ИЗМЕНИ НА УРЕДБАТА ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕТО И НАЧИНОТ НА КОРИСТЕЊЕ НА ИНФОРМАЦИОНИОТ СИСТЕМ ЗА ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИ ВО ЕЛЕКТРОНСКИ ОБЛИК И ЕЛЕКТРОНСКИ ПОТПИС ПРИ УВОЗ, ИЗВОЗ И ТРАНЗИТ НА СТОКИ („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 232 ОД 8 НОЕМВРИ 2019 ГОДИНА)



Врз основа на член 11-а од Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/01, 6/02, 98/08 и 33/15), Владата на Република Северна Македонија, донесе

Уредба за изменување на Уредбата за воспоставувањето и начинот на користење на информациониот систем за обработка на податоци во електронски облик и електронски потпис при увоз, извоз и транзит на стоки

Во Уредбата за воспоставувањето и начинот на користење на информациониот систем за обработка на податоци во електронски облик и електронски потпис при увоз, извоз и транзит на стоки („Службен весник на Република Македонија” бр. 134/08, 13/11, 138/13 и 208/15), се пропишува дека органот го користи едношалтерскиот систем, во рамките на своите надлежности, за прием и обработка на барања за дозволи, издавање на дозволи, како и за евиденција и контрола при спроведување на постапка за меѓународна размена на стоки и меѓународен превоз на патници, а не и за прием на барања за распределба на стоки во рамките на тарифни квоти, како што е пропишано во постојната  Уредба.

Воедно се уредува дека Царинската управа преку едношалтерскиот систем ги презема дејствијата наведени во став (1) алинеи 7 и 8 од член 20 (проверка на издадени дозволи од други органи, ја потврдува искористеноста на дозволата), дејствијата за евиденција на меѓународниот превоз на патници и издадените дозволи за меѓународен превоз на стоки од ставот (3) на член 20, а не и за дејствијата во постапките за распределба на стоките во тарифни квоти, како што е сегашното решение во Уредбата.

Оваа уредба влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе отпочне да се применува од 18.11.2019 година.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје