Нови прописи
   
ИЗМЕНИ НА ПОДЗАКОНСКИ АКТИ НА ЗАКОНОТ ЗА РИБАРСТВО И АКВАКУЛТУРА, ОБЈАВЕНИ ВО „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 215 ОД 17 ОКТОМВРИ 2019
18.10.2019

Врз основа на член 36 став 6, член 36-а став 10, член 62 став 9, член 84 став 4, и член 105 став 8 од Законот за рибарство и аквакултура („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08 и 67/10, 47/11, 53/11, 95/12, 164/13, 116/14, 154/15, 193/15, 39/16 и 83/18), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги донесе следните правилници:

- Правилник за изменување на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на легитимација за стопански риболов, формата и содржината на образецот на легитимацијата за стопански риболов и начинот на нејзиното издавање и враќање

- Правилник за изменување на Правилникот за начинот на спроведување на испитот за стопански риболов, содржината на програмата за полагање на испитот, како и формата и содржината на уверението за положен испит

- Правилник за изменување на Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на регистарот на одгледувачи на риби, формата и содржината на образецот на барањето за запишување во регистарот, како и потребните докази за исполнување на условите за запишување во регистарот

- Правилник за изменување на Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на регистар на организации на производители, како и постапката за запишување односно бришење од регистарот

- Правилник за изменување на Правилникот за формата, содржината и начинот на водење на регистарot на репроцентри за производство на репродуктивен и порибителен материјал, како и формата и содржината на барањето за запишување во регистарот


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје