28.08.2018 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „MEET4BUSINESS AGRA 2018“

05.09.2018 (Семинар)
ПЛАТИ И ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ПЛАЌАЊЕТО НА РАБОТАТА

10.09.2018 (Конференција)
Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE

11.09.2018 (Семинар)
ИНТЕРЕН МАРКЕТИНГ – СПОЈ НА МАРКЕТИНГОТ И ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ

14.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

14.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

18.09.2018 (Семинар)
ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

21.09.2018 (Семинар)
НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

26.09.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

26.09.2018 (Семинар)
НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ АЛАТКИ И ПОСЕБНИ НАЧИНИ НА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

19.04.2018 - 19.04.2018


Работилница Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ВОВЕД ВО РЕЛАЦИОНИ БАЗИ НА ПОДАТОЦИ


Еднодневна работилница на тема:

ВОВЕД ВО РЕЛАЦИОНИ БАЗИ НА ПОДАТОЦИ

23 април 2018 година (понеделник)
9:30 – 15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 53 на 4-ти кат


 
          Базите на податоци се користат за собирање, чување и манипулација со податоците на чија основа се добиваат информации корисни за управување и одлучување во различни организации, како што се деловни и производни системи, здравство, јавен сектор и сл. Истите секојдневно се користат од поединци преку приватни компјутери, во работни групи преку мрежни сервери и сите вработени преку апликација која се наоѓа во работните системи. Кон базите на податоци можат да пристапат и клиентите и останатите корисници со примена на различни технологии како што се веб-прелистувачите (browsers), смарт телефони, говорни автомати и сл. Менаџерите бараат начин како од базите на податоци брзо да дојдат до нови сознанија кои ќе им овозможат предност во однос на својата конкуренција.

          За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 23 април 2018 година, организира еднодневна работилница на тема: „ВОВЕД ВО РЕЛАЦИОНИ БАЗИ НА ПОДАТОЦИ“. Системот за управување со бази на податоци (DBMS – Data Base Management System) претставува софтверско решение кое се користи за креирање, одржување и координирање со податоците, како и за контрола на правата за пристап до базите на податоци кои го користат SQL (Structured Query Language) како јазик за работење со релационите бази на податоци.

Цел на работилницата

Целта на работилницата е учесниците да се запознаат со релационите бази на податоци и да се оспособат за самостојна примена, инсталирање и подготовка на средината за работа, како и за креирање и управување со базите на податоци.

Целна група 

Работилницата е наменета за сите лица кои имаат основни познавања од работа со компјутери и елементарни знаења од администрирање на системи, мрежни администратори и администратори на системи кои сакаат да научат нешто повеќе за релационите бази на податоци, програмери кои сакаат да развиваат софтвер и да го поврзат со релационите бази на податоци и сите останати кои сакаат да научат како своите податоци да ги чуваат во релациони бази на податоци.
 
ПРОГРАМА:

• Вовед во релациони бази на податоци;
• Инсталација на сервери и потребен софтвер;
• Креирање и поврзување на табели;
• Креирање на прашања и преглед (влечење податоци од база по основ на   различни критериуми преку прашања како би се изработил сеопфатен   извештај со користење на повеќе параметри);
• Трансакции и процедури (автоматизација на одредени активности);
• Работа со податоци сместени во BP (CRUD);
• Администрирање (привилегии и корисници); 
• Практична работа – изработка на лична база на податоци.

Предавач:

- доц. д-р Игор Франц, раководител на Одделението за високотехнолошки криминал на Меѓународниот институт во Белград. Тој е основач и извршен директор на Агенцијата за безбедност на податоци „SECIT security consulting“. Се занимава со информациона безбедност и дигитална форензика повеќе од 12 години и во истата област има докторирано. Со 10-годишно искуство како предавач, автор е на повеќе книги и трудови во областа на ИТ-безбедност и дигитална форензика објавени во меѓународни и домашни списанија. Тој исто така е еден од основачите на Здружението на научници од областа на информационите технологии „Е-сигурност“ од Србија.

Работен јазик за време на семинарот: српски.

НАПОМЕНА: Учесниците е потребно да понесат лап топ, кој ќе им биде потребен за практичниот дел, за изработка на лична база на податоци.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.  

Краен рок за пријавување: 19 април 2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права