СЕДУМДЕСЕТ И ДВЕ ГОДИНИ ТРАДИЦИЈА

   

👁 Прочитано: 1357


СЕДУМДЕСЕТ И ДВЕ ГОДИНИ ТРАДИЦИЈА

СЕДУМДЕСЕТ И ДВЕ ГОДИНИ ТРАДИЦИЈААвто Гума“ АД - Скопје е компанија за производство на гумено-техничка галантерија (манжетни, оринзи, спојки, гума-метал, гума-платно, одбојници и сл.), гумени профили за автоклави, реактори и друга намена по даден цртеж или примерок, гумени црева, проектирање гуми и целокупна гумено-техничка галантерија за автобуси (баланштангли, централни федери, држачи за водна пумпа, држачи за динамо, за масли и др), обложување на базени (казани) со гума отпорна на киселини и абразија каде се доаѓа во допир со рудата, гумирање на ваљаци ролни, лимови, гумени прагови и полни гуми за виљушкари и поседува заокружен технолошки процес и целокупна опрема потребна за тоа.

Компанијата која има извозна ориентација и пласман на производите во ЕУ и во поранешните југословенски републики инвестира во нов производствен погон и опрема се со цел осовременување и приспособување на произвоствениот процес по стандардите на ЕУ.

СЕДУМДЕСЕТ И ДВЕ ГОДИНИ ТРАДИЦИЈАСо заокружен технолошки процес и целокупна опрема потребна за производство, компанијата во својот состав има одделенија за подготовка на сурова гума со соодветни елементи (миксер и повеќе двовалјаци и екструдер за профилирани производи). Во сопствена лабораторија врши испитување на сите физички и хемиски својства на гумата со што се овозможува составување на сопствени рецепти, издавање на атести за квалитет и контрола на квалитетот во сите фази на производството.

На работната средба, оперативниот директор на Стопанската комора на Македонија, м-р Анета Трајковска, го запозна директорот Красимир Георгиевски со идните активности на Комората, а беше претставен и Клубот на менаџери-претприемачи, при што сопственикот на „Авто Гума“ изрази интерес да биде вклучен во неговата работа во следниот период.

Инаку, „Авто Гума“ постои 72 години и  има долга референтна листа на компании со кои соработува, сепак искористеноста на капацитетите е 20%, што укажува на потенцијалот за нови работни активности, нови бизнис зделки, пласман во земјата и во странство, преку освојување нови пазари и проширување на капацитетите на постојните. 

СЕДУМДЕСЕТ И ДВЕ ГОДИНИ ТРАДИЦИЈА

Валентина Цветковска