23.01.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИНТЕГРАЦИЈА НА МАРКЕТИНГ СТРАТЕГИЈАТА СО ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

25.01.2019 (Семинар)
МАРКЕТИНГ ТРЕНДОВИ И АЛАТКИ ЗА 2019 ГОДИНА - КАКО ДА БИДЕТЕ ВО ЧЕКОР СО СВЕТСКИОТ НАПРЕДОК?

29.01.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

29.01.2019 (Семинар)
Задолжителни елементи на договорот за вработување, можност за измена на договорот за вработување во делот на плата, работни задачи, забрана за работа на работодавачот, заштита од мобинг преку инспекциски надзор

30.01.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

30.01.2019 (Семинар)
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

31.01.2019 (Семинар)
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

31.01.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

01.02.2019 (Семинар)
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата

14.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

19.02.2019 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

21.02.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Бизнис-настани

27.09.2018 - 27.09.2018


Конференција Хотел „Александар Палас“, Скопје,  Македонија

Конференција за отпочнување на ЕУ проект на тема: „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE)



КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ОТПОЧНУВАЊЕ ЕУ-ПРОЕКТ НА ТЕМА:

„ПАЗАРНО ОРИЕНТИРАНИ ВЕШТИНИ ЗА ОДРЖЛИВО ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНО ГРАДЕЊЕ“ (TRAINEE)

27 септември 2018 година (четврток)
Хотел „Александар Палас‟-Скопје
11:00 часот

Почитувани,

     Како дел од Потпрограмата „Енергетска ефикасност“, во рамките на Европската програма „Хоризонт 2020“, отпочнува со спроведување Проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE).

     Иницијативата на Европската унија за градење на капацитетите и подобрување на вештините на градежните професионалци - архитекти, инженери, како и работниците во градежниот сектор е со цел да ја подготви и нашата земја во делот на квалификација и преквалификација на градежните работници и градежни професионалци. Преку активности во рамките на Проектот ќе се иницира прифаќање на надградените вештини на градежните работници од страна на пазарот преку остварување соработка со различни професионални групи. Една од задачите е поттикнување на потребата од користење квалификувана работна сила во градежништвото со предлози за корекција на легислативата, во насока на исполнување на стандардите зацртани со Правилникот за енергетски карактеристики на градби.

     Во рамките на Проектот ќе биде иницирана примената на алатки за информациско моделирање на градби БИМ (BIM-building information modeling) на национално ниво. Воведување на примена на информациско моделирање на градби  е едно од барањата на новите правила за јавни набавки на Европската комисија, во доменот на градежништвото, преку иницирање широка акција за подигање на свеста кај сите засегнати страни од градежниот сектор (градежните компании, инженерите, архитектите, работниците), но и инвеститорите и одговорните владини институции, како и крајните корисници на објектите, преку низа активности, работилници, семинари и други промотивни настани. Целта е преку примената на BIM-алатките да се прикажат енергетските заштеди кои се резултат од примената на мерки за енергетска ефикасност во процесот на градење.

Ќе ни претставува особено задоволство да присуствувате на Конференцијата, која ќе се одржи на 27.9.2018 година (четврток), со почеток во 11:00 часот, во хотелот „Александар Палас“ - Скопје.

Ве молиме, Вашето присуство да го потврдите најдоцна до 26.9.2018 година. Контакт: Ивана Крстевска, телефон: (+389) 2 3244 051, е-адреса: ivana@mchamber.mk.

Во прилог на Поканата е Агендата за настанот.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Ивана Крстевска
Тел: ++ 389 2 3244051 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: ivana@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права