Семинар 30.01.2020 ПРЕКРШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС И ПРЕВЕНЦИЈА НА ПРОПУСТИ НА СУБЈЕКТИТЕ ВО ПРИМЕНАТА НА ПРОПИСИТЕ ОД ОБЛАСТА НА ТРУДОТ

Стопанска комора на Македонија

Еднодневна работилница на тема:

ПРЕКРШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС И ПРЕВЕНЦИЈА НА ПРОПУСТИ НА СУБЈЕКТИТЕ ВО ПРИМЕНАТА НА ПРОПИСИТЕ ОД ОБЛАСТА НА ТРУДОТ

30.01.2020 година (четврток)
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


Стопанската комора на Македонија, на 30 јануари 2020, организира еднодневна работилница на тема: „Прекршоци од работен однос и превенција на пропусти на субјектите во примената на прописите од областа на трудот“ со цел да се анализираат причините за најчестите прекршоци од работен однос и да се информираат работодавачите како истите најцелисходно да ги превенираат и избегнат, а во насока на што поголема заштита на нивните права и обврски.
Работилницата ќе биде концепирана на начин што преку практични примери, дискусија и одговор на сите прашања и дилеми на присутните слушатели, ќе се направи опфат на областите на работните односи каде најчесто се констатираат прекршоци и кои најмногу доаѓаат до израз при инспекцискиот надзор. Дел од темите за кои ќе се дискутира вклучуваат: засновање на работен однос со соодветен договор за вработување, правилно управување со обврските по однос на распоредот на работното време, паузите и одморите, како и обврските кои произлегуваат од исплаќањето на плата.
Конечно, ќе биде направен и преглед на постапката за инспекциски надзор, со напомени за превентивно дејствување на работодавачите, укажување за отстранување на повреди на закон и други прописи, спроведување едукација, сé со цел избегнување на пропишаните глоби.


ПРОГРАМА

I. РЕЛЕВАНТНА ЗАКОНСКА И ПОДЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА
- Закон за работни односи;
- Општ колективен договор и колективен договор на ниво на гранка;
- Правилници кои произлегуваат од Законот за работни односи;
- Корисни документи за работодавачите: контролни листи на побарувани акти и документи во насока на превентивна заштита.
- ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ.

II. ПРЕКРШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС СО ОСВРТ НА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР
- Засновање на работен однос:
- Постапка за избор на кандидат;
- Состав, употреба на соодветен договор за вработување и негова достава до работникот;
- Задолжителни елементи на договорот за вработување, измена и дополнување на договорот за вработување.
- Работно време, паузи и одмори:
- Полно и скратено работно време, сменско работење, прекувремена работа, работа ноќе, нивна евиденција и обврска за пријава во Државниот инспекторат за труд;
- Паузи за време на работното време;
- Дневен, неделен и годишен одмор (Определување за секој вработен одделно, стекнување право за цел годишен одмор, пропорционален дел од годишен одмор, користење годишен одмор, потврда за искористен годишен одмор, надоместок за неискористен годишен одмор).
- ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ.

III. ПЛАТА И ИСПЛАЌАЊЕ НА ПЛАТА
- Обврски на работодавачот во врска со пресметката и исплаќањето на плата;
- Додатоци на плата кои произлегуваат од распоредот на работното време, основи за надомест на плата и трошоци поврзани со работењето;
- Месечна и годишна пресметка на плата.
- ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ.

IV. ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА И ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР
- Надзор од страна на инспекцијата на трудот и нејзини овластувања;
- Укажување за отстранување на повреди на закон и други прописи и спроведување едукација;
- Забрана за вршење на работи на работодавачот.

- ПОКРЕНУВАЊЕ НА ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА
- Одлагање на извршување на одлука;
- Право на жалба;
- Основи за прекршочна одговорност;
- Пропишани глоби.
- ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ.

Предавачи:
- Викторија Спасовска-Симоноска, адвокат, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од деловното и трудовото право.

- Трајче Костески, државен инспектор - советник по труд за Регион 7 при Секторот за инспекциски надзор од областа на работните односи во Државниот инспекторат за труд на Република Северна Македонија;


За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 29.01.2020 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 06.10.2020
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Online Бизнис средби, 08.10.2020
за учество на „виртуелен“- он-лине брокерски настан - The VIRTUAL BROKERAGE EVENT - INNOVATION VILLAGE 2020- VBE-IV2020
Саем, 14.10.2020
Меѓународен „онлајн“ индустриски саем „ТеМЕкс“
Семинар, 14.10.2020
ИЗГОТВУВАЊЕ НА ПЛАН И ЛИСТА НА АРХИВСКИ ЗНАЦИ СО РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ, ИЗБОР НА КОМИСИЈА ЗА НЕГОВО ИЗГОТВУВАЊЕ, ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПОПИС НА ДОКУМЕНТИ ЗА ТЕКОВНА 2021 ГОДИНА ВО ПРЕДВИДЕН ЗАКОНСКИ РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ДО ДРЖАВЕН АРХИВ НА РСМ
Семинар, 15.10.2020
ВРШЕЊЕ ВИДЕО НАДЗОР СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ И ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ИСТИОТ
Саем, 16.10.2020
„CII AGRO & FOOD TECH“- ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН САЕМ ЗА ХРАНА И АГРОКУЛТУРА -ИНДИЈА 2020
Работилница, 19.10.2020
БОЛЕДУВАЊЕ, БРЕМЕНОСТ, РАЃАЊЕ И МАЈЧИНСТВО И ДРУГИ ОСНОВИ ЗА ИСПЛАЌАЊЕ НА НАДОМЕСТОЦИ,ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА И ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТЕЊЕТО НА ТОВАР НА РАБОТОДАВАЧОТ
Семинар, 21.10.2020
ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ВО КРИЗНАТА 2020 ГОДИНА
Саем, 21.10.2020
Саем за директни бизнис средби „Братислава 2020“
Семинар, 28.10.2020
УПРАВУВАЊЕ СО НАБАВКИТЕ И ВЕШТИНИ ЗА ПРЕГОВАРАЊЕ
Семинар, 30.10.2020
ТЕХНИКИ И АЛАТКИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА Е-ПРОДАЖБАТА
Семинар, 30.10.2020
ОСНОВИ НА БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ ИНФРАСТРУКТУРА ВО КОМПАНИИТЕ
Online Бизнис средби, 18.11.2020
УЧЕСТВО НА „ВИРТУЕЛЕН“- БРОКЕРСКИ НАСТАН И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ НА ТЕМА: „ БЕ@СММ2020-ВМРЕЖУВАЊЕ ВО ПАМЕТНАТА ПРЕРАБОТУВАЧКА ДЕЈНОСТ 2020“