Конференција 17.10.2019 ОСИГУРУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА И ПРИДОБИВКИ ЗА КОМПАНИИТЕ

Стопанска комора на Македонија


   

КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА:

ОСИГУРУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА И ПРИДОБИВКИ ЗА КОМПАНИИТЕ
17 октомври 2019 година (четврток)
13:00-14:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат


Почитувани,

Стопанската комора на Македонија во соработка со „Сава Осигурување“ АД -  Скопје, организира Конференција на тема: „ОСИГУРУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА И ПРИДОБИВКИ ЗА КОМПАНИИТЕ“, што ќе се одржи на 17 октомври 2019 година (четврток) во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат.

Целта на Конференцијата е подигнување на јавната свест за значењето на  осигурувањето на побарувањата, пред сѐ за тоа што претставува заштита од ненаплатени побарувања. Оттука, произлегува дека секое ненавремено наплатено побарување може да предизвика неликвидност, проблеми со планираните парични текови, пролонгирање во остварувањето на зацртаните планови, како и финансиски импликации од можни кредитни линии за привремен излез од таа состојба. Осигурувањето на побарувања има позитивно влијание и врз продажните резултати бидејќи овозможува излез на нови пазари, како и обезбедување нови купувачи на постојните пазари.
На Конференцијата ќе бидат презентирани актуелните случувања од областа на осигурувањето, односно како функционира истото во земјата, регионот и во други европски земји низ примери од пракса.

Конференцијата пред се` е наменета за компании коишто:

- им овозможуваат на своите купувачи подолги рокови на плаќање и со
тоа им се потребни повеќе обртни средства кои полесно ќе ги добијат
од банките;
- сакаат да ги подобрат условите за кредитирање;
- моментално работат со купувачите со акредитиви и/или банкарски
гаранции и сакаат да им понудат работење со одложено плаќање;
- работењето им е поврзано со само неколку поголеми купувачи;
- имаат ограничени интерни можности за наплата;
- работат во сектор со ниска профитна маржа која не дозволува
загуби поради слаба наплата на побарувања;
- се во процес на развивање на нов производ или ја прошируваат
продажбата на нови непознати пазари.
 
НАПОМЕНА: Учеството на Конференцијата е без надомест.

Ве молиме, Вашето присуство да го потврдите најдоцна до 14 октомври 2019 година (понеделник).

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 08.07.2020
ОПТИМИЗАЦИЈА НА ВЕБ-САЈТ ЗА „ОНЛАЈН“-ПРЕБАРУВАЧИ, СО ЦЕЛ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВАШЕТО ПРИСУСТВО НА ИНТЕРНЕТ (SEARCH ENGINE OPTIMIZATION (SEO)
Работилница, 09.07.2020
ПРАВА И ОБВРСКИ ПРИ ВРШЕЊЕ НА РАБОТА ДОМА И НАДЗОР ОД ИНСПЕКЦИЈАТА НА ТРУДОТ ВРЗ РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
Тренинг обука, 10.07.2020
Следење на задоволството на клиентите и постапување по приговори преку стандардот ISO 10002:2018 МЕНАЏМЕНТ ЗА КВАЛИТЕТ
Семинар, 13.07.2020
ПРОМЕНЕТИТЕ ОКОЛНОСТИ КАКО ОСНОВ ЗА РАСКИНУВАЊЕ ИЛИ ИЗМЕНА НА ДОГОВОРИТЕ СКЛУЧЕНИ ПОМЕЃУ ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ
Семинар, 10.09.2020
ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦАТА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Конференција, 16.09.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 16-18 септември 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина
Семинар, 18.09.2020
Практична примена на Ексел (формули, функции, пивот табели и контролни табли) со примери во магацинското работење
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“