РАДЕ КОНЧАР КОНТАКТОРИ И РЕЛЕИ - СКОПЈЕ

   

👁 Прочитано: 164


РАДЕ КОНЧАР КОНТАКТОРИ И РЕЛЕИ - СКОПЈЕ
Почетоците на фабриката датираат од 1948 година со така наречената работилница ЈУГ за поправка и одржување на индустриски капацитети. 15 годни подоцна, во 1963 година доаѓа до интеграција со сложената организација Раде Кончар - Загреб.

Од тогаш се формира и Раде Кончар Контакрори и Релеи како оддел за производство на нисконапонска опрема, односно производство на контактори и биметални релеи. Во склоп на сложената фабрика од Загреб, Раде Кончар Контактори и Релеи е една од најуспешните компании, што резултира со нови инвестиции во висина од 4.000.000 долари. Низ годините, Раде Конар Контактори и Релеи остварува значајни професионални достигнувања. Како позначајни успеси во работењето се:

* 1965 г. - Произведена првата серија на контактори CN - под лиценца на Сименс
* 1980 г. - Производство на нова серија контактори CNM
* 1989 г. - Произведена прва серија на Биметални Релеа TRM
* 1997 г. - Раде Кончар Контактори и Релеи се издвојува како посебно друштво
* 2000 г. - Произведен нов програм на гребенасти прекинувачи BS/PS
* 2005 г. - Нов производ НН Компактни прекинувачи
* 2008 г. - Нова серија на контакктори CNN
* 2009 г. - Нова серија на биметални релеи TM
* 2010 г. - Производство на нова серија кондензаторски контактори CNNK
* 2014 г.- Развиен систем за компензација на реактивна енергија и систем за мониторинг и менаџирање на електрична енергија

Производите на Раде Кончар Контактори и Релеи ДОО Скопје се вбројуваат во нисконапонска склопна опрема и вклучуваат AC-DC контактори од 9A до 400A, еднофазен и трифазен напон, биметални релеи, гребенасти прекинувачи, нисконапонски контактни прекинувачи, типкала и индикатори, осигурувачи и друго. Овие производи се произведуваат во стандардна конфигурација и во посебни изведби по барање на клиентот, благодарение на нашето прилагодливо производство.

Дополнителни дејности се проектирање и дизајнирање на системите во склоп на одделението за енергетска ефикасност како Систем за компензација на реактивна енергија, Систем за управување со електрична енергија; и Систем за интелегентно улично осветлување. Исто така поседува комплетна линија за производство на регистерски таблици и табли за имиња на улици и нумеризација на објекти.

Компанијата е комплетно заокружена деловна целина со 5 сектори (Производство, Комерција, Надворешна трговија, Финансии и Технички сектор), и 8 производни оддели (Пластика, Намотки, Котви и јадра, Контакти, Машинско, Галванизација, Регистарски таблички, Монтажа) кои работат синергиски, во простор од 42.000 м2 (50% од кој е покриен - производни хали, управна зграда, магацини).



Главни регионални пазари се: ЕУ, поранешните југословенски републики, пазарот на поранешниот Советски Сојуз и земјите од Блискиот Исток, а главни поединечни извозни пазари се: Шпанија (13,1%), Турција (11,9%) и Србија (7,5%). Дел од производите се пласираат во прекуокенаските земји (Мексико, Малезија, Аргентина и др.). Компанијата ги поседува и соодветните сертификати за квалитет. Во рамки на разговорите што ги реализиравме при постеата на компанијата и средбата со управителот на фирмата Ана Киријас, беше посочено дека конкурентноста на нивите производи кои се 80% извозно ориентирани може да биде уште поголема доколку се корегираат одредени царински стапки за репроматеријали кои ги користат. За оваа цел компанијата во соработка со Комората во периодот што следи ќе преземат активности со цел излегување во пресрет на барањата на членките.    

Перо Авакумовски