23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

30.11.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

04.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Настан)
Симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

14.11.2017


Актуелно  

Регионална конференција во Битола „Шанса за сите“ - ПРЕЗЕНТИРАН ОПЕРАТИВНИОТ ПЛАН ЗА АКТИВНИ МЕРКИ И ПРОГРАМИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ


Во организација на Регионалната комора со седиште во Битола, во соработка со Министерството за труд и социјална политика на РМ, Агенцијата за вработување на РМ, со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), на 13.11.2017 година, во Битола се одржа Регионална конференција за промоција на Програмата „Шанса за сите“, во рамките на Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување во 2017 година.

 

Станува збор за финансиска поддршка за отворање нови работни места преку мерките и програмите дизајнирани за бизнис секторот, насочена кон претпријатијата кои можат да добијат до 615.000 денари неповратна помош.  Мерката беше презентирана пред бизнис заедницата и граѓанскиот сектор во регионот.

Претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола, Мирко Велковски истакна дека целта на стопанството е да се мотивираат младите да се вработуваат во микро и мали претпријатија. Тој потенцираше дека ваквите информативни средби ги содржат сите информации кои ги презентираат компаниите и тие се од корист на младите луѓе, дотолку повеќе што досега дел од мерките не беа искористени и истакна очекување, мерките што сега ги нуди новата Влада да помогнат во стимулирање на компаниите, нивна поголема конкурентност, а со самото тоа и можност за вработување на младите. Тој уште еднаш ги нагласи заложбата и поддршката на Стопанската комора на Македонија за што поскоро имплементирање на дуалното образование во наставниот процес за вкупен економски општествен бенефит.

Од страна на Агенцијата за вработување на РМ, директорката на Центарот за вработување во Битола, Јешим Сејфуловска посочи дека имплементацијата на Оперативната програма содржи најразлични активни мерки, вклучувајќи субвенционирано вработување и други различни обуки за мирко, мали и средни претпријатија. Таа нагласи дека Оперативната програма нуди најразлични мерки за вработување, услуги за невработени лица и програми за усовршување и затоа треба да се искористи оваа поволност и можност.

Во име на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), пред присутните говореше Сузана Ахмети-Јањиќ, која истакна дека намалувањето на високата стапка на невработеност во земјата е огромен предизвик и главен приоритет. Одржливиот развој на земјата зависи од успехот во создавање  нови работни места и развој на вештини меѓу невработените кои се совпаѓаат со потребите на пазарот на трудот. Оваа програма е развиена и имплементирана од страна на Владата на РМ и УНДП. Таа стана суштински дел од стратегијата за вработување на земјата и е една од активните мерки на пазарот на трудот на националниот Оперативен план за вработување. Овие мерки се дизајнирани да промовираат паметен, одржлив и социјално инклузивен раст.

На средбата околу 100-тина присутни стопанственици имаа можност да ги слушнат објаснувањата од тимот вклучен во реализацијата на бизнис мерките, но и да разменат искуства и идни планови поврзани со развојот на приватниот сектор во државата.

м-р Никола Димковски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права