ПРЕДЛОГ-ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ



Со измените и дополнувањата на Законот, се додава нова одредба која се однесува на вистинските сопственици на првани лица во државна сопственост и гласи: Вистински сопственик на правно лице во државна сопственост е лицето кое управува или раководи со органот на управување на правното лице во државна сопственост.

Одредбата со која се пропишани податоците кои се запишуваат во Регистарот на сопственици се менува и гласи:

Во регистарот се запишуваат следните податоци:

а) податоци за правниот субјект: назив, седиште, ЕМБС и даночен број, датум на основање и бришење на деловниот субјект, кои по службена должност и автоматски се преземаат и евидентираат од единствениот трговски регистар и регистарот на други правни лица,
б) податоци за вистинскиот сопственик: име и презиме (лично име), единствен матичен број или друг идентификациски број, адреса на живеалиште, односно престојувалиште, датум на раѓање, даночен број, државјанство кои по службена должност и автоматски се преземаат и евидентираат од Централниот регистар на население, со внесување на единствениот матичен број на граѓанинот, за граѓани на Република Македонија кои живеат во државата или во странство, како и странски државјани со уреден престој во Република Македонија подолго од 1 година или се внесуваат од страна на подносителот за странски државјани;
(в) податоци за сопственоста.

Администраторот на регистарот го води и управува регистарот на начин што:

- покрај последниот статус на податоците за вистинските сопственици, исто така се чуваат сите претходни записи, измени на податоци и бришење според времето и видот на настанот и
- податоците во регистарот се достапни десет години по бришењето на правниот субјект од надлежен регистар.

Меѓу другите предложени измени, со Предлог – законот се ревидира казнената политика и прекршочните одредби во Законот се усогласуваат со Законот за прекршоците. Исто така Законот се усогласува со Законот за електронско управување и електронски услуги (Службен весник на РСМ бр.98/2019). Воедно се вршат и одредени допрецизирања и технички исправки.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје