Семинар / 17.02.2020

ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА КОМПАНИИТЕ

Стопанска комора на Македонија


   

Еднодневен семинар:

ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА КОМПАНИИТЕ

19.2.2020 година (среда)
10:00 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

 
Како да направите повеќе со помалку за да го подобрите работењето во вашата компанија? Живееме во време на четврта технолошка револуција која придонесува за забрзан развој на науката и примената на новите откритија во секојдневното работење на сите нивоа во компанијата е неизбежна. Со цел одржување чекор со напливот на новите сознанија се јавува неминовна потреба од обуки на вработените за нови вештини. Придобивките од располагање со обучен кадар со вештини на 21 век се огромни како што се поефикасно работење, поефективно управување со човечките ресурси и оптимизација на работните процеси. Сето ова води кон зголемување на перформансите на компанијата и подобрување на работната атмосфера.
 
Развиени се голем број дигитални алатки кои ќе ви помогнат во постигнување подобри резултати во рамки на компанијата. Такви се Kahoot и Mentimeter кои обезбедуваат на интересен и забавен начин да се реализираат презентации и обуки со вработените. Овие дигитални алатки може да користат и за состаноци и без физичко присуство на вработените и менаџментот.

Овој семинар ќе обезбеди оспособување за користење на овие алатки како и креирање презентации и прашалници кои се користат за време на обуки и состаноци. Семинарот е наменет за менаџери и вработени кои сакаат да стекнат дигитални вештини кои се потребни за 21 век но и да се подготват за новите кои ќе се појават во иднина. Потребни предзнаења за овој семинар се познавање на работна околина на веб-пребарувач (Google Chrome, Firefox, и др.).

НАПОМЕНА: ЗАРАДИ ПРАКТИЧНИОТ КАРАКТЕР НА ОБУКАТА, ПОТРЕБНО Е СЕКОЈ УЧЕСНИК ДА ПОНЕСЕ СО СЕБЕ ЛАП-ТОП КОМПЈУТЕР.

Теми кои ќе бидат опфатени на семинарот:
• Вовед за дигитални алатки на 21 век;
• Работна околина на Kahoot;
• Креирање презентации во Kahoot;
• Креирање прашалници во Kahoot;
• Работна околина на Mentimeter;
• Креирање презентации во Mentimeter;
• Креирање прашалници во Mentimeter;
• Анализа на добиени повратни информации.

По завршување на семинарот, учесниците ќе бидат во можност:
• Да креираат електронски содржини за состаноци и електронски материјали за презентации и   обуки;
• Да креираат прашалници за проверка на усвоените информации и знаења;
• Да анализираат извештаи од повратните информации на корисниците на нивните материјали;
• Да ги идентификуваат вработените кои избегнуваат стекнување нови знаења и вештини;
• Да ги модифицираат електронските материјали согласно добиените повратни информации;
• Да креираат позитивна работна атмосфера;
• Поедноставно да ги воведат нововработените во компанијата;
• Поефикасно да ги ориентираат вработените,
• Да ја зголемат соработката во компанијата;
• Да ја подобрат ефикасноста на компанијата.


Придобивките на компаниите и организациите од примената:

- Стекнување дигитални вештини потребни за 21 век;
- Подобрување на односите меѓу менаџерите и вработените како и меѓу самите вработени;
- Оптимизација на работните процеси и подобрување на ефикасноста на компанијата;
- Генерирање квалитетни работни односи;
- Зајакнување на тимското работење;
- Креирање позитивна работна атмосфера.

Предавач:

Гордана Јанакиевска, дипломиран електро инжинер, советник по информатика, обучувач од областа на ИТ. Активно е вклучена во проекти финансирани од ЕУ, УСАИД и Британски Совет како експерт и обучувач. Воедно е  координатор на активностите во образованието на ETwinning платформата за Македонија. Учесник е на бројни конференции, но и коавтор на прирачници за основно образование и друга стручна литература.
 

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 14.2.2020 година.

Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лица:

Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 28.02.2020
ПРОФЕСИОНАЛНА ДЕЛОВНА КОМУНИКАЦИЈА – ПРОТОКОЛ МЕНАЏМЕНТ
Семинар, 04.03.2020
НОВИОТ ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И НАЧИН НА ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ ВО БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО ПРИ РАБОТА
Тренинг обука, 11.03.2020
ИНТЕРНИ ОБУЧУВАЧИ И МЕНТОРИ ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ
Семинар, 11.03.2020
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)
Семинар, 12.03.2020
ЗАКОНСКИ РОК ЗА НИШТЕЊЕ ДОКУМЕНТИ/ЗАПИСИ СО ИЗМИНАТИ РОКОВИ НА ЧУВАЊЕ
Семинар, 16.03.2020
ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ПРИ ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО И ЗАШТИТАТА НА ПРАВАТА ОД РАБОТЕН ОДНОС
Семинар, 19.03.2020
ПОИМ НА РАБОТЕН ОДНОС, ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС ПОВРЕДИ НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА
Семинар, 19.03.2020
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ
Бизнис средби, 19.03.2020
Меѓународни деловни средби - ЕЕН, 19-20 март 2020 година, во Кочаели, Турција
Семинар, 27.03.2020
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЕКСЕЛ (ФОРМУЛИ, ФУНКЦИИ, ПИВОТ ТАБЕЛИ И КОНТРОЛНИ ТАБЛИ) СО ПРИМЕРИ ВО МАГАЦИНСКОТО РАБОТЕЊЕ
Конференција, 01.04.2020
КОНФЕРЕНЦИЈА И МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - ЕЕН, 1-3 април 2020 година, во Сараево, Босна и Херцеговина