Бизнис-настани

22.11.2018 - 22.11.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

СИСТЕМАТИЗАЦИЈА НА РАБОТНИ МЕСТА, ОДГОВОРНОСТИ И ОВЛАСТУВАЊА, ВРЕДНУВАЊЕ НА РАБОТЕЊЕТО И УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТАТА


Еднодневен семинар:

СИСТЕМАТИЗАЦИЈА НА РАБОТНИ МЕСТА, ОДГОВОРНОСТИ И ОВЛАСТУВАЊА,  ВРЕДНУВАЊЕ НА РАБОТЕЊЕТО И УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТАТА

22.11.2018 година (четврток)
9:30-15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 

          Воспоставувањето коректни односи со вработените не е воопшто едноставно, особено кога се работи за организација со поголем број вработени, каде степенот на директна контрола е помал. Меѓутоа, за исполнување на барањата од оваа област, потребно е воспоставување процедури за секој домен засебно, поставување правила за работење, почитување на законските одредби и одредување начини за одржување и унапредување на човечкиот потенцијал во компанијата. Работодавачот утврдува многу од условите за работа. Условите за работа во голема мера влијаат на квалитетот на животот на работниците и нивните семејства и, исто така на економскиот и социјалниот развој. Систематизацијата на работните места се однесува на сите правни гаранции и организациските политики и процедури за намалување или губење на приходи во случај на повреда на работа, болест, породилно отсуство, старост и инвалидитет.
 
Целта на семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на:

- Подготвителни активности од страна на компанијата;
- Запознавање на раководството на компанијата со барањата на стандардите, целите и очекуваните ефекти, како и со предлог-програмата за воспоставување на системот;
- Анализа на моменталната состојба во компанијата преку ревизија на организациската структура;
- Систематизација на работни места;
- Интерна и екстерна документација;
- Анализа на процесите на работа;
- Начинот на спроведување на активностите;
- Начинот на работа на менаџментот;
- Вреднување на работата;
- Индикатори за мерење на работата;
- Унапредување и системски мерки.


Програма на семинарот:


Дел 01/3:
Работни места, вреднување и унапредување:

- Одговорности и овластувања, систематизација на работата;
- Типови на работни места и модификација на содржината;
- Идентификација на секвенционални овластувања;
- Креирање на организациона структура (матрична, хиерархиска, процесна и слично);
- Потреби на вработените во рамките на работното место;
- Што претставува вистинска мотивација за вработените;
- Договор за вработување на (не)определено време;
- Мотивација, ефикасност и ефективност;
- Разбирање на потребите и желбите на вработените;
- Начинот на планирање на работата;
- Создавање на лојалност;
- Систем на награди/казни во корелација со систематизацијата.

Дел 02/3:
Имплементација на принципи во однос на систематизацијата:

- Принцип на законитост во работењето и принцип на еднаков третман на вработените;
- Принцип на професионално однесување:
  Принцип на професионално однесување;
  Принцип на заемна доверба и соработка;
  Мирно решавање на споровите;
  Принцип на управување на вршење на лични работи;
   Непотребно задржување во меѓупроцесни чекори.
- Принцип на извршување на работните задачи;
- Принцип на економично користење на средствата;
- Принцип на усовршување на работењето;
- Користење на дигитални и интернет алатки.

Дел 03/3:
Некои од придобивките од воведувањето систем за вреднување:

- Финансиските придобивки откриваат можности да се задржи и зголеми уделот на пазарот и намалување на трошоците;
- Управување со синџирот на набавки - подобрени и транспарентни односи со добавувачите;
- Операции - се идентификуваат можностите за зголемување на ефикасноста и намалување на отпадот;
- Човечки ресурси – подобрување на здравјето на вработените, задоволство, продуктивноста и задржување на вработените;
- Маркетинг -  свест за брендот, позиционирање, углед, транспарентност и кредибилитет;
- Продажба - зголемено задоволство на клиентите и нивно задржување;
- Ризик - намален ризик преку сеопфатно управување со ризикот;
- Односи со инвеститори - обезбедување информации, клуч за сегашните и потенцијалните инвестициски одлуки.


Целна група
Управителите/раководителите на секторите за човечки ресурси во компаниите, вработените во компаниите на раководни позиции, како и за сите заинтересирани чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на  ефективно и ефикасно работење, да се информираат со последните актуелности и новини во рамките на креирање на систематизацијата, како и извршните асистенти и раководители кои имаат директно учество во процесот на планирање на ресурси (човечки, технички и останати).

Предавач:
- Михаил Китановски
, интернационален бизнис и менаџмент консултант во 25 земји, со 22-годишно искуство за повеќе од 600 клиенти и воедно управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ – Скопје.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.

Краен рок за пријавување: 20.11.2018 година.     


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права