ВЕТЕРИНАРНИТЕ ТРАНЗИТНИ СЕРТИФИКАТИ НА СРБИЈА НЕПОТРЕБНО ГО ОПТОВАРУВААТ ИЗВОЗОТ

   

👁 Прочитано: 330


ВЕТЕРИНАРНИТЕ ТРАНЗИТНИ СЕРТИФИКАТИ НА СРБИЈА НЕПОТРЕБНО ГО ОПТОВАРУВААТ ИЗВОЗОТ

Кадино индустри груп е домашна компанија со 27-годишна традиција. Изградбата на објектот започнал во 1988 година, а во 1992 година започна со работа компанијата "Кадино". Со својата умешна производствена пракса, оваа компанија успеа да го постави "Кадино" на домашните и странските пазари како бренд со најголем имиџ и доверба. Компанијата е првата мелничка индустрија во светот која пред 12 години ја започна идејата за 100% рачно изработено производство на традиционални фило-производи BUREK Pie, Twirled BUREK и Filo Snacks.

Производите се изработени од страна на искусни мајстори и брзо се замрзнуваат со висококвалитетен технолошки процес кој гарантира свежина на производот до сервисен дел на потрошувачот.

Секојдневни напори на раководните луѓе на компанијата во секој дел на процесот на производство се главната причина за изработка на уникатен висококвалитетен финален производ кој е врвно позитивен рангиран низ целиот свет.

Овој балкански традиционален вкус веќе беше претставен надвор од границите на земјата со извоз на целокупното замрзнато портфолио во САД, Канада, Австралија и во повеќе земји во Европа: Швајцарија, Белгија, Холандија, Франција, Словенија и Израел.

Квалитетот, развојот и грижата за производство на безбедна храна се вистинските вредности што гарантираат долгорочна иднина и тоа е причината за инвестирање во микробиолошка лабораторија во која се контролираат сите состојки што се користат во производот.

Важно е да се истакне фактот дека оваа компанија, исто така, го доби Халал сертификатот, што претставува гаранција за неопходните состојки за производите во земјите од муслиманскиот свет. Квалитетот, развојот и грижата за производство на безбедна храна се вистински услови кои гарантираат успех и долга иднина на Кадино Индустри Груп. Во извештајот на УНДП за 2007 година, Кадино беше прогласен меѓу првите 10 општествено најодговорни компании во Македонија.

Компанијата веќе подолго време се соочува со високите цени за ветеринарен извозен сертификат од страна на српските служби при транзит на нивните производи, за што повеќе пати беа алармирани домашните институции. Ова претставува дополнителен трошок за нив, а од раководството беше побарано интревенција и преку службите во  Комората.

Васко Ристовски