ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЛИСТАТА НА ЕКСПЛОЗИВНИТЕ МАТЕРИИ ШТО МОЖАТ ДА СЕ ПУШТААТ ВО ПРОМЕТ („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 231 ОД 8 НОЕМВРИ 2019 ГОДИНА)



Врз основа на член 13 став 1 од Законот за прометот на експлозивни материи („Службен лист на СФРЈ“ бр. 30/85, 6/89 и 53/91) кој согласно член 5 став 1 од Уставниот закон за Врз основа Врз основа на член 13 став 1 од Законот за промет на експлозивни материи („Службен лист на СФРЈ“ бр. 30/85, 6/89 и 53/91) кој согласно член 5 став 1 од Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/91 и 4/92) е преземен како републички пропис и („Службен весник на Република Македонија“ бр. 12/93, 31/93, 66/07, 86/08 и 148/15), Министерството за внатрешни работи, објави

Листа за дополнување на Листата на експлозивните материи што можат да се пуштаат во промет

Во Листата на експлозивните материи што можат да се пуштаат во промет („Службен весник на Република Македонија“ бр. 64/98, 19/01, 46/04, 106/06, 208/15 и 104/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 56/19 и 120/19), во делот I. „СТОПАНСКИ ЕКСПЛОЗИВИ“ по точката 62, се додаваат три нови точки 63, 64 и 65, со кои Листата се проширува за определени типови на стопански емулзивен експлозив.

Во делот II. „СРЕДСТВА ЗА ИНИЦИРАЊЕ НА ЕКСПЛОЗИВИ“ по точката 30, се додаваат четири нови точки 31, 32, 33 и 34, со кои Листата се дополнува со определени типови на неелектрични детонатори, тип на неелектричен иницијален систем и тип на површински конектори.


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје