УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 134 ОД 22.05.2020 ГОДИНА)



Врз основа на член 126 став 1 од Уставот на Република Северна Македонија и член 36 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/00, 12/03, 55/05, 37/06, 115/07, 19/08, 82/08, 10/10, 51/11, 15/13, 139/14, 196/15, 142/16, 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 22 мај 2020 година, донесе

УРЕДБА
СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Член 1

Во Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 103/20 и 107/20), по членот 4 се додава нов член 4-а кој гласи:

“Член 4-а

Одредбите на членовите 2, 2-а, 3 и 4¹ од оваа уредба со законска сила се применуваат за време на траењето на вонредната состојба, како и 200 дена по престанување на траењето на вонредната состојба.“

Член 2

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Бр. 44-4458/1

Претседател на Владата

22 мај 2020 година

на Република Северна Македонија,

Скопје

Оливер Спасовски, с.р.

¹Членовите 2, 2-а, 3 и 4 од Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 103/20 и 107/20), чии рокови на важење се продолжуваат, гласат:

Член 2:

Трговецот е должен да обезбеди редарска служба при влезот и во внатрешноста на објектот, за да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и во објектот и да обезбеди спроведување на дезинфекција за раце при влез во објектот.

Трговецот е должен да постави соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот.

Ознаките од став 2 на овој член се поставуваат на растојание од два метри и тоа: пред секоја каса за наплата и пред влезот на објектот.

Во објектите во кои се врши трговија на мало, истовремено може да пазаруваат најмногу по едно лице на површина од секои 20 метри квадратни.

Во објектите со површина помала од 20 метри квадратни може да пазарува само едно лице.

Член 2-a:

Трговецот е должен да обезбеди заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените лица во објектот.

Вработените лица се должни заштитната опрема од ставот 1 на овој член да ја носат за времетраење на работното време

Член 3:

Државниот пазарен инспекторат ќе врши инспекциски надзор над спроведување на одредбите на оваа уредба со законска сила.

Член 4:

Глоба во износ од 500 до 1000 евра во денарска противвредност за микро и мали трговци и од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност за средни и големи трговци, ќе се изрече за прекршок на трговецот ако постапува спротивно на одредбите од член 2 и член 2-а став 1 на оваа уредба со законска сила.

Глоба во износ од 50 евра во денарска противредност за вработеното лице ќе се изрече за прекршок ако постапува спротивно на одредбите од член 2-а став 2 на оваа уредба со законска сила.“


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје