20.11.2017 (Семинар)
УСПЕШНО СПРАВУВАЊЕ СО ЖАЛБИ И РЕКЛАМАЦИИ НА КЛИЕНТИ

21.11.2017 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

21.11.2017 (Инфо сесија)
ИНФО СЕСИЈА ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ-ШТИП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

03.12.2017 (Советување)
СОВЕТУВАЊЕ СОГЛАСНО ПРОГРАМАТА НА ИСОС

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

17.03.2017


Актуелно  

КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ продолжува со редовните активности, одржано предавање на тема: „МЕНАЏИРАЊЕ НА ТИМОВИ“



     Функционирањето во тим е многу присутно во денешното секојдневно живеење. Семејството, емотивниот партнер, роднините, друштвото со кое го поминуваме слободното време, пријателите со кои рекреираме, работната група во која припаѓаме на работното место, се групи кои имаат потенцијал да прераснат во тимови.
Способноста успешно да се функционира во тим е навистина сложен начин на однесување. Таа опфаќа квалитети за добра проценка на членовите на тимот, прилагодување на однесувањето кон секој до членовите, свесно инвестирање во градење на довербата, способности за справување со личности од тимот кои имаат поспецифичен карактер, квалитети за успешно менаџирање на тимски конфликти, способност за несебично служење на тимските цели и задачи наместо само на личните.
Со цел приближување на оваа комплексна тема до членовите на Клубот на менаџери-претприемачи, на 17.03.2017 година, се одржа предавањето на темa: Менаџирање на тимови, реализирано од страна на д-р Лазар Ѓуров, основач и претседател на Инстутутот за индивидуален и организациски развој – „Симбиотика“ .

     Учесниците за време на настанот имаа можност да се запознаат што всушност значи работењето во тим и како формирањето на тим ќе функционира, бидејќи самото формирање на тимот не се случува преку ноќ, менаџерот може да соберете една група на вработени и да ги наречете тим но, додека тие станат функционален тим групата ќе помине низ процес на ускладување и развој.Трансформацијата на групата во тим, бара вештини кои раководителот треба да ги поседува за да менаџирањето на тимот функционира ускладено и дава одлични резултати.

     Една од главните активности на Клубот на менаџери – претприемачи, покрај организирање на едукативни настани кои ќе ги задоволат потребите на менаџерите за нови информации и пренос на добри практики, е вмрежувањето во насока на креирање можности за бизнис соработка и размена на контакти.

Валентина Цветковска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права