Временски рок на Уредбите со законска сила и на одлуките во врска со економските мерки за справување со последиците од КОВИД 19
➤ Актуелно (29.06.2020)
👁 Прочитано: 2374



Временски рок на Уредбите со законска сила и на одлуките во врска со економските мерки за справување со последиците од КОВИД 19
УРЕДБА
РОКОВИ
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ(*) ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 71 ОД 20.3.2020 И БР. 125 ОД 15.05.2020 ГОДИНА)
Странец кој краткорочно престојува во РС Македонија со виза или без виза, може да остане на територијата на РС Македонија и по истекот на краткорочниот престој, односно по истекот на визата за краткорочен престој, за време на траење на вонредната состојба, како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 31 август 2020 година.
Важноста на дозволата за привремен престој и дозволата за постојан престој чиј рок на важење е истечен се продолжува за време на траење на вонредната состојба, како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 31 август 2020 година.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА НОТАРИЈАТОТ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 70 ОД 19.3.2020)
Полагањето на нотарскиот испит,се одложува з а времетраење на вонредната состојба.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧЕЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 70 ОД 19.3.2020)
Полагањето на испитот за вештаци, се одложува за времетраење на вонредната состојба.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА МЕДИЈАЦИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 70 ОД 19.3.2020)
Полагањето на испитот за медијатори се одложува за времетраење на вонредната состојба.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА СТЕЧАЈ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 76 ОД 24.03.2020 и БР.140 ОД 29.05.2020 ГОДИНА)
Над стечајните должници кои ги исполнуваат условите за отворање на стечајна постапка или поведување на претходна постапка, нема да се отвораат стечајни постапки и да се поведуваат претходни постапки за време на траењето на вонредната состојба , како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 30 јуни 2020 година.
Сите започнати постапки, како претходна постапка за отворање на стечајна постапка и отворање на стечајната постапка над стечајниот должник, се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба, како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 30 јуни 2020 година.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА OПШТАТА УПРАВНА ПОСТАПКА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 76 ОД 24.03.2020)
Роковите кои согласно Законот за општата управна постапка, освен во постапките за јавни набавки, се определени за преземање на одделни дејствија во постапката, односно роковите кои ги определува овластеното службено лице, кои истекуваат за време на траење на вонредната состојба, престануваат да течат за време на траењето на вонредната состојба и продолжуваат по истекот на траењето на вонредната состојба, но само за онолку денови колку што преостанале, и тоа од денот на истекот на траењето на вонредната состојба.
По исклучок, овластеното службено лице, по молба на заинтересирано лице заради постоење на оправдани причини може да одлучи поинаку.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 79 ОД 26.03.2020 и БР. 169 ОД 22.06.2020 ГОДИНА)
Обврзниците на данокот на добивка кои имаат претрпено штети во своето работење поради ширење на Коронавирусот COVID-19, имаат право на ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за месеците март, април, мај, јуни и јули 2020 година.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 79 ОД 26.03.2020 и БР. 169 ОД 22.06.2020 ГОДИНА)
Обврзниците на данокот на личен доход кои остваруваат доход од самостојна дејност, а кои имаат претрпено штети во своето работење заради ширењето на Коронавирусот COVID-19, имаат право на ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за месецитемарт, април, мај, јуни и јули 2020 година .
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЧНА ПОСТАПКА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР.79 ОД 26.03.2020, БР.128 ОД 18.5.2020 и БР. 140 ОД 29.05.2020 ГОДИНА)
На износот на помалку или повеќе платениот данок и споредните даночни давачки освен каматата, се пресметува и наплатува, односно плаќа камата по каматна стапка во висина од 0,015% за секој ден задоцнување за време на траење на вонредната состојба, како и 60 дена по престанување на траењето на вонредната состојба.
Управата за јавни приходи нема да објавува листа на должници на доспеани и неплатени долгови за месеците април, мај и јуни 2020 година.
Управата за јавни приходи нема да издава опомена за плаќање на данок и нема да отпочнува постапка на присилна наплата за време на траењето на вонредната состојба како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 30 јуни 2020 година и тоа за:
- даночен долг кој е доспеан, а неплатен, и за кој не се отпочнати постапки на присилна наплата;
- даночен долг по сите основи кој ќе доспее во месеците мај и јуни 2020 година и
- судски такси и парични казни, односно глоби и трошоци изречени во парнични, прекршочни, кривични и управни постапки во корист на РСМ, а кои ги наплатува Управата за јавни приходи, кои се доспеани, а неплатени, и за кои не е отпочната постапка на присилна наплата.
 
НАПОМЕНА: Со Одлука на Уставен суд на РСМ, У. бр. 84/2020 од 14 мај 2020 година („Службен весник на РСМ“ бр. 150 од 08.06.2020 година), се поведува постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночната постапка¹ („Службен весник на РСМ“ бр.79/2020) и се запира извршувањето на Уредбата со законска сила, како и сите дејствија донесени, односно преземени врз основа на истaта.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА БУЏЕТИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („Службен весник на РСМ“ бр.79 од 26.3.2020 и бр.112 од 30.4.2020 година)
Активностите за подготовка и донесувањето на Фискалната стратегија за среднорочен период од три години и Завршната сметка на Буџетот на РС Македонија се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР.123 ОД 13.5.2020 и бр.140 од 29.5.2020 година)
Рокот за усвојување на ревидираните финанисиски извештаи од страна на собирот на содружници, односно собранието на друштво, со исклучок на друштвата чии хартии од вредност котираат на берза и друштва кои согласно Законот за хартии од вредност се со посебни обврски за известување, до Регистарот на годишни сметки при Централниот регистар на РСМ, престанува да тече за време на траењето на вонредната состојба и продолжува по престанокот на траењето на вонредната состојба, за онолку денови колку што траела вонредната состојба.
Рокот за доставување на одобрените финансиски извештаи со годишниот извештај за работа, ревидираната годишна сметка, односно ревидираните финансиски извештаи за 2019 година, за големите и средни трговци организирани како акционерски друштва и за големите и средни трговци организирани како друштва со ограничена одговорност, со исклучок на друштвата чии хартии од вредност котираат на берза и на друштвата кои согласно Законот за хартии од вредност се со посебни обврски за известување, до Регистарот на годишни сметки при Централниот регистар на РСМ, престанува да тече за време на траењето на вонредната состојба и продолжува по престанокот на траењето на вонредната состојба, за онолку денови колку што траела вонредната состојба.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА САНАЦИЈА И РЕКОНСТРУИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД БАНКИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 82 ОД 27.03.2020 ГОДИНА)
Отплатата на главницата на обврзницата за надоместување на селективните кредити на Народна банка на РСМ согласно член 26 став 1 алинеја 2 од Законот за санација и реконструирање на дел од банките ќ е се изврши на 1 април 2021 година.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 82 ОД 27.03.2020 ГОДИНА)
Уредбата со законска сила ќе се применува за време на траење на вонредната состојба.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 82 ОД 27.03.2020 ГОДИНА, бр. 102 од 14.4.2020 година, бр.108 од 24.4.2020 година и бр.128 од 18.5.2020 година)
Одредбите на членовите 2, 2-а, 2-б, 2-в и 2-г од оваа уредба со законска сила ќе се применуваат за време на траење на вонредната состојба, како и 90 дена по престанување на траењето на вонредната состојба.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА НАЧИНОТ НА ПРОМЕНА НА ДОГОВОРНИ УСЛОВИ НА КРЕДИТНИ ИЗЛОЖЕНОСТИ КАЈ БАНКИТЕ И ШТЕДИЛНИЦИТЕ („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 80 ОД 27.03.2020 ГОДИНА и бр.125 од 15.5.2020 година)
Уредбата со законска сила ќе се применува за време на траење на вонредната состојба, како и 90 дена по престанокот на траењето на вонредната состојба.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ТУРИСТИЧКАТА ДЕЈНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР.80 ОД 27.03.2020 ГОДИНА)
Уредбата со законска сила ќе се применува за време на траење на вонредната состојба, за начинот на издавање на ваучери од страна на туристичките агенции за откажаните туристички аранжмани за време на траење на вонредната состојба. Туристичките агенции кои ги имаат откажано своите аранжмани за време на траење на вонредната состојба се должни да издадат нов ваучер на корисникот на ваучерот за туристичкиот аранжман. Ваучерите ќе се издаваат во три примероци со рок на важење до 31.12.2021 година.
Туристичките агенции пред да донесат одлука за престанок на вршење на дејноста, три месеци од денот на престанок на траење на вонредната состојба се обврзани да ги уплатат средствата за аранжманот на корисникот на ваучерот.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕВОЗ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 86 ОД 01.04.2020, БР. 103 ОД 16.4.2020 ГОДИНА, БР.128 ОД 18.5.2020 ГОДИНА, БР.140 ОД 29.5.2020 ГОДИНА И БР.145 ОД 02.06.2020 ГОДИНА)
Полагањето на испитот за професионална компетентност на лице одговорно за превоз и на испитот за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен патен сообраќај, се одложува за време на траењето на вонредната состојба.
Важноста на сертификатите за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен патен сообраќај чиј рок на важење е истечен, се продолжува за време на траење на вонредната состојба и 90 дена по престанокот на траењето на вонредната состојба
При вршење јавен превоз на патници и превоз на патници за сопствени потреби, за време на траење на вонредната состојба, превозникот во возилото е должен да го организира превозот со задолжително носење на заштитни маски од страна на патниците и екипажот во возилата, редовно дезинфицирање на возилата и може да има најмногу 50% патници од вкупниот број на седишта, несметајќи го седиштето на возачот.
Рокот за објавување на огласот за одобрување на возни редови за нови линии или промена на возни редови на одобрени линии, утврден во член 24-а став 3 од Законот за превоз во патниот сообраќај се продолжува за време на траење на вонредната состојба и 90 дена по престанокот на траењето на вонредната состојба.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕВОЗ НА ОПАСНИ МАТЕРИИ ВО ПАТНИОТ И ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 86 ОД 01.04.2020 и БР.128 0Д 18.05.2020 ГОДИНА)
Полагањето на испитот за советник за безбедност при превоз на опасните материи и на испитот за стручна оспособеност на возачите на моторни возила за превоз на опасни материи се одложува за време на траењето на вонредната состојба. Важноста на сертификатите за стручно оспособување на советник за безбедност при превоз на опасните материи и за стручна оспособеност на возачите на моторни возила за превоз на опасни материи чиј рок на важење е истечен, се продолжува за време на траење на вонредната состојба и 90 дена по престанокот на траењето на вонредната состојба.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 86 ОД 01.04.2020, БР.103 ОД 16.4.2020 ГОДИНА И БР.156 ОД 12.6.2020 ГОДИНА)
Согласно Уредбата со законска сила, Законот за извршување („Службен весник на РМ“ бр.72/16, 142/16 и 233/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 14/20) нема да се применува во периодот од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила заклучно со истекот на 30 дена по престанувањето на вонредната состојба, освен во случаите за кои со уредбата со законска сила е поинаку уредено.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АКЦИЗИТЕ* ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 86 ОД 1.04.2020, БР. 105 ОД 21.04.2020 ГОДИНА и БР. 125 ОД 15.05.2020 ГОДИНА)
Приватните здравствени установи, аптеките и производителите на лекови, помошни лековити средства и средства за дезинфекција кои се иматели на одобрение за повластен корисник треба да поднесат гаранција за обезбедување на плаќање на акцизниот долг кој може да настане за акцизните добра кои се наоѓаат во постапка на акцизно одложувањезаклучно со 31 декември 2020 година.
Со Уредбата со законска сила се менува акцизата за нафтените деривати безоловен бензин со содржина на олово до 0,013 грама на литар од тарифните ознаки 2710 12 31 00, 2710 12 41 00, 2710 12 45 00, 2710 12 49 00, 2710 12 51 00 и 2710 12 59 00 и гасно масло како погонско гориво како гориво за греење од тарифните ознаки 2710 19 43 00, 2710 19 46 00, 2710 19 47 00, 2710 19 48 00, 2710 20 11 00, 2710 20 15 00, 2710 20 17 00 и 2710 20 19 00 и се применува за време на траењето на вонредната состојба како и 7 месеци од престанокот на траењето на вонредната состојба.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА РОКОВИТЕ ВО СУДСКИТЕ ПОСТАПКИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА И ПОСТАПУВАЊETO НА СУДОВИТЕ И ЈАВНИТЕ ОБВИНИТЕЛСТВА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ" БР.84 ОД 30.03.2020 и БР.89 ОД 03.04.2020)
Роковите во постапките определени со уредбата со законска сила престануваат да течат од денот на стапување во сила на уредбата, па се до завршување на вонредната состојба.
НАПОМЕНА: Со Одлука на Уставен суд У.бр.56/2020 се поведува постапка за оценување на уставноста на член 3 од Уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба и постапувањето на судовите и јавните обвинителства („Службен весник на РСМ“ бр.84/2020, 89/2020).
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ГРОБИШТА И ПОГРЕБАЛНИ УСЛУГИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 88 ОД 03.04.2020)
Важноста на дозволата за управување со гробишта и дозволата за вршење на погребални услуги, чиј рок на важење е истечен, се продолжува за време на траење на вонредната состојба, како и 60 дена од денот на престанок на вонредната состојба.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА ВО РС МАКЕДОНИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 88 ОД 03.04.2020)
Согласно Уредбата, висината на минималната нето плата за месец април, мај и јуни 2020 година, изнесува 14.500 денари.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 89 ОД 03.04.2020 и БР. 121 ОД 11.05.2020 ГОДИНА)
Важноста на лиценца за проектирање на градби од прва и втора категорија, лиценца за ревизија на проектна документација за градби од прва и втора категорија, лиценца за изведувач на градби од прва и втора категорија, лиценца за надзор над изградба на градби од прва и втора категорија, лиценца за управител на градба, лиценца за управител на одржување на објекти од прва и втора категорија, овластување за изработкана проектна документација за градби од прва и втора категорија, овластување за ревизија на проектна документација за градби од прва и втора категорија, овластување за инженер за изведба на градби од прва и втора категорија, овластување за надзорен инженер за градби од прва и втора категорија, чиј рок на важење е истечен, се продолжува за време на траењето на вонредната состојба, како и 60 дена од денот на престанок на вонредната состојба.
Важноста на одобрението за градење, чиј рок наважење е истечен за време на траењето на вонредната состојба, се продолжува за време на траењето на вонредната состојба, како и 60 дена од денот на престанок на вонредната состојба.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРОСТОРНО И УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР.89 ОД 03.04.2020 и бр.116 од 05.05.2020 година)
Важноста на лиценцата за изработување на урбанистички планови, лиценцата за ревизија на урбанистички планови, овластувањето за изработување на урбанистички планови и овластувањето за ревизија на урбанистички планови, чиј рок на важење е истечен, се продолжува за време на траењето на вонредната состојба како и 60 дена од денот на престанок на вонредната состојба.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ ОДНОСИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР.89 ОД 03.04.2020 и бр.156 од 12.06.2020 година)
Уредбата со законска сила се применува за време на траење на вонредната состојба, како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 30.6.2020 година.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИНТЕРВЕНТНА НАБАВКА НА РЕСПИРАТОРНИ МАШИНИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР.90 ОД 04.04.2020 ГОДИНА)
Со оваа уредба со законска сила се уредуваат условите и постапката за интервентна набавка на респираторни машини заради спроведување на мерките за справување со Коронавирус - COVID-19 за време на траење на вонредната состојба.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР.90 ОД 04.04.2020 ГОДИНА И БР.154 ОД 10.6.2020 ГОДИНА)
Роковите за преземање на предметите по започнатите постапки со непосредна спогодба и со јавно наддавање на градежно земјиште во сопственост на РСМ, за преземање на следењето, вршењето и сите активности кои произлегуваат од работите за располагање со градежно земјиште во сопственост на РСМ, за преземање на надлежностите за располагање со градежно земјиште во сопственост на РСМ, за донесување на Годишната програма, како и за формирање на Комисијата за спроведување на постапки за јавно наддавање и за воспоставување на Електронскиот систем за јавно наддавање на градежно земјиште во сопственост на РСМ, се продолжуваат за 60 дена од денот на престанок на вонредната состојба.
Градежното земјиште предвидено со урбанистички план или урбанистичко-планска документација за плажа, кое било предмет на краткотраен закуп, а временскиот рок за краткотраен закуп е истечен или Договорот за краткотраен закуп е предвремено раскинат, потребно е да биде вратено во правобитна состојба од страна на закупецот, и се забранува понатамошно вршење на дејност од страна на закупецот. Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на РСМ“, а ќе се применува до 31.12.2020 година.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР.140 ОД 29.05.2020 ГОДИНА)
Уредбата со законска сила се применува за донесување на подзаконските акти определени во член 143 од Законот за аудио и адуиовизуелни медиумски услуги за време на траење вонредната состојба.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНОТО ВРЕМЕ НА МОБИЛНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ И УРЕДИТЕ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР.90 ОД 04.04.2020 ГОДИНА)
Уредбата со законска сила се применува за време на траење на вонредната состојба.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЛИЗИНГ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР 90 ОД 04.04.2020 ГОДИНА)
Уредбата со законска сила се применува на договорите и на промените на договорните услови за финансиски лизинг спрема физичките и правните лица, како и спрема солидарните должници и заложните должници врз основа на финансиски лизинг за време на траење на вонредната состојба.
Уредбата меѓудругото се однесува на договорите за финансиски лизинг склучени заклучно со 31.3.2020 година и намалување за 70% од редовниот износ на обврските за месечни ануитети во периодот од 1 април до 30 јуни 2020 година.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКИТЕ ДРУШТВА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 90 ОД 04.04.2020 ГОДИНА)
Уредбата со законска сила се применува на договорите и на промените на договорните услови за кредит, гаранции, кредитни картички и преземени побарувања (во натамошниот текст: кредити) спрема физичките и правните лица, како и спрема солидарните должници и заложните должници врз основа на кредити за време на траење на вонредната состојба.
Уредбата меѓудругото се однесува на договорите за кредит склучени заклучно со 31.3.2020 година и намалување за 70% од редовниот износ на обврските за месечни ануитети во периодот од 1 април до 30 јуни 2020 година.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ ПРИ ДОГОВОРИ ЗА ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР.90 ОД 04.04.2020 ГОДИНА и БР.126 ОД 15.05.2020 ГОДИНА)
Уредбата со законска сила се применува за време на траењето на вонредната состојба, како и 90 дена по престанокот на траењето на вонредната состојба.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР.90 ОД 04.04.2020 ГОДИНА и бр.113 ОД 01.05.2020 ГОДИНА)
Роковите во кои согласно Законот за работните односи, во случај на мирување на правата и обврските од договорот за вработување и мирување на работен однос на работник упатен на работа во странство и на брачниот другар, работникот има право да се врати на работа, престануваат да течат за време на траење на вонредната состојба и се продолжуваат за 15 дена од денот на истекот на траењето на вонредната состојба.
За работниците вработени во приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19, неискористениот дел од годишниот одмор, односно неискористениот годишен одмор од календарската 2019 година, да се искористи до 31 мај 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот.
За работниците вработени во приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19, делот од годишниот одмор за 2020 година кој мора да се искористи во траење од две непрекинати работни недели, да го искористат до 30 јуни 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ИСПЛАТА НА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 92 ОД 06.04.2020 ГОДИНА и бр.116 од од 05.05.2020 година)
Со оваа уредба со законска сила, се уредуваат условите, начинот и постапката на субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување, за месеците април, мај и јуни 2020 година.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ОД ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ПОГОДЕНИ ОД ЗДРАВСТВЕНО-ЕКОНОМСКАТА КРИЗА ПРЕДИЗВИКАНА ОД ВИРУСОТ COVID-19, ЗАРАДИ ИСПЛАТА НА ПЛАТИТЕ ЗА МЕСЕЦИТЕ АПРИЛ И МАЈ 2020 ГОДИНА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 111 ОД 28.04.2020 ГОДИНА, БР.113 ОД 01.05.2020 ГОДИНА И БР.154 ОД 10.6.2020 ГОДИНА )
Со Уредбата со законска сила, се уредуваат условите, начинот и постапката на финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19, заради исплата на платите на работниците за месеците април, мај и јуни 2020 година.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА КОИ ВРШАТ САМОСТОЈНА ДЕЈНОСТ ПОГОДЕНИ ОД ЗДРАВСТВЕНО-ЕКОНОМСКАТА КРИЗА ПРЕДИЗВИКАНА ОД КОРОНАВИРУСОТ COVID-19 ЗА ВРЕМЕ („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 92 ОД 06.04.2020 ГОДИНА и бр.156 од 12.6.2020 година)
Со оваа уредба со законска сила се уредуваат условите, начинот и постапката на финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено - економската криза предизвикана од Коронавирусот COVID-19, за месеците април, мај и јуни 2020 година.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ИСПЛАТА НА ДОДАТОЦИ И НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР.94 ОД 7.04.2020 ГОДИНА, БР.97 ОД 09.04.2020 ГОДИНА, БР. 103 ОД 16.4.2020 ГОДИНА и 108.24.4.2020 година)
Уредбата со законска сила се применува за исплатата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на траење на вонредната состојба, за месец април и мај, почнувајќи со исплата на плата за месец април 2020 година.
НАПОМЕНА: Со Одлука на Уставен суд У.бр.49/2020 се поведува постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба и се запира извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на уредбата.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ИСПЛАТА НА ПАРИЧНИТЕ ПАУШАЛИ И ПАРИЧНИТЕ НАДОМЕСТОЦИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ И ЧЛЕНОВИТЕ НА ОДБОРИТЕ НА ДИРЕКТОРИ, ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ И ЧЛЕНОВИТЕ НА УПРАВНИ И НАДЗОРНИ ОДБОРИ, ПРЕТСЕДАТЕЛИ И ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИИ, РАБОТНИ ГРУПИ И СОВЕТОДАВНИ И ЕКСПЕРТСКИ ТЕЛА ФОРМИРАНИ ОД ДРЖАВНАТА И ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ И ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ И ЧЛЕНОВИТЕ НА СОВЕТИТЕ НА ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 94 ОД 7.04.2020 ГОД)
Уредбата со законска сила се применувазаклучно со месец декември 2020 година.
НАПОМЕНА: Со Одлука на Уставен суд У.бр.141/2020 се поведува постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за ограничување на правото на исплата на паричните паушали и паричните надоместоци на претседателите и членовите на одборите на директори, претседателите и членовите на управни и надзорни одбори, претседатели и членови на комисии, работни групи и советодавни и експертски тела формирани од државната и локалната власт и претседателите и членовите на советите на единиците на локалната самоуправа за време на вонредната состојба и се запира извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на уредбата.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ОДРЕДБИТЕ ОД ЗАКОНОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ИНВАЛИДНИ ЛИЦА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 94 ОД 7.04.2020 ГОДИНА)
Роковите кои согласно Закон за вработување на инвалидни лица, се определени за преземање на одделни дејствија со цел за остварување на определени права и обврски, а кои се однесуваат на рокови согласно член 2-а став 2, 3 и 4, член 9 став 4, член 16 став 3 и 4, член 16-б став 7 и 8 и член 18 став 4, 5 и 6 од Законот за вработување на инвалидните лица, кои истекуваат за време на траење на вонредната состојба, престануваат да течат за време на траењето на вонредната состојба и продолжуваат по истекот на траењето на вонредната состојба, но само за онолку денови колку што преостанале и тоа од денот на истекот на траењето на вонредната состојба.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ОДРЕДБИТЕ ОД ЗАКОНОТ ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНО КАПИТАЛНО ФИНАНСИРАНО ПЕНЗИСКО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР.94 ОД 7.04.2020 ГОДИНА)
Роковите кои согласно Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, се определени за преземање на одделни дејствија од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, согласно член 39-д став (1), член 77 став (8) и (9), член 77-а став (3) и (4), член 77-д став (4), член 77-е став (7), член 77-ж став (4), член 77-ј став (10) и (11) од Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, кои истекуваат за време на траење на вонредната состојба, престануваат да течат за време на траењето на вонредната состојба и продолжуваат по истекот на траењето на вонредната состојба, но само за онолку денови колку што преостанале, и тоа од денот на истекот на траењето на вонредната состојба.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ОДРЕДБИТЕ ОД ЗАКОНОТ ЗА ПЕНЗИСКОТО И ИНВАЛИДСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР.94 ОД 7.04.2020 ГОДИНА)
Роковите кои согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување, се определени за преземање на одделни дејствија за остварување на права од пензиското и инвалидското осигурување, согласно член 12 став 2, член 46 став 1, член 125 став 8, член 126 став 5, член 130 став 3 и 7, член 131 став 4, член 132 став 1, 2 и 3, член 134 став 1, член 140 став 1, 3 и 4, член 142, член 147, член 185-а став 1 и 2, член 206 став 1, член 207 став 2 и член 210 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои истекуваат за време на траење на вонредната состојба, престануваат да течат за време на траењето на вонредната состојба и продолжуваат по истекот на траењето на вонредната состојба, но само за онолку денови колку што преостанале, и тоа од денот на истекот на траењето на вонредната состојба.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ТУТУН, ПРОИЗВОДИ ОД ТУТУН И СРОДНИ ПРОИЗВОДИ (*) ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 94 ОД 7.04.2020 ГОДИНА)
Роковите определени во Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи (*) за склучување на договори за производство и откуп на тутун од тековната година и за доставување на список на сите склучени договори во електронска форма и по еден примерок од секој склучен договор, кои истекуваат во време на траењето на вонредната состојба, се продолжуваат до 30 април 2020 година.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА ПЛАТАТА НА ИЗБРАНИТЕ, ИМЕНУВАНИТЕ И НАЗНАЧЕНИТЕ ЛИЦА ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 97 ОД 9.04.2020 ГОДИНА)
Уредбата со законска сила се применува за месеците април и мај 2020 година .
НАПОМЕНА: Со Одлука на Уставен суд У.бр.44/2020 и У.бр.50/2020 се поведува постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба и се запира извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на уредбата.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ОСНОВАЊЕ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР.97 ОД 9.04.2020 ГОДИНА)
Роковите определени согласно Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за одлучување по барањата за одобрување на финансиска поддршка и исплата на финансиска поддршка, за склучување на договори за финансиска поддршка, намалување на финансиска поддршка поради неисполнување на договорни обврски од договорите за финансиска поддршка, за дополнување или дообјаснување на барањата за финансиска поддршка, за роковите за реализација на инвестициите предмет на договорите за финансиска поддршка, извршувањето на контроли на лице место на договорите за финансиска поддршка кои истекуваат или ќе истечат за време на траењето на вонредната состојба се одложуваат, и се продолжуваат за 60 дена по престанокот на траењето на вонредната состојба.
Роковите определени во договорите за финансиска поддршка за реализација на инвестицијата предмет на договорот престануваат да течат за време на траењето на вонредната состојба и продолжуваат да течат по истекот на траењето на вонредната состојба но само за онолку денови колку што престанале и тоа од денот на истекот на траењето на вонредната состојба.
Роковите за доставување на барања за финансиска поддршка определени во јавниот повик за доставување на барања за финансиска поддршка по ИПАРД Програмата 2014-2020 се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба и продолжуваат да течат по престанок на траењето на вонредната состојба.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АКРЕДИТАЦИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР.97 ОД 09.04.2020 ГОДИНА)
Важноста на сертификатите за акредитација чиј рок е истечен или ќе истече за време на траење на вонредната состојба и на сертификатите за акредитација чиј рок ќе истече во период од четири месеци по престанокот на траење на вонредната состојба, се продолжува до завршување на постапката за ре-акредитација од првото наредно оценување.
Тела за оцена на сообразност чиј сертификат за акредитација истекол или ќе истече за време на траење на вонредната состојба сe должни да иницираат постапка за ре-акредитација во рок од 30 дена по престанок на траење на вонредната состојба.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИНТЕРВЕНТНА НАБАВКА НА МЕДИЦИНСКИ РАКАВИЦИ ЗА ВРЕМЕ НА ТРАЕЊЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 100 ОД 13.04.2020 ГОДИНА)
Уредбата со законска сила се применува за време на треање на вонредната состојба.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИНТЕРВЕНТНА НАБАВКА НА ЗАШТИТНИ МАСКИ СО ЦЕЛ СПРЕЧУВАЊЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КОРОНА ВИРУСОТ (COVID-19) ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 100 ОД 13.04.2020 ГОДИНА)
Уредбата со законска сила се применува за време на треање на вонредната состојба.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПРОИЗВОДИ ЗА ЗАШТИТА НА РАСТЕНИЈАТА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР.100 ОД 13.04.2020 ГОДИНА)
Решенијата за одобрување за пуштање во промет на производите за заштита на растенијата, издадени врз основа на дозвола издадена од земја членка на Европската Унија, чиј рок на важење на дозволата е истечен или истекува за време на траење на вонредната состојба, продолжуваат да важат за време на траење на вонредната состојба, како и 90 дена од престанокот на траење на вонредната состојба.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА КВАЛИТЕТ И БЕЗБЕДНОСТ НА ЃУБРИЊА, БИОСТИМУЛАТОРИ И ПОДОБРУВАЧИ НА СВОЈСТВАТА НА ПОЧВАТА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР.100 ОД 13.04.2020 ГОДИНА)
Решенијата за евидентирање во Листата на ѓубриња, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата, издадени врз основа на дозвола издадена од земја членка на Европската унија, чиј рок на важење на дозволата е истечен или истекува за време на траење на вонредната состојба, продолжуваат да важат за време на траење на вонредната состојба како и 90 дена од престанокот на траење на вонредната состојба.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИСПЛАТА НА ПАРИЧЕН НАДОМЕСТ ЗА ЛИЦА АНГАЖИРАНИ СО ДОГОВОР ЗА ДЕЛО ВО ОРГАНИТЕ НА ДРЖАВНАТА ВЛАСТ, РЕГУЛАТОРНИТЕ ТЕЛА, АГЕНЦИИТЕ, ДРЖАВНИТЕ КОМИСИИ, ПРАВНИТЕ ЛИЦА ВО ЦЕЛОСНА СОПСТВЕНОСТ НА ДРЖАВАТА, ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА И ГРАДОТ СКОПЈЕ И ПРАВНИТЕ ЛИЦА ОСНОВАНИ ОД ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА И ГРАДОТ СКОПЈЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 102 ОД 14.04.2020 ГОДИНА)
На лицата од оваа уредба со законска сила, им се исплаќа целосен паричен надомест, за време на траењето на вонредната состојба, како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 31 декември 2020 година , доколку лицето со денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила не е евидентирано како пријавено вработено лице во Агенцијата за вработување на РСМ. Доколку лицето со денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила е евидентирано како пријавено вработено лице во Агенцијата за вработување на РСМ, му се исплаќа 50% од паричниот надомест кој е определен во договорот за дело, но најмногу во висина од 30.000 денари.
Оваа уредба со законска сила не се однесува на лицата кои склучиле договор за дело со органите на државната власт, регулаторни тела, агенции, државни комисии, правните лица во целосна државна сопственост, единица на локалната самоуправа и Градот Скопје и правни лица основани од единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје, за реализација на проекти финансирани или кофинансирани со заеми и средства од странски кредитори, мегународни донатори и финансиери.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР.80 ОД 27.3.2020 ГОДИНА, бр.102 и 14.04.2020 година).
Роковите определени согласно Законот за земјоделското земјиште за донесување на одлука по отпочнати постапки со прибирање на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост кои истекуваат за време на траење на вонредната состојба, престануваат да течат за време на траењето на вонредната состојба и почнуваат одново да течат по истекот на траењето на вонредната состојба.
Рокот за плаќање на годишната закупнина за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за 2019 година се одложува за време на траењето на вонредната состојба и се продолжува за 180 дена по престанок на траењето на вонредната состојба.
Еднострано раскинување на договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост заради неплатена годишна закупнина се одложува за време на траењето на вонредната состојба и се продолжува за 180 дена по престанок на траењето на вонредната состојба.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ВОЗИЛА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА (СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР.102 ОД 14.4.2020 ГОДИНА)
Рокот за продолжување на овластувањата на правните лица за вградување на уреди за погон на течен нафтен гас и компримиран земјен гас, се одложува за време на траењето на вонредната состојба и се продолжува за 60 дена од денот на истекот на траењето на вонредната состојба.
Важноста на решението за овластувањето на техничка служба за работите кои ги вршат правните лица кои се овластени со решение од Министерството за економија, на предлог за овластување за техничка служба од органот за одобрување, а врз основа на издаден Сертификат за акредитација од органот за оцена на компетентност, чиј рок на важење е истечен или ќе истече за време на траењето на вонредната состојба, се продолжува за време на траењето на вонредната состојба.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ДОНАЦИИ И ЗА СПОНЗОРСТВА ВО ЈАВНИТЕ ДЕЈНОСТИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР.трговија103 ОД 16.04.2020 ГОДИНА и 140 од 29.5.2020 )
Одредбите од членовите 2, 3 и 4 од оваа уредба со законска сила се применуваат за време на траењето на вонредната состојба, како и по престанувањето на траењето на вонредната состојба до 31.12.2020 година.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 103 ОД 16.04.2020 ГОДИНА, БР.111 од 28.04.2020 ГОДИНА, 126 од 15.05.2020 ГОДИНА и БР. 134 ОД 22.05.2020 ГОДИНА)
Роковите за вршење на увид на локалитетот за кој е поднесена иницијатива за вршење на детални геолошки истражувања, за склучување на договор за детални геолошки истражувања по влегување во сила на одлуката за доделување на концесијата и рокот за плаќање на понудениот концесиски надоместок за добивање на концесијата, за поднесување на барање за доделување на концесија за вршење на детални геолошки истражувања на ист простор и за ист вид на минерални суровини за кои е доставен извештај со кој се потврдува дека деталните геолошки истражувања не се во целост завршени, за доставување на елаборат од извршените детални геолошки истражувања, за вршење на увид на локалитетот за кој е поднесено барање за издавање на дозвола за детални геолошки истражувања, за поднесување на барање за проширување на концесијата за експлоатација, за поднесување на барање за продолжување на периодот на кој е доделена концесија за експлоатација, за поднесување на барање за доделување на концесија за експлоатација по истекот на концесијата за детални геолошки истражувања, за вршење на увид на локалитетот за кој е поднесено барање за доделување на концесија за експлоатација на минерални суровини, за склучување на договор за експлоатација на минерални суровини по влегување во сила на одлуката за доделување на концесијата и рокот за плаќање на понудениот концесиски надоместок за добивање на концесијата, за поднесување на барање за издавање на дозвола за експлоатација и за започнување со експлоатација на минералните суровини по издавањето на дозволата за експлоатација, престануваат да течат за време на траењето на вонредната состојба и продолжуваат по истекот на траењето на вонредната состојба, но само за онолку денови колку што преостанале, и тоа од денот на истекот на траењето на вонредната состојба.
Член 2a од Уредбата со законска сила ќе се применува за време на траење на вонредната состојба како и 90 дена по престанување на траењето на вонредната состојба.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР.103 ОД 16.04.2020 ГОДИНА, БР. 107 ОД 22.04.2020 ГОДИНА и БР. 134 ОД 22.05.2020 ГОДИНА)
Одредбите на членовите 2, 2-а, 3 и 4 од уредбата со законска сила се применуваат за време на траењето на вонредната состојба, како и 200 дена по престанување на траењето на вонредната состојба.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПОШТЕНСКИТЕ УСЛУГИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 107 ОД 22.04.2020 ГОДИНА)
Уредбата со законска сила се применува за време на треање на вонредната состојба, како и 200 дена од престанокот на траењето на вонредната состојба за поставување на ред и дисциплина при влез, во внатрешноста и при излез од капацитетите и просториите, во кои се даваат поштенски услуги кон корисниците на овие услуги.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА БАНКИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР.107 ОД 22.04.2020 ГОДИНА и БР. 154 ОД 10.06.2020 ГОДИНА)
Уредбата со законска сила се применува за време на треање на вонредната состојба, како и 200 дена од престанокот на траењето на вонредната состојба за поставување на ред и дисциплина при влез во и излез од внатрешноста на деловните единици или простории на банките и штедилниците во кои се примаат клиенти заради вршење и нудење финансиски услуги.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ИГРИТЕ НА СРЕЌА И ЗА ЗАБАВНИТЕ ИГРИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 108 ОД 24.04.2020 ГОДИНА)
Уредбата со законска сила ќе се применува за време на траење на вонредната состојба како и 6 месеци по престанувањето на траењето на вонредната состојба.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА* ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 111 ОД 28.04.2020 ГОДИНА и БР.134 ОД 22.05.2020 ГОДИНА)
Полагањето на испитот за стручна оспособеност за ракувачи на енергетски уреди и постројки се одложува за време на траењето на вонредната состојба, како и за 30 дена по престанокот на траењето на вонредната состојба.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА УГОСТИТЕЛСКАТА ДЕЈНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 111 ОД 28.04.2020 ГОДИНА и БР. 112 ОД 30.04.2020 ГОДИНА)
УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА УГОСТИТЕЛСКАТА ДЕЈНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 154/2020)
Важноста на лиценците за вршење на угостителска дејност во ноќен бар, кабаре, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор, чиј рок на важење е истечен или ќе истече за време на траењето на вонредната состојба, се продолжува за време на траењето на вонредната состојба.
Важноста на решението за утврдување на категорија на угостителски објект чиј рок на важење е истечен или ќе истече за време на траењето на вонредната состојба, се продолжува за време на траење на вонредната состојба.
Законот за угостителската дејност („Службен весник на РМ бр. 62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13, 187/13, 166/14, 199/14, 129/15, 192/15, 39/16, 53/16, 71/16 и „Службен весник на РСМ“ 31/20) ќе се применува за време на траење на вонредната состојба, како и 60 дена по престанокот на траењето на вонредната состојба, доколку со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА КОНСОЛИДАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 123 ОД 13.05.2020 ГОДИНА)
Рокот за изработка на геодетски елаборат за посебни намени за консолидација престанува да тече за време на траење на вонредната состојба и продолжува да тече 90 дена по престанокот на траењето на вонредната состојба.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“БР. 71/20, БР.123 ОД 13.05.2020 ГОДИНА, БР.126 ОД 15.5.2020 ГОДИНА И БР.131 ОД 20.5.2020 ГОДИНА)
Важноста на возачката дозвола чиј рок на важење е истечен се продолжува за време на траење на вонредната состојба, како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 31 јули 2020 година.
Започнатите постапки за спроведување на обуките за оспособување на кандидат за возач во авто школите и спроведување на возачкиот испит на кандидатот за возач во испитните центри, се одложуваат за време на траење на вонредната состојба се до престанокот на важење на мерката забрана за одржување на наставата и спроведувањето на обуките и испитите во испитните центри од страна на школите за обука за возачи утврдена во Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19.
Роковите на важење на документите што согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се утврдени за спроведување на обуките за оспособување на кандидат за возач во авто школите и за спроведување на возачкиот испит на кандидатот за возач во испитните центри, кои истекуваат за време на траење на вонредната состојба, продолжуваат да важат за време на траењето на вонредната состојба, како и по истекот на траењето на вонредната состојба, но само за онолку денови колку што преостанале, и тоа од денот на престанокот на рокот на важењето на документот до денот на истекот на траењето на вонредната состојба.
За време на траење на вонредната состојба, како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 31.12.2020 година , при спроведување на вториот практичен дел од возачкиот испит на кандидат за возач, во возилото се присутни претседателот на испитната комисија и испитувачот по практичен дел.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И РАБОТА НА СТРАНЦИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 123 ОД 13.05.2020 ГОДИНА)
Важноста на работната дозвола која се издава за определен временски период до една година чиј рок на важење е истечен, односно истекува за време на траењето на вонредната состојба, се продолжува за време на траењето на вонредната состојба, како и 60 дена од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила.
Рокот за реализирање на услугите кои ги даваат странските работници кои се поврзани со набавка на стока и склопување, одржување и сервисирање на машини, средства и опрема, во период не подолг од 60 дена, во една календарска година, чиј рок за реализирање е истечен, односно истекува за време на траењето на вонредната состојба, се продолжува за време на траењето на вонредната состојба, како и 60 дена од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР.71 од 20.3.2020 година и бр. 153 ОД 09.06.2020 ГОДИНА)
Полагањето на испитот за стекнување на овластување за овластен геодет се одложува за време на траењето на вонредната состојба.
Мандатот на претседателот и на членовите на Управниот одбор на Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи, се продолжува за време на траењето на вонредната состојба.
Собранието на Комората е должно во рок од 30 дена од денот на престанување на траењето на вонредната состојба, да започне постапка за избор на претседател и членови на Управниот одбор на Комората.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНОТО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 92 ОД 06.04.2020 ГОДИНА, БР.140 ОД 29.05.2020 ГОДИНА И БР.156 ОД 12.6.2020 ГОДИНА)
Одредбите од оваа уредба со законска сила ќе се применуваат за време на траење на вонредната состојба и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 31.12.2020 година.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 140 ОД 29.05.2020 ГОДИНА)
Рокот за исполнување на обврската за посета на обуката за континуирано професионално усовршување од 60 часа за сметководител за период од три години односно 90 часа за овластен сметководител за период од три години, започната во 2017 година, престанува да тече за време на траењето на вонредната состојба и продолжува 200 дена по престанокот на траењето на вонредната состојба.
Oбврската за посета на обуката за континуирано професионално усовршување од најмалку 10 часа во текот на една година за сметководител, односно од најмалку 20 часа за овластен сметководител, нема да се однесува за сметководителите односно овластените сметководители кои обуката за континуирано професионално усовршување ја започнале во 2018 и 2019 година.
Доколку сметководителот, односно овластениот сметководител, до 31.12.2019 година посетил повеќе од 60 односно 90 часови обука за континуирано професионално усовршување, тие часови му се признаваат во следниот тригодишен циклус.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА КОМУНАЛНИТЕ ТАКСИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 154 ОД 10.06.2020 ГОДИНА)
Уредбата со законска сила се применува за време траење на вонредната состојба за висината на комуналната такса за користење на просторот пред деловните простории за вршење на дејност.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА НАЧИНОТ НА КОРИСТЕЊЕ НА РАДИОФРЕКВЕНЦИСКИ ОПСЕЗИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 154 ОД 10.06.2020 ГОДИНА)
На радиодифузерите кои обезбедуваат радио емитување (радија) врз основа на издадено одобрение за користење на радиофреквенции во радиофреквенцискиот опсег 87.5-108 MHz не им се наплаќа годишен надоместок за 2020 година. На радиодифузерите кои обезбедуваат радио емитување (радија) врз основа на издадено одобрение за користење во радиофреквенцискиот опсег 87.5-108 MHz нема да им се наплаќа годишен надоместок за 2020 година за користење на радиофреквенции за пренос на нивниот сигнал до предавателите што вршат радиодифузно емитување.
Радиодифузерите кои до денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила го платиле годишниот надоместок за 2020 година ќе се смета дека извршиле плаќање на годишен надоместок за 2021 година за користење на наведените радиофреквенции, согласно Законот за електронските комуникации.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА НАЧИН НА НАПЛАТА НА НАДОМЕСТОЦИТЕ ОД СТРАНА НА ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ МАКЕДОНСКА РАДИОДИФУЗИЈА ОД РАДИОДИФУЗЕРИТЕ КОИ ВРШАТ РАДИО-ЕМИТУВАЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 157 ОД 13.06.2020 ГОДИНА)
На радиодифузерите кои обезбедуваат радио емитување (радија) Јавното претпријатие Македонска радиодифузија нема да им ги наплаќа трошоците за обезбедување на енергетско напојување на радиодифузни уреди за 2020 година и трошоците за закуп на деловен простор на радиодифузни објекти на ЈП МРД за 2020 година, определени со Ценовникот на услуги на јавното претпријатие.
Радиодифузерите кои до денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила ги платиле надоместоците за обезбедување на енергетско напојување на радиодифузни уреди за 2020 година и надоместоците за закуп на деловен простор на радиодифузни објекти на ЈП МРД за 2020 година ќе се смета дека извршиле плаќање на надоместоците за 2021 година, согласно Законот за основање на Јавното претпријатие Македонска радиодифузија.
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВАУЧЕРИ НА МЛАДИ ЛИЦА ЗА ОБУКИ ЗА ДИГИТАЛНИ ВЕШТИНИ ЗАРАДИ ПОДОБРУВАЊЕ НА НИВНАТА КОНКУРЕНТНОСТ НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 157 ОД 13.06.2020 ГОДИНА)
 
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ГРАЃАНИ И ВРАБОТЕНИ ЛИЦА СО НИЗОК ДОХОД, МЛАДИ ЛИЦА И ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ПРЕКУ ИЗДАВАЊЕ НА ДОМАШНА ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА НАМЕНЕТА ЗА КУПУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 137 ОД 27.05.2020 ГОДИНА, БР.147 ОД 03.06.2020 ГОДИНА, БР.151 ОД 08.06.2020 ГОДИНА, БР.156 ОД 12.6.2020 ГОДИНА И БР.157 ОД 13.6.2020 ГОДИНА)
 
УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВАУЧЕРИ ЗА ТУРИЗАМ НА ВРАБОТЕНИ ЛИЦА СО НИЗОК ДОХОД ЗАРАДИ ПОТТИКНУВАЊЕ НА ДОМАШНИОТ ТУРИЗАМ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 141 ОД 30.05.2020 ГОДИНА)
 

 

 

 

 

 

ОДЛУКА
РОК НА ПРИМЕНА
ОДЛУКА ЗА ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ТРГОВИЈАТА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР.71 ОД 20.3.2020, БР.79 ОД 26.03.2020 и БР.90 ОД 04.04.2020 ГОДИНА)
Највисоката трговска маржа на аргуми свежи или сушени и тоа: портокали, мандарини, клементини, грејпфрут и лимони, со тарифен број 0805, за трговското друштво и трговецот поединец кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо се утврдува во вкупен износ до 10%, односно до 15% во трговијата на мало иќе важи до завршувањето на траењето на вонредната состојба.
ОДЛУКА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИТЕ ЦЕНИ НА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ ВО ТРГОВИЈАТА НА ГОЛЕМО И ТРГОВИЈАТА НА МАЛО („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР.70 ОД 19.3.2020 и бр.76 од 24.3.2020 година)
Највисоки цени во трговијата на големо и трговијата на мало на: леб, сол, шеќер, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови, лична заштитна опрема, средства за лична хигиена, потрошен медицински материјал, медицинска опрема и апарати и дезифекциони средства се утврдуваат на нивото на цените на истите кои се применувале на 11 март 2020 година, кога од страна на Светската Здравствена Организација е прогласена пандемија на Коронавирусот COVID-19 .
По исклучок, за производите чија увозна цена е повисока од највисоката цена што се применувала на 11 март 2020 година, треба да се користи трговскатa маржа која ја применувале на 11 март 2020 година.
Највисоките цени на производите ќе важат до завршувањето на траењето на вонредната состојба на територијата на РСМ.
ОДЛУКА ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ИЗВОЗОТ НА ПЧЕНИЦА И НАПОЛИЦА И БРАШНО ОД ПЧЕНИЦА ИЛИ НАПОЛИЦА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР.70 ОД 19.3.2020 и „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР.90 ОД 04.04.2020 ГОДИНА)
Ограничувањето на извозот на пченица и наполица со тарифните ознаки 1001 19 00 00, 1001 91 90 00 и 1001 99 00 00 и брашно од пченица или наполица со тарифна ознака 1101 00 во текот на еден месец се ограничува во висина од 70 проценти од вкупно произведената количина на брашно од пченица и наполица во претходниот месец и ќе важи до завршувањето на траењето на вонредната состојба на територијата.
ОДЛУКА ЗА ЗАБРАНА НА ПРОДАЖБА НА ОДДЕЛНИ НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 70 ОД 19.3.2020)
На правните и физичките лица кои вршат трговија на нафтени деривати на мало им се забранува да вршат промет на масло за горење екстра лесно масло за домаќинство ЕЛ-1 со содржина на сулфур најмногу до 0,1% (m/m), на бензинските станици во периодот од 15 aприл до 15 oктомври 2020 година. На производителите, трговците на големо и увозниците со нафтени деривати им се забранува да вршат продажба на масло за горење екстра лесно масло за домаќинство ЕЛ-1 со содржина на сулфур најмногу до 0,1% (m/m), на трговците на мало (бензинските станици), во периодот од 15 април до 15 октомври 2020 година.
ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА МЕТОДОЛОГИЈАТА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРЕДИТНИОТ РИЗИК („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР.76 ОД 24.03.2020)
Kредитната изложеност којашто на 29 февруари 2020 година е класифицирана во категорија на ризик „А“, „Б“ или „В“ и којаштово периодот од 1 март до 30 септември 2020 година по било која основа ќе биде ненаплатена подолго од 90 дена, но пократко од 150 дена сметано од рокот на достасување нема третман на нефункционална кредитна изложеност. Одредбите од оваа точка се однесуваат и на кредитната изложеност класифицирана во категорија на ризик „А“ или „Б“ којашто е одобрена во периодот од 1 март до 30 септември 2020 година.
ОДЛУКА ЗА УКИНУВАЊЕ НА УВОЗНАТА ДАВАЧКА – ЦАРИНСКАТА СТАПКА ЗА ПОТРОШЕН МЕДИЦИНСКИ МАТЕРИЈАЛ („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР.76 ОД 24.03.2020 И БР. 80 ОД 27.03.2020 ГОДИНА)
Стоките определени со оваа одлука ќе се увезуваат заклучно со завршувањето на траењето на вонредната состојба на територијата на РСМ.
ОДЛУКА ЗА УКИНУВАЊЕ НА УВОЗНАТА ДАВАЧКА – ЦАРИНСКАТА СТАПКА ЗА ЗАМРЗНАТО СВИНСКО МЕСО И СВИНСКО САЛО ИСЧИСТЕНO OД МЕСO И ЖИВИНСКO САЛO, НЕИСТOПЕНИ ИЛИ ПOИНАКУ ИЗДВOЕНИ, СВЕЖИ, РАЗЛА- ДЕНИ, ЗАМРЗНАТИ, СOЛЕНИ, ВO САЛАМУРА, СУШЕНИ ИЛИ ЧАДЕНИ („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 97 ОД 9 АПРИЛ и „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 125 ОД 15.05.2020 ГОДИНА)
Стоките определени со оваа одлука се увезуваат до 31 октомври 2020 година.
ОДЛУКА ЗА НАЧИНОТ НА ПРОЦЕНКА НА РЕЗЕРВИТЕ ЗА ШТЕТИ НА ДРУШТВАТА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И/ИЛИ РЕОСИГУРУВАЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА ТРАЕЊЕ НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 107 ОД 22.04.2020 ГОДИНА)
Одлуката утврдува правила кои се однесуваат на работењето на друштвата за осигурување во делот на начинот на проценка на резервите на штети за време на траењето на вонредната состојба.
Доколку при процена на резервите за штети, искуството во последната дијагонала од користениот триаголник покаже намалена ликвидација/пријава на штети (релативно на изложеноста), друштвото за осигурување и/или реосигурување истото не треба да го земе во предвид за целите на проценка на развојните фактори со состојба на 31 март и 30 јуни 2020 година.
ОДЛУКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА УВОЗНАТА ДАВАЧКА – ЦАРИНСКАТА СТАПКА НА ПАТЕНТИ ЗА АВТО НАВЛАКИ („СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 157 ОД 13.06.2020 ГОДИНА)
Со оваа одлука се пропишува мерка за намалување на увозната давачка - царинската стапка за патенти за автонавлаки и тоа:
тарифна ознака
Опис
Царинска стапка
ex 9607 19 00 00
Пластичен патент затворач за автонавлаки:
7,7%
Стоката од оваа одлука ќе се увезувазаклучно со 31.10.2020 година

 

Служба за информирање при Комората