ЗАПОЧНА СО РАБОТА НАЈГОЛЕМАТА ВЕТЕРНА ЕЛЕКТРАНА ВО СРБИЈА

   

АКТУЕЛНО / 04.10.2019
👁 Прочитано: 291


ЗАПОЧНА СО РАБОТА НАЈГОЛЕМАТА ВЕТЕРНА ЕЛЕКТРАНА ВО СРБИЈА

Најголемата српска ветерна електрана со моќност од 104,5 MW беше отворена на 19 септември оваа година во Војводина. Ветерната фарма ќе произведува 300 GWh годишно, што е скоро 1% од вкупното производство на електрична енергија во Србија.

Ветерната електрана е во вредност од 189 милиони евра. Изградбата на објектот, која започна во 2017 година, беше финансирана од израелската компанија „Enlight“, како и од уште тројца други инвеститори – Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Erste Group и Erste Bank Serbia.

Ветерната електрана има 38 ветерни турбини на GE Renewable Energy. Објектот ќе снабдува 60.000 домаќинства со електрична енергија, намалувајќи ги емисиите на СО2 за скоро 250.000 тони годишно.

Перо Авакумовски