспособност на производителите да одговараат на барањата на трговските синџири за количества и квалитет на производите.

Големиот број слабости во македонското земјоделство може до голем степен да се ублажи со релативно добри можности, кои во иднина треба да се користат како што се следните:

Ø се очекуваат подобри цени поради перманентен пораст на побарувачката на храна и земјоделски суровини;

Ø расте побарувачката на производи со гарантиран квалитет и потекло; расте побарувачката на органски земјоделски производи;

Ø стабилизирање на земјоделските стопанства и консолидација на земјоделската површина;

Ø полесен пристап до постојни и нови знаења и технологии во очекување на преговори со ЕУ;

Ø развој на научно-истражувачки институции и истражувања и на информатичко-комуникациски технологии; нов пристап кон мултифункционалната улога на земјоделството и доставување на општествените услуги вклучувајќи ги и сврзаните со климатските промени;

Ø пораст на значењето на развојот на традиционалните производи.

Обидот да се откријат и да се предупреди на опасностите треба да има позитивно влијание на идниот развој, а опасностите се главно следни: големиот број ситни земјоделски стопанства имаат сосема слаби можности за модернизација и пристап до пазарот; бавен од на структурни промени поради недефиниран пазар на земјоделското земјиште; загуба на стручна (квалификувана) работна сила поради ниско плаќање на трудот и услови за живот во руралните реони; штетно влијание на климатските промени и неспособност на секторот да ги ублажи последиците; отсуство на целна поддршка на долгорочни инвестиции за модернизација и градење ладилници, хидромелиорации, развој на сточарството и др.; неспособноста на агрокомплексот да се приспособи кон процесите на глобализација; пораст на притисоците врз природните ресурси и загуби на земјоделски површини.

Свот-анализата е ориентирана кон формулирање среднорочно видување на предвидените цели – градење (развивање) на одржливото производство кај полно искористување на потенцијалот на земјата.

Васко Ристовски

Васко Ристовски
самостоен советник во Стопанска комора на Македонија