ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Успешни приказни
21.06.2019 👁 Прочитано: 1611

Пабло Исла: Најдобриот менаџер на светот кој докажува дека може да се биде скромен и голем


Името Inditex можеби на прва не ви е познато, но брендовите зад кои стои оваа мултинационална компанија сигурно се познати на речиси секој човек. Zara, Massimo Dutti, Bershka, Pull & Bear, Stradivarius, Oysho, Uterque, Zara Home…се брендовите кои влегуваат во рамки на шпанската групација Inditex, која важи за една од најголемите трговци со облека во светот. Кога се зборува за успехот на Inditex не може тој да не се поврзе со името на Пабло Исла, кој веќе веќе 14 години е на чело на оваа групација, за кој период пазарната вредност на компанијата и приходите се неколкукратно зголемени, што не е лошо за некој кој сакал да биде адвокат. Но, Пабло Исла има признание за неговите лидерски способности повеќе отколку што би посакал секој менаџер во светот. Веќе втора година по ред е прогласен од страна на угледниот бизнис магазин Harward Business Review за менаџер со најдобри резултати или top performing CEO во светот. Но, она што стои зад успехот на Пабло Исла е неговиот менаџерски стил, кој ако треба да се опише со еден збор, тоа би бил зборот скромност.

Името Inditex можеби на прва не ви е познато, но брендовите зад кои стои оваа мултинационална компанија сигурно се познати на речиси секој човек. Zara, Massimo Dutti, Bershka, Pull & Bear, Stradivarius, Oysho, Uterque, Zara Home…се брендовите кои влегуваат во рамки на шпанската групација Inditex, која важи за една од најголемите трговци со облека во светот со 7.400 продавници во 96 различни земји.

Иако империјата Inditex ја има основано еден од најбогатите луѓе во Шпанија и светот, Армансио Ортега, кога се зборува за успехот на Inditex не може тој да не се поврзе со името на Пабло Исла. Исла е веќе 14 години е на чело на оваа групација. За време на неговиот 14 годишен мандат компанијата ја зголеми седумкратно својата пазарна вредност, се вклучи во глобалната експанзија со отворање на нови продавница во просек по една дневно и стана највредна шпанска компанија. Исла избра победнички стратегии како интегрирање на искуството за купување преку Интернет и во продавница за да обезбеди стабилност и да се фокусира на способноста за брзо реагирање на модните трендови со интегриран синџир на снабдување.

Но, она што стои зад успехот на Пабло Исла е неговиот менаџерски стил, кој ако треба да се опише со еден збор, тоа би бил зборот скромност.

Пабло Исла има признание за неговите лидерски повеќе отколку што би посакал секој менаџер во светот. Веќе втора година е прогласен од страна на угледниот бизнис магазин Harvard Business Review за менаџер со најдобри резултати или top performing CEO во светот, во конкуренција од повеќе од 900 менаџери од 31 различна земја низ светот. Тоа, мора да се признае, не е лошо за некој што сакал да биде адвокат.

Во деловното опкружување кое повеќето менаџер се опседнати со цената на акциите и кварталните резултати, рангирањето на Harvard Business Review има подолгорочен пристап и ги мери перформансите на извршните директори за целата должина на нивниот мандат. При тоа се евалуираат показателите за целокупниот поврат за акционерите, зголемувањето на маркетиншката капитализација, како и социјалните и показателите за животната средина.

И покрај силно конкурентното опкружување, Inditex успева да се шири на нови пазари, да остварува добри резултати и во време на должничка криза криза, силна конкуренција и многу неизвесност на глобално ниво.

Исла се придружил во Inditex во 2005 година, а претходно веќе има добра репутација во бизнисот, како висок менаџер во еден од одделите на Banco Popular, една од најголемите финансиски институции во Шпанија.

Денешната империја Inditex ја има основано Амансио Ортега, денеска еден од најбогатите луѓе во светот, во далечната 1963 година со само една продавница. За 10 години компанијата вработувала 500 луѓе, а во 1975 година ја отворил првата Zara продавница. Од своите скромни почетоци Ортега успеал да изгради глобална империја и да стане најбогат човек во Шпанија, а неговата компанија највредна шпанска компанија.

Приходите на Inditex во 2017 година достигнаа 25,3 милијарди евра, а профитот цели 3,3 милијарди евра.

Голем дел од успехот на Inditex се должи и на управувачките вештини на Пабло Исла, кој има голема доверба кај основачот Ортега, кој практички му го има препуштено неговото бизнис царство.

Иако Inditex е сега голема мултинационална компанија Исла е внимателен да не ги прекине врските со минатото. Седиштето на компанијата е се уште во малото гратче Коруна, на северот на Шпанија, каде Ортега ја отворил првата продавница на Zara.

Една од главните карактеристики кои го одвојува Пабло Исла од другите менаџери е неговиот стил на управување, кој е скромен, непосреден и без форсирање на компаниската хиерархија во управувањето и одлучувањето.

Исла има 30 годишно бизнис искуство, вклучително и високи менаџерски позиции во некои од најголемите компании во Шпанија, тој форсира инклузивна компаниска култура и преферира да се движи слободно низ канцелариите, отколку да се заклучува во неговиот кабинет и собите за состаноци.

Исла исто така инсистира да ја награди добрата работа. Во 2017 година повеќе од 25.000 вработени во Inditex добија некоја форма на промоција. Охрабрувајќи го личниот развој, продуктивноста во компанијата е подобрена, а одливот на работници е намалена.

Во едно свое интервју во Harvard Business Review Исла дека неговиот менаџмент стил еволуирал со тек на времето и станал помалку фокусиран на бројките во билансите, а повеќе на градење на релации.

“Во управувањето со компанија се разбира дека треба да се биде рационален .Раководам компанија со повеќе од 150 илјади вработени и милиони потрошувачи. Но, постепено учам да бидам помалку рационален и повеќе емоционален. Мотивирањето на луѓето и создавање на чувство на припадност во рамки на компанијата се клучни улоги во улогата на еден ЦЕО. Треба да им се обратиме и на емоциите на нашите вработени за да создадеме средина каде тие ќе можат да бидат иновативни”, вели Исла.

Првиот човек на Inditex целосно разбира дека вработените се крвотокот во секоја компанија. За време на клучни отварања на продавници, Исла секогаш упорно настојува дека компанијата, а не тој самиот треба да биде во фокусот на јавноста.

“Она што сакаме да биде релевантно е компанијата или отварањето на новата продавница, што е секогаш резултат на работењето на тим на луѓе, а не само на работата на еден човек. Силата на нашата компанија е во комбинацијата од сите вработени. Како компанија се трудиме да бидеме скромни, но со силни амбиции. И ако имаме отварање на нова продавница сакаме тоа да биде во фокусот на јавноста, а не менаџерот на компанијата”, вели Иска.

Заради тоатој има репутација на срамежлив и повлечен лидер. Сепак, неговиот успех потврдува дека е можно да си повлечен и амбициозен во исто време.

Исла се фокусира на она што е навистина значајно, а тоа се потрошувачите и вработените, што се покажува како паметна стратегија.

Тоа го потврдуваат и бројките. Приходите на Inditex во изминатите три години се зголемени за повеќе од 40%, а профитната маржа од 17% е многу повисока од профитните маржи со кои работат останатите нивни конкуренти.

Една од клучните цели на Исла е како компанијата да се шири на нови пазари. Од 2005 година кога е на чело на Inditex, Исла ја има големата слика пред себе.

Во 2017 година Зара ја отвори својата прва продавница во Индија и за првпат влегоа на пазарот во Белорусија, со што Inditex е присутна на вкупно 96 пазари.

“Во изминатите шест години отворивме 2.994 нови продавници, а редизајниравме над 2.100 други продавници, со што имаме над 7.500 продавници низ светот, од кои над 80% се во согласност со нашите еко-пријателски критериуми”, вели Исла.

Покрај со отварање на нови продавници, растот на Inditex се базира и на напредни пристапи за онлајн продажба. Платформата на Inditex за онлајн продажба е активна во 47 пазари, а приходите генерирани преку онлајн продажби минатата година имаат годишен раст од 41%. Приходите од онлајн продажби сега учествуваат со 10% во вкупните приходи од продажба на компанијата. Плановите на Исла се до 2020 година да се воведе онлајн продажба на сите брендови на Inditex во целиот свет.

Моментално, околу 16,3% од продажбите на Inditex доаѓаат од Шпанија, која е домашен пазар на компанијата, додека 44,9% доаѓаат од останатиот дел од Европа, 15,6% од американскиот пазар и 23,2% од останатиот дел од светот.

Превземено од: Капитал.мк

Пабло Исла: Најдобриот менаџер на светот кој докажува дека може да се биде скромен и голем