Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

05.12.2018


Актуелно  

Посета на учениците од СЕПУГС „Арсени Јовков“ и нивно запознавање со улогата на Стопанската комора на Македонија - најголемата, највлијателната и најпочитуванатa бизнис-асоцијација во државата


На 5.12.2018 година, како резултат на потребата од запознавање со улогата на Стопанската комора на Македонија, која е репрезент и застапник на интересите на стопанството, како и со услугите кои Стопанската комора на Македонија  ги обезбедува за компаниите – членки, во посета на Комората беа учениците од четврта година при СЕПУГС „Арсени Јовков“ - Скопје. Имено, Средното економско и правно училиште на Град Скопје „Арсени Јовков“ постои повеќе од 50 години и во него се образуваат кадри во две насоки: деловен секретар и економски техничар.

Пред учениците и професорите беше презентирана Стопанската комора на Македонија која е најголемата, највлијателната и најпочитуваната бизнис-асоцијација во државата и лидер во коморскиот систем кај нас, во регионот и препознатлива куќа на бизнисот. 

РК Битола

Со улогата на Стопанската комора како институција која ги застапува интересите на сите стопански субјекти членови на Комората, учениците беа запознаени од страна на Лазо Ангелески, виш советник во Стопанската комора на Македонија. Тој преку презентација ги информираше присутните за начинот на функционирањето на Стопанската комора на Македонија, здруженијата, групациите и асоцијациите кои работат во Комората, но и за регионалната покриеност на Стопанската комора и нејзината меѓународна соработка.

РК Битола

Стопанската комора на Македонија оваа година прослави 96 години од своето постоење, секогаш била и е значаен економски  фактор и според редоследот на вредноста се вбројува веднаш по најрепрезентативните политички институции - Парламентот и Владата на РМ.

За улогата на Центарот за едукација и развојот на човечки ресурси, говореше во својата презентација Михајло Донев, соработник во Стопанската комора на Македонија. Тој ги запозна присутните ученици и професори  со начинот на функционирање на овој центар, истакнувајќи дека истиот организира низа едукативни настани, семинари, обуки, презентации, советувања и работилници со цел да го подигне нивото на свест кај носителите на стопанството во нашата земја за професионално обучени кадри. Во својата презентација Михајло Донев говореше и за  Бизнис центарот за тренинг и обука претставувајќи ги модулите за доживотно учење, образованието за возрасни кое обезбедува доусовршување, оспособување, добивање дополнителна квалификација или преквалификација, како и обуките за занимања кои се дефицитарни и за кои постои побарувачка на пазарот на труд, со посебен акцент на практична обука во соработка со реномирани компании. Исто така, пред присутните беше презентиран и Проектот „Образование за вработување во Македонија“ (Е4Е@mk) каде Комората како стратешки партнер е вклучена во компонентата неформално образование во насока на стимулирање на вработувањето преку подобрување на стручните вештини во Република Македонија и усогласување на побарувачката на работна сила адекватно на потребите на пазарот на труд. 

РК Битола

За Excellent SME MACEDONIA, како една од услугите кои Стопанската комора ги реализира за успешните, микро, мали и средни компании во својата презентација говореше Валентина Цветковска, самостоен советник при Стопанската комора на Македонија. Печатот на веб-порталот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење. Стопанската комора на Македонија го издава сертификатот во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг „COFACE“ од Хрватска, за најуспешните мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигури бизнисот и добрите бизнис-пракси, како и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тоа ќе им помогне на клиентите и бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Валентина Цветковска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права