Стопанската комора на Македонија продолжува да биде партнер на Царинската управа на Република Северна Македонија
➢ Актуелно (01.08.2020)
👁 Прочитано: 1361


Интервју со директорот на Царинската управа, м-р Ѓоко Танасоски во најновиот број на Еconomic development, goverance and enterprise growth (EDGE) project
Стопанската комора на Македонија продолжува да биде партнер на Царинската управа на Република Северна Македонија

Во интервјуто директорот на Царинската Управа на Република Северна Македонија, Ѓоко Танасоски, зборува за важните резултати кои се постигнати во Царинската управа во врска со имплементацијата на реформите за зголемување на ефикасноста на царинското работење на национално ниво, вклучително и започнувањето на новиот систем за обработка на електронските царински декларации и спроведувањето на програмата за овластен економски оператор.

Во интервјуто, директорот Танасоски истакнува дека со сите органи и Министерства во Владата на Република Северна Македонија, направени се исклучителни напори за одржување на економската активност со цел границите во регионот да се останат отворени во време на корона кризата. "Па така, покрената беше иницијатива и воспоставени беа т.н. зелени коридори, каде сите земји членки на ЦЕФТА се обврзани да обезбедат 24 часовна работа на граничните премини за извоз и увоз на стоки во рамки на ЦЕФТА регионот, како и на клучните гранични премини со Европската Унија, со приоритет за минување на свежите земјоделски и прехранбени производи, лековите и медицинската опрема", додава Танасоски.

И Стопанската комора на Македонија во неколку наврати во услови на кризата предизвикана од Ковид-19, одржуваше работни состаноци меѓу стопанствениците извозници и директорот на Царинската управа со соработниците, со цел ослободување на коридорите заради обезбедување на непречено движење на репроматеријалите, суровините и готовите извозни производи. На тие состаноци директорот Танасоски подвлекуваше дека токму транспортните проблеми се во фокусот на Царинската Управа и дека Царинската управа постојано ги следи случувањата и на ниво на ЕУ и ЦЕФТА со цел преку обезбедувањето на т.н. зелени коридори да се остварува непречен проток на медицински и прехранбени производи, но и репроматеријали потребни за целата индустријата, посебно кога се работи во услови на ковид кризата.
 
Во интервјуто директорот Танасоски зборува за значењето и важноста на СОЦДАД (Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи) и ОЕО (Овластен Економски оператор) и бенефитите и придобивките за економските оператори од нивната употреба.

Стопанската комора на Македонија продолжува да биде партнер на една од најзначајните институции за работењето на компаниите во нашата земја, Царинската управа.

Целото интервју на директорот на Царинската управа Танасоски во најновиот број на списанието Еconomic development, goverance and enterprise growth (EDGE) project, можете да го прочитате на следниот линк: https://medium.com/@edge/a-brief-q-a-with-gjoko-tanasoski-director-general-of-the-customs-administration-of-north-macedonia-a3ccb03b8956

 

Служба за информирање при Комората