Семинар / 22.11.2019

МОТИВИРАЊЕ И ПОТТИКНУВАЊЕ НА ГЕНИЈАЛНОСТА КАЈ ВРАБОТЕНИТЕ

Стопанска комора на Македонија


   

Еднодневна тренинг обука на тема:

МОТИВИРАЊЕ И ПОТТИКНУВАЊЕ НА ГЕНИЈАЛНОСТА КАЈ ВРАБОТЕНИТЕ

22.11.2019 година (петок)
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Во животот и на работното место секојдневно се соочуваме со препреки, загуби, негативни луѓе и разочарувања кои влијаат на нашето ниво на мотивација и позитивна енергија. На овој тренинг ќе разберете како генијалните и најмотивираните луѓе во светот се справуваат со овие предизвици и кој е природниот начин да останеме мотивирани и со позитивна енергија. Предавањето се базира на откритијата на д-р Алфред Бариос, клинички психолог на УКЛА (UCLA), САД, кој има откриено дека сите успешни, високо мотивирани луѓе или генијалци имаат 24 заеднички карактеристики кои секој еден од нас може да ги вгради во својот карактер.    

За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 22 ноември 2019 година организира еднодневна тренинг обука на тема: „МОТИВИРАЊЕ И ПОТТИКНУВАЊЕ НА ГЕНИЈАЛНОСТА КАЈ ВРАБОТЕНИТЕ“.

За кого е наменета  тренинг обуката?

Тренинг обуката е приспособена за претставници на бизнис заедницата од линиски, среден и врвен менаџмент кои сакаат да развијат вештини за тоа како да се мотивираат себеси и луѓето во својот тим. На обуката присутните ќе научат како да прекинат да се саботираат самите себе и својот успех со тоа што ќе научат како да го искористат сиот свој потенцијал. Тренинг обуката се базира на откритието на д-р Бариос дека генијалноста не е генетски предодредена, туку може да се развие кај секој поединец кој е подготвен да се подобри. 

ПРОГРАМА:


I Модул  
• Кој е природниот начин да сме мотивирани?
• Како да го поттикнеме најдоброто во нас и во другите?
• Од што зависи самодовербата и сигурноста?

II Модул
• Како да излеземе од комфорт зоната и да го
  ослободиме потенцијалот?
• Како да ги поставиме целите и што е најзначајно
  за да ги постигнеме?
• Како да ги гледаме животот и работата како игра? 

III Модул
• Како вработените да преземат иницијатива?
• Како да ги задржиме оптимизмот и ентузијазмот?
• Како да  ги совладаме стравовите и стресот?

IV Модул 
• Оправданија и себесаботирање;
• Подготвеност да се ризикува;
• Како да ја креираме иднината која ја сакаме?


Придобивки од тренинг обуката:
• зголемена мотивација;
• ентузијазам и оптимизам за работата и животот;
• зголемен фокус и концентрација;
• препознавање и оттргнување на оправданијата кои водат кон себесаботирање и саботирање на тимот;
• зголемена иницијатива кај вработените;
• зголемена контрола и одговорност;
• променети ставови и гледишта за животот и работата;
• зголемена ефективност, организираност и постигнати цели;
• зголемена сигурност и самодоверба;
• тимски дух.

Предавач:
-д-р Жарко Костиќ, доктор по медицина, мотивациски говорник и тренер за личен развој. После дипломирањето на Медицинскиот факултет, својот интерес го насочува кон тоа како да го зголемиме умствениот и духовниот потенцијал, а со тоа и како да ја зголемиме мотивацијата и како да го редуцираме стресот. Токму на овие и слични теми д-р Костиќ има одржано над 2000 предавања и учествувал во над 300 тв и радио емисии, а воедно е и автор и водител на мотивациската ТВ емисија „Откриени тајни“.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
− работен материјал;
− ручeк и освежување;
− сертификат за присуство на семинарот.

Последен рок за пријавување: 19.11.2019 година.

Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 24.02.2020
КАМАТНИ ПОБАРУВАЊА И НИВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ, СПЕЦИФИЧНОСТИ И РАЗЛИКИ ПОМЕЃУ ЗАКОНСКА И ДОГОВОРНА КАМАТА И ДОГОВОРНА КАЗНА
Семинар, 25.02.2020
ВЕШТАЧЕЊЕТО КАКО ДОКАЗ ВО ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА
Семинар, 25.02.2020
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Семинар, 28.02.2020
ПРОФЕСИОНАЛНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА – ПРОТОКОЛ МЕНАЏМЕНТ
Семинар, 11.03.2020
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)
Тренинг обука, 11.03.2020
ИНТЕРНИ ОБУЧУВАЧИ И МЕНТОРИ ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ
Семинар, 12.03.2020
ЗАКОНСКИ РОК ЗА НИШТЕЊЕ ДОКУМЕНТИ/ЗАПИСИ СО ИЗМИНАТИ РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ
Семинар, 16.03.2020
ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ПРИ ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО И ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА ОД РАБОТЕН ОДНОС
Семинар, 19.03.2020
ПОИМ НА РАБОТЕН ОДНОС, ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС ПОВРЕДИ НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА
Бизнис средби, 19.03.2020
Меѓународни деловни средби - ЕЕН, 19-20 март 2020 година, во Кочаели, Турција
Семинар, 19.03.2020
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ
Конференција, 01.04.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 1-3 април 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина