ЕКОНОМСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН Е КЛУЧ ЗА ПРОСПЕРИТЕТ

   

АКТУЕЛНО / 24.10.2019
👁 Прочитано: 605


ЕКОНОМСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН Е КЛУЧ ЗА ПРОСПЕРИТЕТ

Регионалната соработка е незаобиколен фактор за зајакнување на стабилноста, конкурентноста и економскиот капацитет на регионот на Западен Балкан, истакна претседателот на Стопанската комора на Црна Гора Властимир Голубовиќ на конференцијата за економија на тема „Синергијата – клуч за успех на регионот“ која Комората на Црна Гора ја организира во соработка со Коморскиот инвестициски форум, пред повеќе од 600 стопанственици, претставници на меѓународни организации, државни органи, научна и стручна јавност. Голубовиќ потенцираше дека само силната регионална економска соработка и соединувањето на ресурсите можат да создадат синергиски ефект кој може забрзано да ја промени економската слика на регионот во согласност со европските стандарди. Сепак, стопанската соработка во регионот се уште е под оптималното ниво. Реалноста на здружувањето и заедничкото работење во регионот се наметнува како реалност на новото време, за да можеме да го намалиме заостанувањето во продуктивноста и конкурентноста на стопанствата од земјите од Западен Балкан, за што побрзо да се достигне технолошки напредната Европа. Регионот треба да ги унапреди и хармонизира инвестициските политики, и да продолжи да се промовира како единствена инвестициска дестинација.

- Стопанствениците од регионот на Западен Балкан имаат јасна определба за зајакнување на деловните врски со своите колеги од регионот, свесни за потребата за фокусирање кон иднината во која економскиот развој и квалитетот на живот се апсолутни приоритети. Затоа, во име на Коморскиот инвестициски форум Ве повикувам да ги обединиме нашите ресурси, безрезервно да отвораме нови перспективи за соработка и заеднички да одлучуваме за развојот на ова подрачје. Само со конкретни резултати и успешни заеднички проекти можеме на дело да ја покажеме подготвеноста да ја зајакнеме европската перспектива на регионот – потенцираше Голубовиќ.

Во рамките на конференцијата, фокус е ставен на прашањата за зелена економија, енергетска и транспортна инфраструктура, туризам, управување со водните ресурси и дигитализацијата се дел од темите на кои ќе се дискутира на панелите на конференцијата.

Во рамки на конференцијата, се одржа седница на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум, на која помеѓу останатото, беа договорени оперативните активности за имплементација на две проектни активности, кои КИФ ќе ги реализира во следниот период, насочени кон обезбедување на поддршка за интернационализација на компаниите од регионот со поддршка на Европската Унија, и директно финансирање за унапредување на инфраструктурата во образовните институции во партнерство со компаниите, за реализирање на практична работа во образованиот процес. Двата проекти кои ќе почнат оперативно да функцнионираат во наредните два месеци ќе донесат директни придобивки за компаниите од регионот на Западен Балкан, а за деталните информации околу нивното спроведување ќе се информираат директно од своите национални комори. Оваа најава ја даде и пред претставниците на медиумите претседателот на Управниот одбор на КИФ Марко Чадеж, кој меѓу другото ја искористи приликата во име на сите 6 комори повика непречено да се продолжи процесот на интегрирање на земјите од регионот на Западен Балкан во Европската Унија.

СТОПАНСКА КОМОРА НА ИДНИНАТА

- Европските институции не мора да не слушаат нас како комори, но треба да го испочитуваат гласот на 21 милион европски компании, кои се дел од асоцијатцијата на европски комори – Еурочембрс, кои повикаа да не се стопира процесот на отварање на пристапните приговори со Северна Македонија и со Албанија, но и да се придвижи процесот за одобрување на визна либерализација за Косово, со оглед дека се исполнети сите технички услови, и овие земји јасно покажаа дека нивната позиција е дека припаѓаат на европскиот простор.

На конференцијата се дискутираше и за зајакнувањето на регионалната соработка, во насока на обезбедување на полесен проток на стоки, услуги и капитал. Посочено беше дека постојните резултати покажуваат дека неопходно ќе биде да се развие нов модел на економски раст, кој ќе биде придружен со длабоки и структури реформи, со фокус на четири клучни области – уредување на пазарот на труд и обезбедување на квалификувана работна сила; развиваање на дигиталната, енергетска и транспортна инфраструктура; унапредување и структурирање на деловното опкружување во насока на привлекување на повеќе странски инвестиции; како и зголемување на надворешнотрговската размена помеѓу земјите од Западен Балкан. При тоа, идентификувани се четири сектори кои може да донесат поконкурентен раст – земјоделско-прехрамбениот сектор, металургијата, машинството и автомобилската индустрија.

Д-р Татјана Штерјова