11.12.2018 (Семинар)
Еднодневна специјалистичка обука на тема: DMFEA Design Failure Mode and Effect Analysis АНАЛИЗА НА РИЗИКОТ И ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ГРЕШКИТЕ НАПРАВЕНИ ВО ПРОЦЕСОТ И ВО ПРОИЗВОДОТ

11.12.2018 (Форум)
ФОРУМ НА ТЕМА:СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И ЕФЕКТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ЗА НЕГОВА ПОДДРШКА, СКОПЈЕ

12.12.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ – СТРЕСОТ КАКО СОЈУЗНИК

13.12.2018 (Семинар)
Дводневен семинар: Мерење на вкупни трошоци од боледување, идентификација на причини за континуирано отсуство од работа – апсентизам

13.12.2018 (Трибина)
Покана за трибина на тема: „Предизвиците на регионалната економска соработка“ со Александар Влаховиќ

14.12.2018 (Семинар)
ОСНОВИ НА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ СОГЛАСНО БАРАЊАТА НА СТАНДАРДОТ ISO 31000:2018

17.12.2018 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

18.12.2018 (Семинар)
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА (EQ)

20.12.2018 (Семинар)
МОДЕРНИ АНАЛИТИЧКИ ТЕХНИКИ ЗА БИЗНИС АНАЛИЗА

21.12.2018 (Семинар)
КАКО ДА СЕ ГЕНЕРИРААТ КВАЛИТЕТНИ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ?

24.12.2018 (Семинар)
Еднодневна работилница на тема:ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ ПОМЕЃУ ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ И НАЧИНИ ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊЕ

Сертификат ISO 9001:2015

ПРВА комора и ПРВА институција во Република Македонија сертифицирана по СТАНДАРДОТ ISO 9001:2015

Стопанска комора на Македонија - ПРВА комора и ПРВА институција во Република Македонија сертифицирана по СТАНДАРДОТ ISO 9001:2015

Стопанската комора на Македонија во 2008 година започна со имплементација на барањата од меѓународниот стандард ISO 9001:2008 и истата успешно ја заокружи со сертификација на истиот.

Комората, следејќи ги новините во работењето со управување со квалитет, како институција во Република Македонија која ги препознава значењето, неопходноста и придобивките од воведениот систем за управување со квалитет, продолжи со примена и реализација на сите нови активности кои ги налага овој стандард, аплицирајќи ги во секојдневното работење. Се покажа и се потврди дека добро развиен и одржуван систем за управување со квалитет има позитивен придонес во и за остварување на целите во коморското работење, подобрувајќи ги:

    • задоволството и довербата кај членките и корисниците на коморските услуги;
    • вкупните резултати и способности на сите вработени во Комората;
    • квалитетот на дадените коморски услуги;
    • работната продуктивност;
    • редуцирањето на грешките во работењето;
    • рационализацијата и намалувањето на трошоците во работењето и сл.

Токму тоа помогна во настојувањето Комората да биде и да остане водечка бизнис-институција во државата, која преку професионализмот, аналитичноста и транспарентноста на сопствениот кадар и експертите со кои соработува во градењето на економските информации и анализи, успешно и квалитетно ги одржува релациите со своите членки-компании и со сите партнери како што се државните институции, другите бизнис-асоцијации, медиумите и останатите соработници во земјата и надвор од неа.

Со примената на ревизијата на стандардот, Стопанската комора на Македонија стана прва комора и воопшто прва институција во Република Македонија која своите оперативни процеси ги приспособи на барањата на новиот стандард ISO 9001:2015.

Најновите измени се дел од тековната еволуција на овие стандарди, а истите адресираат решавање на клучни прашања како што се: растот на услужни бизниси, широка употреба на стандарди за повеќе системи за управување во рамките на институцијата, интеграција на квалитетот во водењето на бизнисот, како и севкупно олеснување на примената на стандардите.

Овој систем кој е првично потврден од BSI (British Standards Institution), а потоа од TUV NORD, ја покажува подготвеноста на Комората да докаже како се работи во институција каде се применуваат принципите на зрел систем за управување со квалитет и каде се демонстрираат силната обврзаност и заложба на раководството и целиот тим континуирано да го подобрува коморското работење, сега и согласно новата ревизија на стандардот ISO 9001:2015, а во интерес за самата институција, за компаниите и за сите заинтересирани страни. 

Политика за квалитет

Сертификат

 



Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Емилија Тодоровска
Тел: ++ 389 2 3244047 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: emilija@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права