КОРОНАВИРУСОТ- ПРЕЧКА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ИНВЕСТИЦИИТЕ

   

👁 Прочитано: 1664


КОРОНАВИРУСОТ- ПРЕЧКА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ИНВЕСТИЦИИТЕ

Николајчо Николов, генерален директор на Бучим

– Како извозни компании се соочуваме со тривијални проблеми и бараме задолжително обезбедување на зелен коридор за извоз како би се спречил застојот на активностите на извозно ориентираните компании.  Во моментот Бучим инвестира во зголемување на капацитетите, меѓутоа дозволите за влез на странски државјани ја отежнуваат реализацијата на новите инвестиции со тоа што инженери од ЕУ поради новонастанатата ситуација, не се во можност да извршат монтажа на новите капацитети.