ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ЗАБРАНА И ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА ДВИЖЕЊЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 136 ОД 27.05.2020)



Врз основа на член 58 став (1) точка (3) од Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/04, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15 и 37/16), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 26 мај 2020 година, донесе

ОДЛУКА
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ЗАБРАНА И ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА ДВИЖЕЊЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Член 1

Во Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 72/20, 74/20, 76/20, 78/20, 89/20, 92/20, 100/20, 105/20, 107/20, 111/20, 119/20, 125/20, 130/20 и 134/20), во членот 1, точките 1, 2 и 4 се бришат.

Точката 3 станува точка 1.

Член 2

Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-2416/15

Претседател на Владата

26 мај 2020 година

на Република Северна Македонија,

Скопје

Оливер Спасовски, с.р.

Член 1, точки 1, 2 и 4 од Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 72/20, 74/20, 76/20, 78/20, 89/20, 92/20, 100/20, 105/20, 107/20, 111/20, 119/20, 125/20, 130/20 и 134/20), кои се бришат, гласат:

„1. Се забранува движење на населението на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 19.00 часот до 5.00 часот наредниот ден.

2. Се забранува движење на возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 19.00 часот до 5.00 часот наредниот ден.“.

4. За периодот од 11:00 часот на 24 мај 2020 година (недела), до 5:00 часот на 26 мај 2020 година (вторник), се забранува движење на населението и возилата од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија.“


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје