В М Р Е Ж У В А Њ Е:
МЕНАЏМЕНТОТ- КЛУЧ НА УСПЕХОТ НА СМЕЛТ ИНГ ДОО

   

ПОРАКА ОД ... / 20.01.2020
👁 Прочитано: 861


В М Р Е Ж У В А Њ Е: <br>МЕНАЏМЕНТОТ- КЛУЧ НА УСПЕХОТ НА СМЕЛТ ИНГ ДОО
Бранко Азески, претседател 
на Стопанска комора на Македонија

Стопанската комора на Македонија во своето стогодишно работење има илјадници примери на успешни приказни на свои членки, кои успеале да го искористат потенцијалот на Коморското вмрежување и да го подобрат квалитетот и квантитетот на своето работење, зголемат производството и асортиманот, како и квалитетот на производите, а со тоа и да го зголемат својот профит.

Квалитетот на своето работење компаниите го подобриле на различни основи и со низа активности. Како најеклатантни можности и области од кои произлегле позитивните промени во работењето на компаниите се учеството во коморските проекти, имплементации на стандарди, едукативни настани и сл.

Првата компанија која ја претставуваме е СМЕЛТ ИНГ ДОО Скопје, како еден од позначајните брендови меѓу македонските компании. Основана во 1996 година со основна дејност на трговија со електрични материјали. Во 2010 година, компанијата инвестира во купување и комплетно реновирање на фабрика од 2 000 м2 во градот Велес, за монтажа на ормари од полиестер, додека во 2011 година поради поголемата побарувачка на пазарот започна со производство на метални делови од лим.

Компанијата е позната по флексибилноста во работењето и индивидуалниот пристап до секој од клиентите. Сериското производство на електрични ормари и изработка на делови од лим има голема улога во портфолиото на оваа компанија.

СМЕЛТ ИНГ може да понуди сет на опрема за низок и среден напон, ормар со низок напон, блокови со среден напон, корекција на факторот на нисконапонска моќност (автоматска компензација), ормар за напојување, и разновидови мерни ормари.

 

Bojan Nestorovski"- Во зголемувањето на нашата соработка со странските инвеститори неминовна е улогата на Стопанската комора на Македонија која ги дефинираше можностите и начините за поддршка во вмрежувањето во синџирите на добавувачи на странските инвеститори во земјава, а со тоа и промовирање на брендот - СМЕЛТ ИНГ ДОО"  

 

г-дин Бојан Нестороски, директор на СМЕЛТ ИНГ ДОО

 


 

Во 2015 година, СМЕЛТ ИНГ ДОО направи нова инвестиција со отворање на фабрика од 4 800 m2 во Владичин Хан, Република Србија.

Во 2016 година, СМЕЛТ ИНГ ДОО инвестираше во погон за производство на бетонски елементи и суров бетон. Бетонската база е мобилна со вкупен капацитет од 100 m3/h. Производствениот погонот е со вкупна површина од 35 000 m2,a производствената хала има 3 000 m2.

Во 2019 година, СМЕЛТ ИНГ ДОО направи нова инвестиција со купување на производната фабрика - поранешна РАДЕ КОНЧАР - ЗАВАРУВАЊЕ. Фабриката работи со вкупна површина од над 10 000 m2, каде 4 560 m3 е халата за производство. Планот за работа во производствената хала е проширување на производство на електрични ормари, комплексни метални склопови и производство на машини за заварување.

Компанијата СМЕЛТ ИНГ ДОО е една од компаниите кои имаа желба и можност да бидат успешна приказна, а од вмрежувањето со Стопанската комора на Македонија, успеаа да ги реализираат компаниски поставените цели и да имаат успешна реалност.

П.С. Во следната објава продолжуваме со презентирање на компанија предводена од успешен менаџер, еден од најголемите светски производители на автомобилска, индустриска и останата електроника, компанијата КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА Дооел и генералниот менаџер г-дин Виктор Мизо, кој воедно е и Претседател на Асоцијацијата на компании со технолошки напредно производство во рамки на Советот на странските инвеститори.