ЈАВНА БЛАГОДАРНОСТ ОД ИЛИНО ПРОМЕТ ДО ЦАРИНСКАТА УПРАВА ЗА ОЛЕСНЕТАТА ПОСТАПКА ПРИ ЦАРИНЕЊЕ

   

👁 Прочитано: 683


ЈАВНА БЛАГОДАРНОСТ ОД ИЛИНО ПРОМЕТ ДО ЦАРИНСКАТА УПРАВА ЗА ОЛЕСНЕТАТА ПОСТАПКА ПРИ ЦАРИНЕЊЕ

На 05.11.2019 години во просториите на кругот на Железара, потпретседателот на Стопанската комора на Македонија, д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска оствари работна средба со раководниот тим на Илино промет Скопје на чело со главниот извршен директор Никола Коле Ангеловски. На состанокот стана збор за почетоците на компанијата која работи уште од осамостојувањето на нашата држава и за сите падови и подеми на компанијата vis a vis предизвиците со кои се соочува црната и обоена металургија.

Илино Промет ДОО е приватна компанија која е основана во Скопје во 1991 година со основна дејност - трговија со црна и обоена металургија. Фирмата е активна членка на Стопанската комора на Македонија и е една од топ 100 извозни компании од РСМ. Главно своите производи ги пласира на европските  пазари. Со производи снабдува фирми за бродоградителската индустрија од Србија, Босна, Хрватска и Холандија.

Во 2007 година се проширува со подружница Илино Промет Кавадарци со дејност во дрвната индустрија.Во својата пилана која се наоѓа во Кавадарци на ул. Западен булевар изработува трупци, палети, паркет и др. производи од резана граѓа. Најголем дел од своите производи - трупците ги извезува. Во еден период најчесто извезуваше во Оман каде имаше сигурен партнер.

ЈАВНА БЛАГОДАРНОСТ ОД ИЛИНО ПРОМЕТ ДО ЦАРИНСКАТА УПРАВА ЗА ОЛЕСНЕТАТА ПОСТАПКА ПРИ ЦАРИНЕЊЕ

На средбата беше дискутирано за повеќе области меѓу кои за потребата и недостатокот на квалификувани стручни кадри по терк на стопанството, за проблемите околу дозволите за вонгабаритен превоз, големите такси кои црната и обоена металургија ги има и кои како Здружение при комората соработува во надминување на истите со надлежните државни институции, пофалбата до Владата за навременото враќање на ДДВ, како и бенефитите од одличната соработка со Царината и успехот со концептот на домашно царинење.

ЈАВНА БЛАГОДАРНОСТ ОД ИЛИНО ПРОМЕТ ДО ЦАРИНСКАТА УПРАВА ЗА ОЛЕСНЕТАТА ПОСТАПКА ПРИ ЦАРИНЕЊЕ

Посебно она што беше подвлечено од главниот извршен директор, г-динот Коле Ангеловски е пофалбата за банкарскиот сектор кој во услови на зголемени инвестиции ги прати и поддржува компаниите а посебно ја нагласи одличната соработка со НЛБ Тутунска банка ад Скопје која ја имаат преку максималната поддршка на инвестициите и извозот.

д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска