ИНВЕСТИЦИИ ВО ОПРЕМА И АВТОМАТИЗИРАН ПРОЦЕС НА ПРОИВОДСТВО – УСЛОВ ЗА РАЗВОЈ НА ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА

   

👁 Прочитано: 276


ИНВЕСТИЦИИ ВО ОПРЕМА И АВТОМАТИЗИРАН ПРОЦЕС НА ПРОИВОДСТВО – УСЛОВ ЗА РАЗВОЈ НА ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА

Алена ДООЕЛ своите почетоци во работењето ги започна како текстилна агенција специјализирана во посредување и производство на нарачки за обработка со главна задача воспоставување контакти помеѓу клиентите од Западна Европа и македонските текстилни производствени компании

Од 2000 година компанијата започнува и со сопствено производство, каде целокупната работа се одвива во принцип на лон производство во фабрика во Велес која, е специјализирана за програм на ХТЗ опрема и заштитна облека, која работи воглавно за брендови од  германсиот пазар.

При посетата беше остварена работна средба со сопственикот на компанијата „Алена“ г-дин Александар Петровски кој истакна дека денес вработуваат околу 300 лица со годишен обрт од 3 милиони евра и се едни од најголемите производители на ХТЗ опрема во Македонија. Целокупниот процес на производство е автоматизиран, со најнови високо софистицирани автоматизирани машини, а само претходната година имаат инвестирано во набавка на автоматска кројница во вредност од 100.000 евра, со што се зфолемува продуктивноста на производниот процес.

Најголем проблем со кој се соочуваат во тековното работење е  недостигот на стручна работна сила, пред се за нивното специфично производство кој проблемсе провлекува со години наназад. Исто така потешкотии во работењето им претставува и зголемувањето на минималната плата кое не кореспондира со зголемувањето на продуктивноста во нивното  работење имајќи во предвид дека вработуваат повозрасни лица со поодминати години, проблем е и големиот број на празници во текот на годината, злоупотреба на боледувањата како и Законот за работни односи во делот кај минатиот труд кој се пресметува но нето платата.

Поради долгогодишно присуство на компанијата како на домашниот и странски пазарот, придружено со знаење и искуство сите овие години, како и сигурниот тим со кој работат, „Алена“ ДООЕЛ може да ги исполни барања и потреби на странските клиенти и тоа брзо, компетентно и флексибилно.

Сашо Деспотоски