19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

21.02.2019 (Семинар)
НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

22.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: СИСТЕМАТИЗИРАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА - ЕФИКАСНА КОМУНИКАЦИЈА ВНАТРЕ ВО КОМПАНИЈАТА И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ -

25.02.2019 (Работилница)
Правна заштита на правните субјекти преку правилно утврдување и уредно исполнување на договорните обврски во домашниот и во надворешниот промет

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

26.02.2019 (Семинар)
ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА ЕРГОНОМИЈАТА И НЕЈЗИНАТА УЛОГА ВО БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

28.02.2019 (Семинар)
ЗАТВОРАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА - ИСПОЛНУВАЊЕ, КОМПЕНЗАЦИЈА, ОТПУШТАЊЕ ДОЛГ, НОВАЦИЈА, ЗАСТАРЕНОСТ, ЦЕСИЈА, ЗАСМЕТУВАЊЕ НА ИСПОЛНУВАЊЕ, ДОГОВОР ЗА ФАКТОРИНГ

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

12.03.2019 (Семинар)
НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

15.03.2019 (Академија)
АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-

21.03.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

01.04.2019 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ ВО ХАНОВЕР, СР ГЕРМАНИЈА, ОД 1 ДО 4 АПРИЛ 2019 ГОДИНА

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Бизнис-настани

19.10.2018 - 19.10.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

СТЕКНУВАЊЕ БЕЗ ОСНОВ КАКО ПРАВНА ПОСЛЕДИЦА ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДОГОВОРИТЕ ОБЕЗБЕДЕНИ СО ЗАЛОЖНО ПРАВО


Еднодневен семинар на тема:

СТЕКНУВАЊЕ БЕЗ ОСНОВ КАКО ПРАВНА ПОСЛЕДИЦА ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДОГОВОРИТЕ ОБЕЗБЕДЕНИ СО ЗАЛОЖНО ПРАВО

19.10.2018 година
9:30-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

 

          Стопанската комора на Македонија, на 19 октомври 2018 година, организира еднодневен семинар чија цел ќе биде детална разработка на одредбите од Законот за облигационите односи кои се однесуваат на институтот стекнување без основ, разграничување со другите правни  институти по Законот за облигациони односи,  како и судските спорови кои се однесуваат на тужбени барања за стекнување без основ кои произлегуваат од реализацијата на договорите, со посебен осврт на договорите обезбедени со заложно право .

        На семинарот ќе се пристапи кон теоретски дел со анализа на конкретни законски одредби кои се однесуваат на темата, како и дилемите и спорните правни прашања кои се јавуваат во судската практика, преку анализа на примери од правосилни судски одлуки .

Програма

- Стекнување без основ - поим и карактеристики;
- Разграничување со другите правни институти предвидени во Законот за
  облигациони односи;
- Одредби од облигациони односи и Законот за договорен залог кои најчесто се  применуваат во судските постапки по тужби за стекнување без основ кои произлегуваат од реализацијата на договорите обезбедени со заложното право и други договори;
- Дилеми и спорни правни прашања;
- Примери од судската практика.

       Овој семинар е наменет за вработените во правните служби, на правните лица, адвокатите и за законските застапници, нотарите и извршителите.

Предавачи:

- Кети Германова,  судија во Основен суд Скопје 2 – Скопје и
- Љубица Колиќ, судија во Основен суд Скопје 2 - Скопје.


За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до 17.10.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права