Проект “Образование за вработување во Македонија” објавува Прв повик за апликации за „Фондот на можности 2019“

   

ПОВИК / 20.03.2019
👁 Прочитано: 2943


Проект “Образование за вработување во Македонија” објавува Прв повик за апликации за „Фондот на можности 2019“

Целта на Фондот за можности е да ги поддржи понудувачите на обуки во насока на обезбедување на пазарно ориентирани и одржливи понуди, кои водат кон задолжително вработување на учесниците во обуката (најдоцна 3 месеци по завршување на обуката).

Опфатени сектори: (1) Угостителство; (2) Здравствена и социјална грижа; (3) Лични услуги;  (4) Земјоделие; (5) Прехрамбена технологија; (6) Машинство; (7) ИТ сектор.

Квалификувани апликанти на Фондот за можности:

а) Приватни тренинг провајдери кои нудат обуки во областа на неформалното образование
б) Средни стручни училишта кои нудат услуги во дел на неформално образование
в) Граѓански организации кои нудат услуги во дел на неформално образование
г) Работодавачи коишто вршат обуки во сопствените простории

Посебни услови:
Приватните провајдери, средните стручни училишта и граѓанските организации можат да аплицираат за Фондот за можности во соработка со еден или повеќе работодавачи кои писмено гарантираат дека ќе вработат најмалку 35% од учесниците, во рок од 3 месеци по одржувањето на  обуката.
Работодавачи кои вршат обуки во сопствените простории треба писмено да гарантираат дека ќе вработат 50% од учесниците, во рок од 3 месеци по завршувањето на обуката.

Процедура за аплицирање и краен рок:
Сите заинтересирани апликационите формулари заедно со сите придружни документи треба да ги достават најдоцна од 30 март 2019 година, на следната е-адреса: Boris.Trimcev@helvetas.org со предмет: OF 2019 Application

Ги охрабруваме апликантите да ги испратат своите апликации на англиски јазик.

Апликациите испратени на македонски и албански јазик исто така ќе бидат земени предвид.

Придружни документи:
* Budget template
* Guarantee Template
* Opportunity Fund Manual (short version)
* Proposal Template

Дополнителни информации, како и потребни документи за апликација се дел од прирачникот на Фондот за можности кој што може да се преземе од следниот линк here (hyperlink) или може да се обратите во нашата канцеларија за поддршка на следниот е-адреса: Daniela.Stojanova@helvetas.org предмет: OF 2019 Documents.