ИЗМЕНА НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА НАЧИНОТ НА ЗАПИШУВАЊЕ, ПРОМЕНАТА, БРИШЕЊЕТО, ПОТРЕБНАТА ПРИДРУЖНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ, НАЧИНОТ ЗА РАКУВАЊЕ, УПОТРЕБАТА, ОБЈАВУВАЊЕТО И ЧУВАЊЕТО НА ПОДАТОЦИТЕ ОД ИНФОРМАТИВНИОТ СИСТЕМ ЗА ЕВИДЕНЦИЈА НА ТУТУН („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 38 ОД 14 ФЕВРУАРИ 2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 8 став 5 од Законот за тутутн, производи од тутун и сродни производи (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19 и 27/20), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе

- Правилник за изменување на Правилникот за начинот на запишување, промената, бришењето, потребната придружна документација за запишување, начинот за ракување, употребата, објавувањето и чувањето на податоците од информативниот систем за евиденција на тутун

Со измената на Правилникот за начинот на запишување, промената, бришењето, потребната придружна документација за запишување, начинот за ракување, употребата, објавувањето и чувањето на податоците од информативниот систем за евиденција на тутун („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 203/19) се уредува дека при склучување на договорот за производство и откуп на тутун од тековна реколта за запишување на податоците во ИСЕТ се користат податоците од важечка лична карта или пасош и ИДБР на производителот на тутун.  Овој правилник влегува во сила со денот на објавувањето во “Службен весник на Република Северна Македонија


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје