11.12.2018 (Семинар)
Еднодневна специјалистичка обука на тема: DMFEA Design Failure Mode and Effect Analysis АНАЛИЗА НА РИЗИКОТ И ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ГРЕШКИТЕ НАПРАВЕНИ ВО ПРОЦЕСОТ И ВО ПРОИЗВОДОТ

11.12.2018 (Форум)
ФОРУМ НА ТЕМА:СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И ЕФЕКТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ЗА НЕГОВА ПОДДРШКА, СКОПЈЕ

12.12.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ – СТРЕСОТ КАКО СОЈУЗНИК

13.12.2018 (Семинар)
Дводневен семинар: Мерење на вкупни трошоци од боледување, идентификација на причини за континуирано отсуство од работа – апсентизам

13.12.2018 (Трибина)
Покана за трибина на тема: „Предизвиците на регионалната економска соработка“ со Александар Влаховиќ

17.12.2018 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

18.12.2018 (Семинар)
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА (EQ)

20.12.2018 (Семинар)
МОДЕРНИ АНАЛИТИЧКИ ТЕХНИКИ ЗА БИЗНИС АНАЛИЗА

21.12.2018 (Семинар)
КАКО ДА СЕ ГЕНЕРИРААТ КВАЛИТЕТНИ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ?

24.12.2018 (Семинар)
Еднодневна работилница на тема:ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ ПОМЕЃУ ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ И НАЧИНИ ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊЕ

Понуда/Побарувачка


Тип:
Понуда
Датум на внес : 25.10.2018
Валидност до: 23.10.2019
Краток опис : АКТИВА ИНЖЕНЕРИНГ e компанија од градежната и металната индустрија и опфаќа се на едно место: проектирање, изведба, надзор и ревизија на градби од прва категорија.
Опширен опис : АКТИВА ИНЖЕНЕРИНГ е водечки градежен бренд, најуспешна компанија и најголем изведувач во делот на изведбата на комерцијални и деловни објекти. Компанијата е позиционирана во срцето на индустрискиот регион во Штип и како приватна компанија, прва започна да функционира во овој дел од металската индустрија. Компанијата функционира успешно две децении и претставува синоним за стабилна и квалитетна изведба за што сведочат бројните задоволни инвеститори. Поседуваме високостручен, искусен, докажан, едуциран и професионален тим. Во текот на своето функционирање АКТИВА ИНЖЕНЕРИНГ успешно менаџира и работи на огромен број проекти и притоа се стекна со сеопфатно знаење и искуство за градежната индустрија, вложувајќи ги потоа во секој сегмент во бизнисот. Нашите искуства не инспирираа да ги подигнеме стандардите на индустријата, докажувајќи дека до квалитетот може да се стигне единствено со фер цена. Ние претставуваме градежна компанија која обезбедува супериорни, квалитетни градежни услуги и оперативна совршеност преку ефикасно планирање, директна комуникација и конкурентни цени. Нашиот тим е исклучително искусен во проценувањето, управувањето, изводливоста и финансирањето на различни видови проекти. Подобрувањето на ова сеопфатно искуство и знаење гарантира дека клиентите добиваат квалитетна работа, фер цени и посветено внимание на нивниот проект. Со текот на годините АКТИВА ИНЖЕНЕРИНГ има изградено односи со врвни добавувачи и подизведувачи во индустријата и сите се придржуваат кон нашите високи стандарди за квалитет. Ние користиме високо развиен систем на планирање и соработка со клиентите пред почетокот на секој проект за да ги отвориме линиите за комуникација и да воспоставиме јасни насоки (т.е. буџет, распоред, начин на изведба итн.). Согласно европското законодавство, АКТИВА ИНЖЕНЕРИНГ е меѓународно сертифицирана компанија од градежниот сектор. Специјализирани сме и лиценцирани за изведба на градби од прва категорија, со лиценца А издадена од министерството за транспорт и врски на Република Македонија и комплетна ISO стандардизација. Во своето работење компанијата ги применува современите европски стандарди и иновации за сигурно, квалитетно и економично градење. Дејноста на АКТИВА ИНЖЕНЕРИНГ во градежната и металската индустрија опфаќа се на едно место: проектирање, изведба, надзор и ревизија на градби од прва категорија. Потоа секаков вид преработка на метали, комплет инженеринг услуги, консалтинг, инвестирање, трговија. Специјалност при изведба на комерцијални и деловни објекти: -производство и монтажа на секаков вид челични конструкции; -покривачки, фасадерски и лимарски работи со панелни системи или профилирани и пластифицирани лимови; -инсталации за греење, ладење и климатизација (HVAC); -електрични инсталации и автоматизација; -производство и монтажа на метални носачи на кабли и додатни спојни елементи; -инсталации за водовод и канализација; -изведба на хоризонтални и вертикални резервоари за потребни намени; -производство на процесна технолошка опрема за винарската индустрија, рафинерии за масло, складови и манипулација со горива ; -Заварени рамки, заварени склопови, машински делови, столбови, заварени челични конструкции - исто така со машинска обработка, ласерска обработка на метални делови, делови за ласерско заварување; -комплет инженеринг услуги и сл. АКТИВА Инженеринг исто така како компанија инвестираше како водечка точка за успех и отворање на нови пазари во Системот за управување со квалитет, кој вклучува највисоки сертификати во индустријата за производство на метали: EN ISO 9001: 2015 - ЕН ISO 15085-2 CL1 EN ISO 3834-2-EN ISO 14001: 2015 EN ISO 1090 EXC-3-на ISO 18001: 2015 OHSAS.
Вид на соработка: Производи, производство
Област на соработка : Градежништво
Клучни зборови: градежништво
Понудата се однесува на: Сите земји



Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Белинда Миновска
Тел: ++ 389 2 3244036 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: belinda@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права