ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
КОМОРСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ (КИФ)
11.09.2019 👁 Прочитано: 543

ПОДДРШКА ЗА ИЗВОЗНО ОРИЕНТИРАНИТЕ МСП ВО РАМКИТЕ НА КИФ


Сања Николова
м-р Сања Николова,
стручен соработник во Стопанската комора на Македонија
Во насока на имплементирање на веќе започнатите и дефинирање на идните активности на шесте комори од Западен Балкан, изминатите два дена, во Скопје се одржа работилница организирана од страна на Германското друштво за интернационалана соработка - ГИЗ и Коморскиот инвестициски форум (КИФ).

Работилницата беше организирана во рамките на Проектот:  „Зголемување на извозниот потенцијал на малите и средни претпријатија во регионот на 6-те земји од Западен Балкан“, на чијашто имплементација во текот на изминатата година активно работеа сите шест комори од регионот со поддршка на ГИЗ. Целта на Проектот е креирање база на податоци на произведувачи и дистрибутери на производи од агро-секторот, поточно производи од конзервната и преработувачката индустрија, од пазарите во регионот, но и од европските пазари. Со креирањето на заедничка база, коморите од ЗБ6 ќе можат на компаниите заинтересирани за извоз и пласман на своите производи на странските пазари да им обезбедат детални информации за дадените пазари и потенцијалните партнери, со цел олеснување на извозниот процес.

Во моментот Проектот е во завршна фаза, во којашто секоја од шесте комори е задолжена за анализа на домашните пазари и натамошно внесување на потребните податоци во заедничката база на податоци. По комплетирање на базата од страна на коморите и имплементацијата на техничките решенија, се очекува Проектот официјално да отпочне со имплементација кон почетокот на наредната година, а воедно во истиот период и услугата да стане достапна до сите членки на Стопанката комора на Македонија.

Со имплементирањето на овој проект, не само што ќе се олесни поврзувањето на компаниите од регионот на Западен Балкан, туку ќе им се овозможи и  полесен пристап на малите и средни компании од Македонија да ги развијат своите извозни потенцијали и да ги пласираат своите производи и на европските пазари.