Бизнис-настани

29.05.2018 - 29.05.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

Организација на логистичка поддршка, контрола на работните активности и планови, управување со call центри, телефонска продажба и cold calls, агентска продажба и унапредување на комуникациски канали


Еднодневен семинар:

Организација на логистичка поддршка, контрола на работните активности и планови, управување со call центри, телефонска продажба и cold calls, агентска продажба и унапредување на комуникациски канали
(Logistics and selling-power certified methodology, ERP-101, Modelling Front Man USA)

29 мај 2018 година (вторник)
9:30-15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
 

         Модерните процеси во логистиката, телефонската поддршка и унапредување на комуникацијата креираат потреба за обука за агентска продажба и комуникација, директно јавување на корисници, онлајн комуникација со потенцијални клиенти и техники за продажба на услуги преку интернет, користење на систем за корисничка поддршка, пишување на готови написи за вметнување во база на знаење и учење како професионално да се услужат клиенти. Потребите и желбите на потрошувачите прво мора да се оценат со цел да се понудат производите и услугите на најефикасен можен начин.

Целта на семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на:

• Организација на логистичка поддршка;
• Што очекуваат вашите клиенти и како тие сакаат да бидат послужени (преку истражување на клиентите: интервјуа, фокус групи и анкети);
• Мерење на однесувањето на купувачите;
• Што претставува квалитетна интеракција;
• Примери кои покажуваат одличен, просечен и лош квалитет на однесувањето;
• Континуирано мерење на резултати;
• Разбирање на однесувањето на потрошувачите и одржлив и долгорочен успех;
• Процесот на трговска размена – релација логистика и потрошувачки сегменти;
• Кои се факторите на дизајнирање кои влијаат врз процес на потрошувачка/купување;         
• Како до вистинско внимание на потрошувачите;
• Cold Call и двонасочна комуникација;
• Како продажбата е условена од стратегиското поставување на асортиман со одредена позиција;
• Што е примарно и секундарно позиционирање;
• Разбирањето на потрошувачите и ставот на продавачот кон потрошувачите;
• Потребите и желбите на потрошувачите во контекст на континуиран процес   на работење.

Програма на семинарот:


Организација на логистичка поддршка и телефонска продажба
• Активна потрошувачка на производот;
• Купувач наспроти потрошувач;
• Принцип на набљудување т.н. 360 ° и GPS алоцирање;
• Потреби на потрошувачите;
• Што ги мотивира потрошувачите да одат во одредена позиција на   малопродажба;
• Упатства според категорија на производи;
• Анализа на логистички процеси;
• Мотивација за повторување на процесот на купување;
• Разбирање на потребите и желбите на потрошувачите во сите фази на   купувањето;
• Процес на т.н. создавање на лојални потрошувачи.

Cold Calling техники и телефонска поддршка
• Ефективни техники на Cold Calling, совети и методи за продажба;
• Конкретен потенцијал во Cold Calling комуникацијата;
• Контролирање, стратешко, зајакнување;
• Менување на вашата перспектива и сукцесивни промени;
• Основни принципи: подготовка, вовед, прашање, објективност,   интерпретирање;
• Информирање и едукација;
• Останете во контакт - чувајте белешки;
• Успешен повик - пример за методологија;
• Резиме на методот на Cold Calling.

Однесување на потрошувачи, планирање на асортиман и канали на комуникција
• Какво е однесувањето на потрошувачите и зошто треба да се грижиме за тоа;
• Зошто однесувањето на потрошувачите е толку динамично и како последните   трендови влијаат на потрошувачите;
• Кој е системот на вредности и кои се реалните компоненти за реализација;
• Каква е перцепцијата на потрошувачите;
• Кои се факторите што влијаат на тоа што ќе биде разбрано од страна на   купувачите;
• Кои се специфичните карактеристики кои се испитуваат во истражувањето за однесувањето на потрошувачите;
• Кои се ставовите, каква е нивната функција и како потрошувачката култура влијае врз однесувањето;
• Какво влијание имаат потрошувачите од различни групи;
• Како потрошувачите донесуваат одлуки;
• Што е несоодветно однесување на потрошувачите и потрошувачката етика?


Целна група
Агенти за поддршка и продажба, front & back office поддршка, раководителите на секторите логистика, транспорт, малопродажба, големопродажба, набавка, вработените во компаниите задолжени за комуникација (телефонска комуникација), како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат знаењата за логистика, организација и транспорт, cold calling, малопродажба, директна продажба, набавка, финансиска корелација помеѓу набавка и продажба.

Предавач:
- Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант во 23 земји, со 22-годишно искуство за повеќе од 600 клиенти и воедно управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ - Скопје, www.d2emconsulting.com .

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.

Краен рок за пријавување: 23.5.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права