25.10.2018 (Семинар)
НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД БОЛЕДУВАЊЕ, ПРИЧИНИ ЗА КОНТИНУИРАНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА

26.10.2018 (Семинар)
УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

29.10.2018 (Семинар)
АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

31.10.2018 (Семинар)
ЕФЕКТИВЕН ПРИСТАП И КОРИСНИ АЛАТКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПРОДАЖБА И ПРЕГОВАРАЊЕ

31.10.2018 (Семинар)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

31.10.2018 (Бизнис средби)
Match4Industry Business Matching Индустриски саем и бизнис средби -Коџаели, Р.Турција

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународната конференција за текстил за градежништво, медицина и здравствена заштита, машини за текстил и нови технологии и деловни средби, 29-30 ноември 2018 година, Ахен, Германија

Бизнис-настани

20.09.2018 - 20.09.2018


Бизнис средби Скопје,  Македонија

МАКЕДОНСКО-АВСТРИСКИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - 20.09.2018 СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА


 

МАКЕДОНСКО-АВСТРИСКИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ

20 септември 2018 година (четврток)
Стопанска комора на Македонија
 (сала 4 на 5-ти кат)

 Почитувани,

     Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка помеѓу Република Македонија и Република Австрија, Стопанската комора на Македонија и Трговското одделение на Амбасадата на Австрија во Република Македонија организираат Македонско-австриски деловни средби.


    Билатералните средби ќе се одржат во рамките на трговската мисија на Стопанската комора на Австрија, а како дел од делегацијата ќе бидат присутни и еминентни австриски бизнисмени со кои што македонските компании ќе имаат можност да остварат директни бизнис-средби од областа на металната и метало-преработувачката индустрија, поконкретно во делот на:

• производство на метални конструкции и делови на конструкции;
• производство на садови, префабрикувани гасоводи, хидраулични агрегати и механичка обработка;
• производство на метални и челични делови;
• добавувачи на компоненти за земјоделски машини;
• добавувачи на заварени констукции од алуминиум, повеќе компонентни конструкции и монтажа, лиење и обработка на лиени делови, обработка на делови на автоматски струг и ЦНЦ машини;
• заварување и обработка на метали и др.

Македонско-австриските деловни средби ќе се одржат на 20 септември 2018 година (четврток), со почеток во 9:30 часот, во Стопанската комора на Македонија,  сала 4 на 5-ти кат.


    Ве покануваме да земете учество на презентацијата на австриските компании и на деловните средби, на коишто ќе можете да воспоставите директни контакти, размена на искуства и натамошна бизнис-комуникација.

     Македонските компании кои сакаат да учествуваат на овие деловни средби своето учество можат да го пријават најдоцна до 17 септември 2018 година, за да може да се организираат средби со соодветни партнери.

Контакт:
м-р Сања Николова 
Телефон: ++ 389 2 3244091 
E-адреса: sanja@mchamber.mk  


Прилог:
• Агенда;
• Пријавeн лист и
• Список на австриски компании.

 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Сања Николова
Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: Sanja@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права