Семинар 30.03.2020 ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ПРИ ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО И ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА ОД РАБОТЕН ОДНОС

Стопанска комора на Македонија


   

 

Еднодневна работилница на тема:

ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ПРИ ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО И ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА ОД РАБОТЕН ОДНОС
-Плаќање на работата, јубилејни награди, отпремнини, испратнини и механизми и постапка за заштита од дискриминација и психичко вознемирување-мобинг во работниот однос-

22.04.2020 година (среда)
10:00-15:15 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


Стопанската комора на Македонија, на 22 април 2020 година, организира еднодневна работилница на тема: „Обврски на работодавачите при обезбедувањето и заштитата на правата од работен однос“. Со обработката на оваа секогаш актуелна и исклучително значајна тема, сите слушатели ќе се стекнат со темелни знаења и информации за обврските на работодавачите во процесот на обезбедувањето и заштитата на правата од работен однос.
Дискусијата особено ќе биде фокусирана на прашањата за плаќањето на работата како сложена категорија составена од повеќе елементи. Потоа, ќе се разјаснат специфичностите на јубилејните награди, отпремнините и испратнините како права на вработените. Конечно, ќе се посвети особено внимание на постапката за заштита од дискриминација и мобинг кај работодавачот, а во насока на зголемување на информираноста на слушателите за законската регулираност на овие институти, како и нивните права и обврски при воспоставувањето механизми за спречување на истите. Неопходноста од последното се огледува во зачестените судски постапки по основ на заштита од дискриминација и мобинг, а сé уште недоволно актуелизираната дискусија по однос на прашањата за нивниот поим и значење.
 Работилницата ќе се реализира со исклучително интерактивен пристап, со амбиција за одговор на сите пројавени прашања и дилеми, додека темата ќе биде обработена преку бројни практични примери од секојдневното работење и од судската пракса.

ПРОГРАМА

I. ПЛАЌАЊЕ НА РАБОТАТА
   - Законска регулатива
   - Закон за работни односи;
   - Колективни договори.
   - Поим на плата
   - Основна плата;
   - Додатоци за работна успешност;
   - Додатоци кои произлегуваат од распоред на работно време.
   - Обврски на работодавачот во врска со пресметката и исплаќањето на плата
   - Месечна и годишна пресметка на плата.
   - ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ

II. НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА
    - Пресметка на надомест на плата по основ на боледување
    - Законска регулатива;
    - Исплата на боледување на товар на работодавач;
    - Исплата на боледување на товар на Фонд за здравствено осигурување;
    - Пресметка на надомест на плата по основ на годишен одмор
    - Определување за секој вработен одделно, стекнување право за цел годишен одмор, пропорционален дел од годишен одмор користење на годишен одмор, потврда за искористен годишен одмор, надоместок за неискористен годишен одмор, надоместок на плата за годишен одмор;
    - Неплатено отсуство.
    - ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ

III. ЈУБИЛЕЈНИ НАГРАДИ, ИСПРАТНИНИ, ОТПРЕМНИНИ
    - Висина;
    - Услови за определување.
    - ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ 

IV. МЕХАНИЗМИ И ПОСТАПКА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА 

   - Забрана за дискриминација;
   - Дискриминаторски основи;
   - Видови дискриминација:
   - Директна;
   - Индиректна;
   - Заштита од дискриминација на работничка по основ на бременост, раѓање и
     родителство;
   - Исклучоци од забраната за дискриминација;
   - Вознемирување и полово вознемирување;
   - Надомест на штета од дискриминација и товар на докажување;
   - ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ.

V. ПСИХИЧКО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО-МОБИНГ
   - Поим на мобинг;
   - Видови забрането однесување;
   - Препознавање и идентификување на мобинг;
   - Постапка за заштита од мобинг;
   - ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ.

Предавачи:

- Викторија Спасовска – Симоноска, адвокат во Адвокатско друштво „Гоџо, Кичеец и Новаковски“, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото право.

- Александар Гоџо, адвокат, предавач и тренер на обуки и семинари од сите области на правото со екстензивно искуство во застапување и решавање на спорови пред домашни и меѓународни форуми, помеѓу кои ICSID при Светска банка Вашингтон и Европски суд за човекови права-ECHR. Член на постојаниот арбитражен суд, член на групата за стратешко застапување при МЗМП, ко-автор на Прирачник за правнички вештини, национален тутор на HELP програмата на Совет на Европа. Активен учесник во истражувачки проекти и проекти за јакнење на капацитетите на судството.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 16.04.2020 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Бизнис средби, 09.06.2020
Он-лине Б2Б средби на тема: „Жените и мажите во градежниот сектор во Дунавскиот регион и пошироко: Соочување со новите предизвици“
Семинар, 11.06.2020
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ
Семинар, 17.06.2020
ДИЗАЈН НА ЕФИКАСНА ОРГАНИЗАЦИСКА ЛОГИСТИКА
Работилница, 18.06.2020
ИНТЕРНИ МЕРКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЕФЕКТИТЕ ОД ОГРАНИЧУВАЊЕТО ИЛИ ПРЕКИНОТ НА РАБОТНИОТ ПРОЦЕС
Работилница, 24.06.2020
ОНЛАЈН АЛАТКА ЗА ЕФИКАСЕН РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИОТ КАПИТАЛ НА КОМПАНИИТЕ
Семинар, 25.06.2020
ЕМОЦИОНАЛНО ИНТЕЛИГЕНТНО ЛИДЕРСТВО ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА
Семинар, 26.06.2020
ОТСУСТВО ОД РАБОТА СО НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА
Семинар, 29.06.2020
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЕКСЕЛ (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ, ПИВОТ ТАБЕЛИ И КОНТРОЛНИ ТАБЛИ) СО ПРИМЕРИ ВО МАГАЦИНСКОТО РАБОТЕЊЕ
Семинар, 02.07.2020
ОРГАНИЗАЦИЈА И РЕАЛИЗАЦИЈА, НА РАБОТЕЊЕТО ВО ПИСАРНИЦАТА, УПРАВУВАЊЕ СО СПИСИТЕ И АКТИТЕ ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Конференција, 16.09.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 16-18 септември 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина