ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 232 ОД 8 НОЕМВРИ 2019 ГОДИНА)



Со Законот за изменување на Законот за данокот на добивка се врши зголемување на износот на вредноста на ваучерите кои се доделуваат на спортските субјекти од страна на Агенцијата за млади и спорт, а преку кои се врши донирање на финансиски средства од страна на правните лица во спортските субјекти и се користи даночното ослободување. Износот на вредноста на издадените ваучери врз основа на кои обврзниците го остваруваат правото на даночно ослободување се зголемува од 6 милиони евра на 10 милиони евра годишно.

Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето вo „Службен весник на Република Северна Македонија“.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје