20.11.2017 (Семинар)
УСПЕШНО СПРАВУВАЊЕ СО ЖАЛБИ И РЕКЛАМАЦИИ НА КЛИЕНТИ

21.11.2017 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

21.11.2017 (Инфо сесија)
ИНФО СЕСИЈА ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ-ШТИП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

03.12.2017 (Советување)
СОВЕТУВАЊЕ СОГЛАСНО ПРОГРАМАТА НА ИСОС

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

04.08.2017


Актуелно  

СТОПАНСКИТЕ КОМОРИ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН СО ЗАЕДНИЧКА РЕАКЦИЈА ДО ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА ИЗВОЗОТ НА ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК ВО ХРВАТСКА


На 14 јули 2017 година Министерството за земјоделие на Република Хрватска донесе Правилник за инспекциски надзор и контрола на усогласеноста на овошјето и зеленчукот со пазарните стандарди и е во примена од 15 јули 2017 година. Во прилогот број 6 на овој Правилник, кој се однесува на надоместоците за фитосанитарна контрола, е наведено дека контролата за усогласеност на  овошјето и зеленчукот со пазарните стандарди при увоз од трети земји изнесува 2.000 куни (околу 280 евра) за секој извршен инспекциски надзор или контрола за секоја поединечна врста на овошје и зеленчук (од овој надоместок има исклучок само за бананите, каде контролата се наплатува по 500 куни). Со оваа новина, висината на надоместокот се зголемува за 22 пати, споредено со претходниот надоместок кој изнесуваше 90 куни (околу 12 евра).

Како резултат на тоа, производителите и трговците од земјите кои се надвор од ЕУ, кои се во процес на пристапување кон ЕУ, се ставени во нерамноправна положба што ќе влијае на зголемување на крајната цена на производите.

Со овој Правилник ќе се создадат штети не само на извозниците на овие производи од Македонија, туку и од регионот пошироко, ќе се намали нивната конкурентност, а со тоа можно е да се доведат во прашање и идните и веќе воспоставените канали на соработка на хрватскиот пазар.

Ако се појде од податоците за надворешно-трговската соработка на Република Македонија со Република Хрватска, ќе се види дека извозот на македонски производи кои се опфатени со оваа мерка учествуваат со 6% од вкупниот извоз кој го реализира нашата земја во Хрватска.

Конкретно, од Македонија во текот на минатата година се извезени вакви производи во вредност од околу 5,6 милиони САД долари, а гледано и по трендот дека континуирано ни расте извозот кон Хрватска, ова покачување на давачките секако дека негативно ќе влијае на нашите компании и затоа се потребни навремени реакции за наоѓање на соодветно решение.

Како дел од Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан, Стопанската комора на Македонија заедно со останатите комори од регионот доставија заеднички писма до Европската комисија, односно до генералните директорати за трговија и за соседска политика и преговори за проширување, во кои се бара  преземање на конкретни чекори за надминување на овој проблем, во насока на исполнување на принципите за слободна пазарна економија и подготвеност на Европската унија да придонесе во спроведување на економските реформи во земјите од регионот за натамошна и подлабока економска интеграција на Западен Балкан во целина. 

При тоа е наведено дека оваа мерка не е во духот и на текстот и значењето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација помеѓу ЕУ и предметните земји, каде е јасно истакнато дека од денот на влегувањето во сила на Спогодбата, нема да се воведуваат нови царински оптоварување при увоз или извоз, ниту давачки со еквивалентен ефект, ниту пак оние кои веќе се применуваат да се зголемат.

Билјана Пеева-Ѓуриќ











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права