24.10.2017 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ЈАВНИОТ ВО ДРЖАВНИОТ СЕКТОР СОГЛАСНО СИСТЕМИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ

26.10.2017 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

27.10.2017 (Семинар)
СУДСКИ ПОСТАПКИ, ИСКУСТВА И СУДСКА ПРАКСА ВО ОБЛАСТА НА ДАНОЧНИТЕ ПРЕКРШОЦИ

30.10.2017 (Бизнис средби)
„Саем за директни бизнис средби Кошице 2017“-Словачка, 30.10.2017

31.10.2017 (Семинар)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „EXPORT WEEK 2017“ - 31.10-2.11.2017

01.11.2017 (Тренинг обука)
СО НАПРЕДНИ КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ДО ПОДОБРУВАЊЕ НА ОДНОСОТ СО КЛИЕНТИТЕ, СОРАБОТНИЦИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ, Прага, Р.Чешка

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

02.11.2017 (Тренинг обука)
„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“

02.11.2017 (Семинар)
НАПРЕДЕН EXCEL – КРЕИРАЊЕ EXCEL DASHBOARD

02.11.2017 (Семинар)
Тренинг-обука: ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ КАЈ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПРОДАЖБА

02.11.2017 (Саем)
„Match4Industry Business Matching Event“ - 2-3.11.2017, Коџаели, Република Турција

02.11.2017 (Конференција)
Конференција на тема: „Предизвиците на патот кон Европската Унија“-2-3.11.2017 Будва, Црна Гора

06.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА:ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

09.11.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ „RENEXPO®BIH 2017“ - 9.11.2017 Сараево, БиХ

09.11.2017 (Конференција)
Меѓународна дводневна конференција за финансирање на европски програми - Скопски Саем

09.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

09.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

Бизнис-настани

26.09.2017 - 26.09.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ИЗГОТВУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ ЗА ДАНОЧНИ И УПРАВУВАЧКИ ЦЕЛИ ПО СОПСТВЕНА МЕРКА


Еднодневна работилница на тема:

ИЗГОТВУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ ЗА ДАНОЧНИ И УПРАВУВАЧКИ ЦЕЛИ ПО СОПСТВЕНА МЕРКА 
26.9.2017 година (вторник)
10:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 


     Цел на работилницата

     Целта на работилницата e слушателите да се здобијат со практично и продлабочено знаење за финансиските извештаи кои се подготвуваат во компаниите и која е разликата помеѓу извештаите кои се подготвуваат за даночни цели и извештаите кои се подготвуваат за управувачки цели.
     За што ги користите финансиските извештаи? Дали од нив дознавате колку сте успешни, каде оди вашиот бизнис? Дали добро ги читате и дали ви обезбедуваат доволно информации за носење деловни одлуки?
     Освен за даночни цели функцијата на финансиските извештаи е многу поважна за сопствениците и менаџерите во делот дали и колку се успешни, кои се предизвиците на компанијата, како оди продажбата, колку е ефикасна трансформацијата на инпутите во аутпути, дали постојат ризици од ненавремена наплата, какви се трендовите на профитабилноста, задолженоста, ликвидноста и низа други информации од витално значење за непречено одвивање на бизнисот.
     Работилницата за финансиските извештаи не е само формална, туку е од суштинско значење и ќе им овозможи на слушателите логично разбирање за поврзаноста на извештаите, законските аспекти, но и многу поважната практична примена за читање и користење на извештаите; како тие се користат во проценка на минатото работење и како се користат за планирање на идното работење? Деловните одлуки не можат да се донесат без квалитетни финансиски информации кои ги обезбедуваат финансиските извештаи.
     Слушателите ќе бидат во можност да ги разберат логиките на финансиските извештаи, нивната поврзаност, начинот на користење и нивните варијации за потребите на менаџментот.

     Начин на држење на работилницата

     Работилницата е практична и интерактивна, вклучува дискусии, примери и вежби, размена на искуства.

     За кого е наменета?
     Работилницата е наменета за сопственици на фирми и за менаџери на фирми, сите кои носат деловни одлуки и на кои им се потребни точни, навремени информации. Секој сопственик на фирма е заинтересиран за успешноста на фирмата, а преку резултатите може и да ги процени капацитетите на своите менаџери.
     Секој менаџер во компанијата е одговорен за работењето во својата надлежност, а финансиските извештаи се извор на информации кои треба да ги водат во процесот на работењето.

Содржина:

ПРВ ДЕЛ

Објаснување на финансиските извештаи, потребата од нив, содржина, логика, начин на користење:

• Биланс на состојба;
• Биланс на успех;
• Готовински тек.

ВТОР ДЕЛ

• Изготување на менаџерски извештаи;
• Видови на менаџерски извештаи;
• Начин на нивно изготвување.


ТРЕТ  ДЕЛ

• Кој и како треба да ги користи менаџерските извештаи;
• Вежби;
• Дискусија, прашања, размена на искуства.

Предавач:
- Ксенија Чаминска, сопственик и директор на „Професионал Акаунт“ Дооел Скопје, компанија за финансиски, даночен консалтинг и сметководство.Во областа на сметководството и финасиите има повеќе од 25 години работно искуство, од кои повеќе од 15 години  на позиција како финансов директор. Предавачот има големо искуство во предавања и практични обуки во повеќе институции  и  секојдневен консалтинг со своите клиенти.

Учесниците ќе добијат соодветен работен материјал и сертификат за учество.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 22.9.2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права