ЦЕЛИ 40 ГОДИНИ БУЧИМ ИНВЕСТИРА ВО РУДАРСТВОТО И ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНОТО РАБОТЕЊЕ

   

👁 Прочитано: 305


ЦЕЛИ 40 ГОДИНИ БУЧИМ ИНВЕСТИРА ВО РУДАРСТВОТО И ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНОТО РАБОТЕЊЕ

Оваа година, Рудникот за бакар и злато „Бучим“  одбележува 40 години од почетоците на редовната работа, 15 години од неговото рестартирање од страна на инвеститорот “Солвеј“ и 90 години од прославувањето на 28 Август како ден на рударите во државава.

ЦЕЛИ 40 ГОДИНИ БУЧИМ ИНВЕСТИРА ВО РУДАРСТВОТО И ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНОТО РАБОТЕЊЕ

Прашањата поврзани со улогата на рударството, како една од стратешките гранки на македонската економија, предизвиците поврзани со спроведувањето на највисоките меѓународни стандарди за заштита на животната средина и за безбедност и здравје при работа, како и натамошните развојни политики на рудникот беа предмет на разговор при остварената посета на рудникот од страна на д-р Елена Милевска Штрбевска, главен советник на УО за правни прашања во Стопанската комора на Македонија и м-р Анета Трајковска, оперативен директор на Комората, со раководството на рудникот, г-дин Николајчо Николов, заменик-генерален директор и Василиј Борутскиј, генерален директор.

Менаџментот на рудникот ги презентираше активностите за отворање на лежиштето „Боров Дол“, за кој е реализирана инвестиција во вредност од 60 милиони евра, при што кон крајот на јули 2020 година е предвидено да почне испораката на руда од „Боров Дол“ до отворениот склад на „Бучим“ и понатамошна преработка преку флотација до бакарен концентрат, со што е обезбедена работата на комбинатот најмалку во следните десет години.

Рудникот за бакарна руда “Бучим” со редовна работа започнува во 1979 година по период на повеќегодишни истражувања на бакарните минерализации во рудниот реон Бучим – Дамјан - Боров дол, но успесите се поврзани, пред се’, со периодот од 2005 година кога успеа да се рестартира и да се обнови, успешно работејќи веќе 15 години. Секојдневната грижа за

ЦЕЛИ 40 ГОДИНИ БУЧИМ ИНВЕСТИРА ВО РУДАРСТВОТО И ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНОТО РАБОТЕЊЕ“Бучим“ во досегашното работење перманентно остварува позитивни резултати и сеуште е единствен рударски комбинат во државава кој се занимава со ископ и преработка на бакарна руда. Во изминатите петнаесет години, рудникот од продажба на своите производи има остварено приходи во износ од 627,7 милиони евра, и трошоци во износ од 481 милиони евра, при што остварена е добивка пред оданочување во износ од 146,9 милиони евра. Рудникот во изминатите петнаесет години ги исполнува сите законски обврски  за своите 650 вработени и, како што нагласува и раководството на рудникот, како општествено одговорна компанија, постојано води грижа за заштитата на животната средина и унапредување на регионалниот развоj, како и за што поголемо производство и правилна експлоатација на и онака малите рудни резерви и ниската содржина на бакар.

Од предвидените резерви на рестартирањето со работа на рудникот „Бучим“ во 2005 година, кои изнесуваа 24,8 милиони тони, до крајот на оваа година се планира да бидат експлоатирани 66 милиони тони бакарна руда, без никакво нарушување на стабилноста на коповите. Во флотацијата без посебни инвестиции, зголемена е преработката на бакарната руда од проектирани 3,85 на 4,5 милиони тони на годишно ниво.

Рудникот „Бучим“ во континуитет, а особено во текот на изминатите 15 години остварува прилично високи производни резултати, иако производството се одвивало во различни општествено-економски односи. Истовремено, Бучим е една од 100-те најголеми извозни компании во државата и активна долгогодишна членка на Стопанската комора на Македонија. Заменик-генералниот директор Николајчо Николов активно учествува во работата на Комората и тоа како претседател на Македонската асоцијација на рударството, но и како член на Управниот одбор и на Собранието на Комората во изминатите три мандатни периоди.

Д-р Елена Милевска Штрбeвска