24.04.2017 (Бизнис средби)
„Global Business & Markets“ 24-28 април 2017 година во Хановер, Германија

26.04.2017 (Конференција)
Регионалната конференција: „МЕДИЈАЦИЈАТА КАКО ЕФИКАСЕН НАЧИН НА АЛТЕРНАТИВНО РЕШАВАЊЕ НА СТОПАНСКИТЕ СПОРОВИ“

27.04.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИТ-РЕВИЗИЈА

27.04.2017 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

27.04.2017 (Семинар)
ОСНОВИ НА КОНТРОЛИНГОТ ВО ПРОДАЖБА И МАРКЕТИНГ

04.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

05.05.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И УРБАНИЗМОТ

08.05.2017 (Саем)
„MACH-TECH and INDUSTRY DAYS 2017"- 8-10.05.2017, Будимпешта, Унгарија

09.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БУЏЕТИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО

09.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017" 9-10 мај 2017 година во Луксембург

11.05.2017 (Семинар)
ДЕТЕКТИРАНИ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ЕДНОДЕЦЕНИСКИТЕ ИЗМЕНИ НА ОДРЕДБИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ

15.05.2017 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ: МАКЕДОНИЈА – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА,15 МАЈ 2017, СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

15.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ AgroB2B@NSFair " на 15 мај 2017, во Нови Сад, Србија

17.05.2017 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „THE FUTURE OF BUILDING“

23.05.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

23.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ И РЕАЛНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

25.05.2017 (Тренинг обука)
Советување на тема:Антистрес тренинг за ефикасно управување со стрес на работното место (стрес менаџмент стратегии и техники)

06.06.2017 (Саем)
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“ - 6 - 8.06.2017 Сараево, БиХ

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Основни информации

Клуб на фирми за соработка со земјите од Блискиот Исток и Магреб

Во Стопанската комора на Македонија, на 13 септември 2005, формиран е Клуб на фирми за соработка со земјите од Блискиот Исток и Магреб (Јордан, Палестина, Либан, Сирија, Ирак, Иран, Кувајт, Обединети Арапски Емирати, Катар, Бахреин, Саудиска Арабија, Египет, Либија, Тунис, Алжир и Мароко ) со цел ревитализирање на стопанските врски со овие земји. Клубот треба да ја даде поддршката на фирмите преку взаемното информирање и промовирање, воспоставување  коморска соработка и соработка со другите деловни асоцијации, а пред Владата на Република Македонија со иницирање активности за создавање поттикнувачки амбиент за соработка.

За значењето на пазарот на Блискиот Исток зборуваат податоците дека во Емиратите годишниот пораст се движи до 24% од националниот бруто-производ; во Кувајт во наредните 10-15 години се планираат инвестиции  во вредност од 250 милијарди САД долари; во Катар во наредните 6 години се планираат инвестиции во вредност од 60 милијарди САД долари; за 12 месеци Ирак ќе биде отворен за директна соработка, а во Либија, која од минатата година не е под санкции,  е актуелен Проектот "Река на животот" - мрежа за водоснабдување долга 3000 км.  Се оваа укажува на новите можности за настап на нашите фирми, за кои, иако отсатни веќе деценија и пол од Регионот , се уште постои  сеќавање за нивниот добар деловен рејтинг.

Пазарите во Емиратите и во соседните земји бараат висок стандард на стопански операции, стандардизирани производи и услуги, присутна е исклучително остра конкуренција бидејќи на тој пазар се присутни производи, бизниси и работна сила од целиот свет. Овој пазар работи преку сертификација на производите и референци за работење на фирмите, отворање заеднички компании и/или преку агенти кои се домицилни државјани. На македонските фирми и од овој аспект ќе им биде потребна подршката.

Компаниите до Комората да достават информации за проекти за коишто се заинтересирани да најдат странски инвеститори, со дел модернизација и освојување на нови производи, како и условите под коишто се согласни за реализација на тие проекти; да достават предлог-проекти како дел од нивните производни  програми за кои се заинтересирани да се реализираат на пазарите во државите од регионот на принцип на know how; да достават информации за нивните производи кои имаат пазарна позиција во регионот заради проверка на домицилната законска регулатива за нивна сертификација

На основачката седница, триесет фирми пристапија кон Клубот, но тој е отворен и за новите членки (пристапница) Фирмите кои се заинтересирани да се приклучат кон  Клубот можат да ги контактираат:

Претседател на Клубот на фирми за соработка со земјите од Блискиот Исток и Магреб:
Глигор Цветанов, Управен Директор, МАКПРОГРЕС Виница
тел: 00 389 70213029
gligor@makprogres.com.mk

 











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права