ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ЗА 2020 ГОДИНА, ОБЈАВЕНА ВО „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 7 ОД 13 ЈАНУАРИ 2020 ГОДИНА



Врз основа на член 57 став 1 од Законот за туристичката дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/04, 89/08, 12/09, 17/11, 47/11, 53/11, 123/12, 164/13, 27/14, 116/15, 192/15 и 53/16) и член 9 став 2 од Законот за таксата за привремен престој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 19/96, 26/02, 51/03, 88/08, 17/11 и 192/15), Владата на Република Северна Македонија, донесе

- Програма за развој на туризмот за 2020 година

Средствата за реализација на оваа програма се утврдени во Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 265/19), раздел 10001 - Министерство за економија, во Подпрограма 14 - Развој на туризмот во Република Северна Македонија, на категориите 42 - стоки и услуги, 46 - субвенции и трансфери и 48 - Капитални расходи, планирани се во Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година финансиски средства во износ од 24.000.000,00 денари.

Средствата од оваа програма ќе се користат за следните активности:

1. Меѓународна и билатерална соработка во туризмот

2. Едукација и тренинг обуки во туризмот и угостителството

3. Уредување на една пештера за туристичка намена

4. Поддршка на Активен туризам

5. Субвенции за туристички цели на селски домаќинства

6. Проектирање на три идејни решенија за објекти од Студијата за неискористени објекти во Република Северна Македонија

7. Подготовка на „Бренд стратегија” за туризам

8. Изготвување на водич за рурален туризам

9. Субвенции за туристички манифестации, проекти и форуми од областа на туризмот

10. Еко акција за чистење на туристичките центри низ државата и Кампања за безбедно патување

11. Надградба на системот за мобилна апликација „Visit Macedonia“

12. Oдбележување на Светскиот ден на туризмот со доделување на признанија за најуспешните од областа на туризмот

13. Изготвување на студија за развој на човечките ресурси од туризмот и угостителството во Република Северна Македонија

14. Печатење на промотивни материјали од областа на туризмот


Контакт лице: Љупка И.Самарџиска
Телефон: ++ 389 2 3244018, M. 070 389 636
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ljupka@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје