Семинар / 23.09.2019

ПОЧЕТНО КОРИСТЕЊЕ НА ПРОГРАМА ЗА ТАБЕЛАРНО ПРЕСМЕТУВАЊЕ (EXCEL 2016)

Стопанска комора на Македонија


   

Дводневен семинар:

ПОЧЕТНО КОРИСТЕЊЕ НА ПРОГРАМА ЗА ТАБЕЛАРНО ПРЕСМЕТУВАЊЕ (EXCEL 2016)

26 - 27.9.2019 година (четврток и петок)
10:00 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


Во деловното опкружување во кое голем дел од успехот зависи од способноста за управување со информациите и податоците, Microsoft Excel се смета за една од најкорисните деловни програми за општа употреба. Наменета за систематизација, уредување и чување податоци, но и за нивна визуелизација и анализирање, оваа програма овозможува не само зголемена продуктивност, туку и значителна заштеда во време. Во деловниот свет, користењето на Excel се смета за знаење кое едноставно е неопходно - без оглед дали станува збор за банкарство, трговија, индустрија, услужна дејност и сл. Водењето евиденција, табеларните прикази, различните пресметки во оваа програма се работи кои се очекува да се знаат од страна на вработените.

Дводневниот семинар овозможува за најкратко време стекнување на неопходното почетно знаење за работа во Excel како ефикасно и со леснотија би се решавале различни задачи од работното секојдневие. Акцентот е на решавање практични задачи – самостојна изработка на табели и табеларни пресметки, правилно користење на математичките  формули и функции, како и графички приказ на податоците со помош на графикон.

Семинарот е наменет за сите кои сакаат да ги унапредат своите знаења и вештини како би биле поподготвени за идни деловни предизвици - да се запознаат со користењето на многубројните опции кои ги нуди оваа програма, а потоа и стекнатите знаење да ги применат на своето работно место. Основен услов е учесникот да има познавања од работа со компјутер.


НАПОМЕНА: ЗАРАДИ ПРАКТИЧНИОТ КАРАКТЕР НА ОБУКАТА, ПОТРЕБНО Е СЕКОЈ УЧЕСНИК ДА ПОНЕСЕ СО СЕБЕ ЛАП-ТОП КОМПЈУТЕР.

Теми кои ќе бидат опфатени на семинарот:
• Вовед во Excel;
• Манипулација со работна книга, работни листови и „ќелии“;
• Форматирање на содржината;
• Користење на аритметички операции и референцирање;
• Користење на основни функции;
• Визуелизација на податоците преку графикони;
• Почетно сортирање и филтрирање на податоците;
• Замрзнување на редици и колони;
• Поврзување на работите страници;
• Печатење на документ во Excel;
• Заштита и сигурност.

По завршување на семинарот, учесникот ќе биде во можност:
• да користи табеларни документи (да ги отвора, менува,   сочува на одредена локација и слично);
• да внесува податоци во „ќелии“, да користи автоматско   пополнување, да ги брише и преместува податоците во рамките   на една или повеќе табели, да уредува редови и колони, да   селектира, копира, односно преместува, брише и преименува   работни страници;
• да форматира податоци, да форматира страници во рамките на   еден табеларен документ, да применува „замрзнување“ на   редици и колони, да ја користи функцијата „Најди и замени“,   да применува автоматски испис на насловите на редиците на   секоја страна на работниот лист;
• практично да применува основни формули и функции, да   користи апсолутни и релативни адреси на „ќелии“;
• да избере, да форматира и да обликува графикони;
• да применува едноставно филтрирање и сортирање;
• да поврзува работни страници;
• да печати документ во Excel.

Придобивките на компаниите и организациите од примената:
- генерирање квалитетни работни вештини;
- олеснета деловна администрација;
- ефикасно користење на работното време.

Предавач:
- Ирина Иванова, дипломиран инженер и професор по информатика веќе 18 години. Обучувач во областа на ИТ. Активно е вклучена во проекти финансирани од ЕУ, УСАИД и Британскиот совет како експерт и обучувач. Воедно е  ETwinning и Scientix амбасадор за Македонија. Учесник е на бројни конференции, но и автор на прирачници за основно и учебници за средно образование.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 23.9.2019 година.

Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 23.01.2020
ДЕФИНИРАЊЕ НА ПОТРЕБИТЕ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ/КЛИЕНТИТЕ И ПОТРАГА ПО КЛИЕНТИ
Семинар, 23.01.2020
КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ И ПИВОТ ТАБЕЛИ) И АНАЛИТИКА СО DASHBOARD ВО EXCEL 2016
Семинар, 24.01.2020
УПРАВУВАЊЕ СО ФИЗИЧКИ ШТЕТНОСТИ
Семинар, 28.01.2020
OТВАРАЊЕ НОВИ БРОЕВИ (ПОПИС НА ДОКУМЕНТИ) ВО ДЕЛОВОДНИК (ПОЧЕТОК НА ГОДИНА), ПОВРЗУВАЊЕ НА БРОЕВИ ОД МИНАТАТА ГОДИНА СО НОВИ БРОЕВИ ВО ТЕКОВНАТА ГОДИНА
Семинар, 29.01.2020
7 ТОЧКИ КАКО ДА ГИ ПОСТИГНЕМЕ НАШИТЕ БИЗНИС ЦЕЛИ ВО НОВАТА 2020 ГОДИНА
Семинар, 30.01.2020
ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТИ ЗА ГРАНТОВИ ОД ЕУ И ДРУГИ ДОНАТОРСКИ ПРОГРАМИ
Семинар, 30.01.2020
ПРЕКРШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС И ПРЕВЕНЦИЈА НА ПРОПУСТИ НА СУБЈЕКТИТЕ ВО ПРИМЕНАТА НА ПРОПИСИТЕ ОД ОБЛАСТА НА ТРУДОТ
Семинар, 05.02.2020
ИНКОТЕРМС 2020 - РАЗБИРАЊЕ И ПРАВИЛНА ПРИМЕНА НА ПРАВИЛАТА
Семинар, 12.02.2020
МАРКЕТИНГ НИЗ СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ - МАРКЕТИНГ ПРИСТАПИ СО КОРИСТЕЊЕ НА SEO ЗА МАЛ БИЗНИС (LINKEDIN, INSTAGRAM)
Семинар, 19.02.2020
ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА КОМПАНИИТЕ
Семинар, 28.02.2020
ПРОФЕСИОНАЛНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА – ПРОТОКОЛ МЕНАЏМЕНТ
Бизнис средби, 19.03.2020
Меѓународни деловни средби, 19-20 март 2020 година, Кочаели, Турција