20.11.2017 (Семинар)
УСПЕШНО СПРАВУВАЊЕ СО ЖАЛБИ И РЕКЛАМАЦИИ НА КЛИЕНТИ

21.11.2017 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

21.11.2017 (Инфо сесија)
ИНФО СЕСИЈА ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ-ШТИП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

03.12.2017 (Советување)
СОВЕТУВАЊЕ СОГЛАСНО ПРОГРАМАТА НА ИСОС

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

24.02.2017 - 24.02.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

Еднодневен семинар на тема: БАРАЊА И ПРОВЕРКИ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ И ДОБАВУВАЧИТЕ ВО СИНЏИРОТ НА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА


Еднодневен семинар на тема:

БАРАЊА И ПРОВЕРКИ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ И ДОБАВУВАЧИТЕ ВО СИНЏИРОТ НА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА

22.03.2017 година
9:30-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
 

Стопанската комора на Македонија на 22 март 2017 година организира еднодневен семинар на тема: „Барања и проверки на потрошувачите и добавувачите во синџирот на безбедност на храната“.
Целта на семинарот е да ги запознае учесниците со основните барања и проверки на потрошувачите и добавувачите во синџирот на безбедност на храната – барања по ИСО и ХАСАП стандарди.
Семинарот е наменет за сите лица кои се вклучени во процесот на производство на храна (примарна амбалажа, подготовка и послужување на храна, производство на безалкохолни пијалаци и сл.), снабдување и безбедност на храната.

ПРОГРАМА
- Прашалник за проценка на добавувач за пакување (Packaging Supplier Assessment Questionnaire -GMP);
- Прашалник за проценка на безбедност на суровините и нивната усогласеност со добавувачите за пакување (Packaging Supplier Material Safety & Compliance Assessment Questionnaire);
- Барање за добавувачите (SMETA);
- Барања за добавувачите на готови оброци во детски градинки, ресторани, работнички мензи согласно GMP, ИСО 22000 и ХАСАП стандардите;
- Студија на случај – намалување на трошоците со преместување на производството на енергетски пијалаци во други земји.

Предавач:
Игор Ќика
, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за  менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001. Како извршен директор на компанијата „TQM Konsalting" ДОО во Нови Сад од 2010 година раководи со тим на консултанти во имплементација на менаџерските системи во организациите во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.
Воедно е акредитиран експерт од страна на RABQSA и PECB за проектирање на современи системи на безбедност на информации, континуитет во работењето, како и корпоративна безбедност (водечки оценувач за системите за безбедност – ISO 27001, ISO 22301, ISO 31000), консултант на Проектот „Изработка на анализа на влијанието на работењето и изработка на план за континуитет на работењето во Народната банка на Србија“.
Игор Ќика поседува петнаесетгодишно искуство со кое се стекнал на работното место директор на логистика во различни области („Застава“ – Сомбор - автомобилска индустрија, GENEL- бренд HOUSEL и застапник за бела техника од брендовите „Elektrolox“, „Zannusi“, „Indesit“ за Србија, „STAV“- овластен дистрибутер на „Samsung“ за Србија и Црна Гора). Ги организирал и управувал со логистичките центри задолжени за дистрибуција на стока  од висок квалитет и за истакнати производители во Србија и Црна гора – „Elektrolox“, „Zannusi“, „Indesit“, „Samsung“. Организирал пост-продажна поддршка за брендовите „Elektrolox“, „Zannusi“, „Indesit“, „Samsung“ во Србија и Црна Гора. Во периодот од 2012-2013 година е ангажиран од страна на UNIDO (United Nations industrial developmend organization) како национален експерт за логистика и обука во Проектот за елиминирање на CFC-гасови.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 17.03.2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права