19.04.2018 (Конференција)
ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА ПОМЕЃУ БИЗНИС ПАРТНЕРИТЕ ПРЕКУ УНАПРЕДУВАЊЕ НА АРБИТРАЖНОТО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ - АРБИТРАЖАТА ДЕНЕС: ИНИЦИЈАТИВИ И МОЖНОСТИ-

20.04.2018 (Семинар)
Подобрување на репутацијата и имиџот на компанијата преку брзо и ефикасно решавање на жалби, поплаки и неусогласен производ, системски решенија, вештини и решавање на конфликтни ситуации интерно во компанијата и према купувачите

20.04.2018 (Конференција)
Конференција на тема: „Зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори“ - Можности и предизвици-

23.04.2018 (Работилница)
ВОВЕД ВО РЕЛАЦИОНИ БАЗИ НА ПОДАТОЦИ

23.04.2018 (Семинар)
ОРГАНИЗАЦИЈА И НАДЗОР НА ДОКУМЕНТИРАН СИСТЕМ НА ИНФОРМАЦИИ ВО КОМПАНИЈАТА И ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ

24.04.2018 (Семинар)
МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT)

24.04.2018 (Советување)
Вработување согласно одредбите на Законот за работните односи, разлики помеѓу вработувањето на кандидатите според Законот за работните односи и Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници

26.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Измени во подзаконската регулатива во областа на противпожарната заштита

26.04.2018 (Инфо сесија)
Инфо сесија на тема: Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија

27.04.2018 (Семинар)
ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

30.04.2018 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

30.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БАРАЊА НА СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА, СПОРЕД БАРАЊАТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТАНДАРД ISO 50001:2011 ENERGY MANAGEMENT SYSTEM (ENMS)

08.05.2018 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

12.04.2018


Актуелно  

Oдржано предавање на тема: „БРЕНДИРАЊЕ-ШТО Е БРЕНД?“ во рамки на КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ


          Клубот на менаџери-претприемачи на 12.4.2018 година го реализираше едукативното предавање на тема: „Брендирање - Што е бренд?“, во соработка со Петар Лазаров, консултант за маркетинг/брендинг, продажба, менаџмент, извоз, автор и косопственик на „Македонија-Експорт“. Петар Лазаров со  своето искуство, во развој на македонски брендови и бизниси, се издвојува како еден од ретките предавачи од третата генерација обучувачи, кој своето теоретско и практично искуство го пренесува преку свој уникатен став и практичен пристап во реализација на предавањата.


         Брендот е идентификациски симбол, ознака, лого, име, збор и/или реченица што ја користат компаниите за разликување на нивниот производ од другите. Комбинацијата на еден или повеќе од тие елементи може да се искористи за да се создаде идентитет на брендот. Правната заштита дадена на името на брендот се нарекува трговска марка. Всушност, брендот е еден вид на збир од сите импресии коишто клиент ги добива од сите интеракции со личноста, со производот и со компанијата која го произведува или го застапува производот или услугата.
         Логото на компанијата често ја вклучува пораката, слоганот или производот што го нуди компанијата. Целта е да се направи брендот незаборавен и привлечен за потрошувачот. Компанијата вообичаено се консултира со дизајнерска фирма или тим за дизајн за да пронајде идеи за визуелните аспекти на брендот, како што е логото или симболот.
Откако брендот ќе создаде позитивни чувства кај целната публика, фирмата се вели дека има изградено капитал на брендот. Некои примери на компании со капитал на бренд – коишто поседуваат препознатливи брендови на производи се:  „Microsoft“, „Coca-Cola“, „Mercedes Benz“, „Apple“, „Burger King“ и многу други.
Производите и услугите станаа толку слични што скоро и да не можат да се разграничат едни од други според нивниот квалитет, ефикасност, сигурност, гаранција и грижа. Брендовите додаваат емоции и доверба на овие производи и услуги, со што обезбедуваат индиции коишто го поедноставуваат изборот на потрошувачите. Овие додадени емоции и доверба можат да помогнат во создавање врска помеѓу брендовите и потрошувачите, којашто ја осигурува лојалноста на потрошувачите кон брендот. Брендовите создаваат аспиративни животни навики врз основа на овие односи со потрошувачите. 
Повеќето претприемачи сфаќаат дека брендирањето е клучно за нивниот бизнис, но на големо изненадување многу од нив не знаат зошто. Голем дел од нив ја препознаваат поврзаноста помеѓу успешните бизниси и доброто брендирање, а исто така се стремат  да изградат бренд кој ќе им овозможи сличен успех за нивниот бизнис. И тие сфаќаат дека брендирањето не е само лого, или начин на којшто нивниот бизнис се набљудува од надвор, но само неколкумина сфаќаат дека успешните брендови го всадиле брендирањето во срцето на бизнисот толку многу што тоа претставува клучна основа за неговото успешно функционирање.

         Додека брендовите им зборуваат на умот и срцето, идентитетот на брендот е опиплив и влијае на сетилата. Идентитет на брендот е визуелниот и вербален израз на брендот. Идентитетот го поткрепува, изразува, комуницира, синтетизира и го визуелизира брендот. Тој е најкратката, најбрзата, најуниверзалната достапна форма на комуникација.
Според Лазаров, придобивките кои стратешки дефиниран бренд може да донесе се исти  кога луѓето ќе се вљубат. Кога купувачите ќе се поврзат емотивно - затоа што ги делат истите вредности и верувања со брендот - тоа води до поголема продажба, и подобра диференцијација на брендот. Исто така води и до лојалност, застапување, па дури може и да ја заштити вашата цена кога конкурентите се потпираат на промотивни попусти за да си ја зголемат продажбата.
          Следејќи ги трендовите во европските земји од една, но и потребите и барањата на нашите компании од друга страна, преку Клубот на менаџери-претприемачи се креираше алатка која ги поврзува сите бенефити на едно место и услуги се` со цел поддршка на малите и средни компании во насока на пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, пронаоѓање партнери. Тоа е возможно благодарение на одличната логистика, поврзаност, но и контакти кои Стопанската комора на Македонија ги има  со домашните и странски институции кои нудат информации, анализи, едукација, но и пронаоѓање партнери.

Валентина Цветковска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права