
Дводневна обука на тема:
ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТИ ЗА ГРАНТОВИ ОД ЕУ И ДРУГИ ДОНАТОРСКИ ПРОГРАМИ
17-18.12.2019 година
10:00- 15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3 кат
Стопанската комора на Македонија, на 17-18.12.2019 година, организира дводневна обука на тема: ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТИ ЗА ГРАНТОВИ ОД ЕУ И ДРУГИ ДОНАТОРСКИ ПРОГРАМИ.
Целта на обуката:
Целта на оваа обука е учесниците да се запознаат со можностите и начините за обезбедувањето на финансиска средства од грантови преку:
- Подигање на теоретските и практичните знаења и вештини на персоналот на Вашата организација од областа планирање и пишување на предлог проекти, како и пополнување на деловите на апликација за предлог проект со фокус кон фондовите на ЕУ/ИПА II, како и на други донатори присутни во Р.С. Македонија и Западниот Балкан.
За кого е наменета обуката?
Обуката е наменета за оние поединци и организации кои сакаат да имаат развиена апликација за предлог проект и самите да научат како да ја направат. Тоа вклучува менаџери, раководители, тим лидери и вработени, како и за менаџери од сите нивоа (топ, среден и линиски), сопственици на компании и останати вработени кои сакаат да го прошират и усовршат своето знаење по дадената проблематика.
ПРОГРАМА
За време на обуката за Подготовка на проекти за грантови од ЕУ и други донатори, учесниците ќе ги зголемат своите знаења, вештини и практики во следниве области:
1. Запознавање за можностите за поддршка во рамките на ИПА II и други ЕУ инструменти за финансиска поддршка, и на други донаторски агенции;
2. Запознавање со дата бази со линкови до конкурсите за грант поддршка за претпријатија;
3. Дефинирање на тема за сопствен предлог проект;
4. Претставување на методите за анализа на потреби и проблеми во областа во која сака да се развие предлог проект;
5. Претставување на начините на пополнување на основната структура или „скелет“ на предлог проектот (т.н. Матрица на логичка рамка (Logical Framework Matrix);
6. Добиени информации за составот и начините на пополнување на концепт документ;
7. Претставување на пополнета проектна апликација и нејзините прилози;
8. Критериуми за оценка на проектен концепт и целосната апликацијата;
9. Основни познавања и концепти за подготовка на буџет;
10. Административно финансиски правила и процедури за аплицирање и спроведување на проекти од ЕУ и други донаторски програми;
Предавач:
Зоран Стојковски е извршен раководител на Проефект Иново (www.proefekt.mk), консултантска компанија која нуди решенија за регионални и меѓународни партнери и клиенти за развој на организациска ефикасност и финансиска одржливост. Тој има над 20 години искуство како обучувач за темата на проектно планирање и менаџмент, со издадени неколку прирачници на оваа тема. Зоран им помогна на многу регионални и меѓународни непрофитни организации, јавни институции и бизниси во обезбедувањето средства, како и во сите фази на имплементација на нивните програми во Македонија и Југоисточна Европа. Тој обезбедува обуки и стручна поддршка за обезбедување грантови и други форми на финансирање од донаторски агенции, како и професионално спроведување на проекти и има добиени проекти во износ на над 20 милони евра во грантови за клиентите и за организациите кои ги раководел. Работел на менаџмент позиции во програмата на УСАИД за граѓанско општетсво (1998-2004), и бил извршен директор на локална организација за доделување на грант подрдшка (2004-2014) со програми финансирани од ЕУ, СДЦ и УСАИД. Поседува магистерски сертификат од областа на развојните студии на Лондон Метрополитен Универзитетот од Лондон.
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.
Поради ограничениот на број на места, Ве молиме Вашата пријава да ја доставите најдоцна до 10.12.2019 година.