Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
ВО ПОСЕТА НА КОМПАНИИТЕ
08.11.2019 👁 Прочитано: 247

ОПТИМИЗАМ И ПОСВЕТЕНОСТ ЗА ПОДОБРИ РЕЗУЛТАТИ - ПРОБЛЕМИТЕ ПОСТОЈАТ ЗА ДА СЕ РЕШАВААТ


Претставници на Стопанската комора на Македонија, Љупка И. Самарџиска, виш советник во Стопанската комора на Македонија, одговорна за работата на Здружението на хемиската индустрија и м-р Анета Димовска самостоен советник во Комората, остварија работна посета со д-р инг. Дарко Милошевски геренален директор на компанијата МИЛОШЕВСКИ ХЕМ од Скопје.

На средбата претставниците на Комората беа информирани за клучните активности кои МИЛОШЕВСКИ ХЕМ ги превзема во насока на зголемување на нивното присуство на македонскиот пазар, како и со предизвиците со кои се соочуваат во секојдневното работење.

МИЛОШЕВСКИ ХЕМ од Скопје е компанија која е основана во 2003 година и првенствено се занимава со  трговија на големо со хемикалии и опрема, како и со производство на специјални хемикалии, консалтинг и инженеринг во областа на хигиената во сите области од прехранбената индустрија, индустријата за пијалаци и професионалната хигиена. Повеќегодишното искуство, високиот квалитет на производите, како и беспрекорната техничка поддршка, изработка на концепти и решенија, придонесуваат МИЛОШЕВСКИ ХЕМ до денес да прерасне во лидер на македонскиот пазар во областите на апликативната професионална хигиена.

Компанијата е генерален увозник и дистрибутер за македонскиот пазар на професионални средства за чистење и дезинфекција од познатата германска компанија Werner&Mertz Professional, како и ексклузивен увозник и дистрибутер на германската компанија TENSID CHEMIE GmbH, специјализирана за производство на средства за чистење и дезинфекција, како и за средства за подмачкување транспортни траки во индустријата за пијалаци, влучувајќи ги индустриите за млеко и млечни производи, винарската индустрија, пиварската индустрија, индустријата за сокови и минерална вода, како и за алкохолни пијалаци.

МИЛОШЕВСКИ ХЕМ е увозник и дистрибутер на македонскиот пазар за професионални машини од програмата на NILFISK за чистење и одржување на хигиената во хотели, индустријата, болниците, маркетите, трговски центри, плоштади, улици итн., увозници се и дистрибутери на професионален алат и четки за чистење во сите области на прехранбената индустрија и професионалната хигиена од познататите германски компании HAUG BURSTEN и VERMOP, како и дистрибутер на американските  производи PURELL и GOJO, за лична хигиена.

Во делот на хигиената, МИЛОШЕВСКИ ХЕМ е генерален диструбутер на брендот Papernet од Италија кој има широка палета на хигиенски хартиени производи и опрема за истите. За одржување на професионалната хигиена на текстилните материјали, соработката е проширена во Белгија со брендот Christeyns N.V.

За средствата кои ги дистрибуира на македонскиот пазар, компанијата поседува соодветни сертификати за квалитет, комплетна техничка документација, како и решенија на биоцидите за пуштање во промет од овластените македонски и европски институции.

МИЛОШЕВСКИ ХЕМ, редовно се едуцира и се информира за тековните достигнувања во врвната хигиена, како и за примена на нови средства,  опрема и технологија и се труди истите да ги донесе поблиску до македонските клиенти.

На средбата реализирана во просториите на оваа млада и перспективна домашна компанија, како од страна на д-р инг. Дарко Милошевски беа посочени области во кои постои простор за подобрување на состојбите. Тоа се, пристапот до финансии, во смисла на потребата од средства по поволни каматни стапки за ширење на бизнисите, подобрување на постапките кои се однесуваат на јавните набавки, во делот на дефинирање на прецизни критериуми за квалитет за кој понудувачот треба да понуди цена во тендерската документација, подобрување на некои од процедурите кои се однесуваат на увозно-извозните постапки и намалување на парафискалните давачки. Д-р Милошевски посочи и дека недостигот на соодветно квалификуван кадар е сериозен предизвик за компанијата.

Од страна на претставниците на Комората беа потенцирани приоритетите на Комората за следниот период и подготвеноста на Комората за координирање на активностите во насока на презентирање на барањата пред надлежните институции.

Љупка Илиевска Самарџиска
М-р Анета Димовска

ОПТИМИЗАМ И ПОСВЕТЕНОСТ ЗА ПОДОБРИ РЕЗУЛТАТИ - ПРОБЛЕМИТЕ ПОСТОЈАТ ЗА ДА СЕ РЕШАВААТ