АСОМ: И во услови на пандемија, индустријата може непречено да функционира ако се почитуваат протоколите
➢ Актуелно (23.09.2020)
👁 Прочитано: 614



АСОМ: И во услови на пандемија, индустријата може непречено да функционира ако се почитуваат протоколите

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) информира дека од 13 мај, кога со одлука на Владата, повторно се отворија уплатно-исплатните места на приредувачите на игри на среќа во обложувалници, индустријата функционира непречено, благодарение на почитувањето на протоколите за работа.

- Ние, како Асоцијација повеќе од 4 месеци работиме непречено и досега во сите наши објекти целосно функционираат протоколите за работа, донесени од страна на Комисијата за заразни болести. Немаме прекин на работата во ниту еден од објектите на нашите членки заради Ковид-19, што покажува дека и во услови на пандемија, индустријата може да работи, ако доследно се почитува пропишаното. Со оглед на најавите за евентуален есенски бран, апелираме до играчите да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита и да се придржуваат до протоколот според кој работат обложувалниците. Здравјето на нашите вработени и нашите играчи е наш највисок приоритет, - истакнува Васко Илијевски, претседател на АСОМ.

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија уште еднаш потсетува на протоколот за работа на уплатно-исплатните места пропишани од Комисијата за заразни болести и обврската на играчите, при посета на обложувалници.

Согласно проколот за работа, во сите членки на АСОМ на влез се поставени дезинфекциски средства, вработените носат заштитна маска, на шалтер е присутен по еден играч со растојание од 2 метра со играчот кој следен чека за уплата, а во објектите во текот на работното време и по завршување се врши редовно чистење и дезинфекција на сите простории и на целиот инвентар.

Играчите задолжително мора да носат заштитна опрема на лице, маска или прекривка, да одржуваат физичко растојание од 2 метра во уплатното место и да ги користат средствата за дезинфекција на раце, поставени на влезовите на обложувалниците.

За потсетување, спортските обложувалници беа меѓу првите деловни субјекти кои со рестриктивните мерки на Владата за заштита од ширење на Ковид-19 беа целосно затворени од 14 март 2020 година. Членките на АСОМ, покрај големите загуби во текот на двомесечното затворање, немаа отпуштања и ги задржаа сите свои вработени.

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија е активен чинител во општеството и заедно со своите членки работи одговорно, создава услови за работа и кариера, придонесува во економијата и активно делува на полето на општествената одговорност за поддршка на заедницата. АСОМ е формирана во 2013 година, а членки на Асоцијацијата се: „Моцарт“, „Спор Лајф“, „Златна Копачка“, „Евротип“, „Марбет“ и „Меридиан“.

Повеќе информации за Асоцијацијата на спортcки обложувалници на Македонија се достапни на веб-страницата: www.asom.org.mk

Служба за информирање при Комората